логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Епископ Иринеј Екатеринбуршки и Сибирски


УЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА НА ПОСЛУШАНИЕ


Послушанието е сржта на потчинувањето на сопствената волја кон другиот. Но, за да ја потчинам мојата волја кон другиот, мора да ја почитувам таа личност. Ако го слушам некого, потребно е да го љубам. Затоа, родители, треба да се однесувате кон своите деца на начин за да ве почитуваат, бидејќи почитувањето е предуслов за послушание.

Детето природно чувствува особена почит кон неговите родители. Петтата заповед го подржува ова природно чувство. Меѓутоа, што се случува кога детето гледа нешто во неговите родители што провоцира одвратност и одбивност во неговите чувства, кога не е способно да ги почитува нив колку и да сака? Како детето ќе го почитува својот татко ако тој е постојано во алкохолизирана состојба, или својата мајка која навредува и проколнува, или родители кои постојано се расправаат? Кога родителите даваат лош пример, не само што го разнишуваат детското почитување кон нив, туку ги поткопуваат и основите за послушание. Нема ли детето да помисли: „Какви родители сте вие?“
Затоа родителите треба да внимаваат на своето однесување и да избегнуваат сè што ќе го намали почитувањето кон нив. Погрижете се да не се омаловажувате еден со друг, бидејќи на тој начин го нарушувате однесувањето на децата кон вас. Таткото и мајката треба да имаат меѓусебна почит. Тие не смеат да си дозволат недолични разговори, особено пред децата. Не дозволувајте тие да чујат изрази од овој тип: „Секогаш лажеш, исто како татко ти,“ „Кога ќе пораснеш ќе бидеш бескорисен како татко ти,“ или „Ти си расипан како мајка ти,“ „Ти си мрзелив како мајка ти.“ Кога децата ќе чујат вакви зборови, залудно е да барате од нив почит и послушание.
Освен тоа, не дозволувајте си незгодни шеги и игри со децата. Таткото кој по навика изигрува кловн пред децата, не може да очекува да го почитуваат, ниту, пак, тој има некакво право да се пожали за нивното однесување. Тоа не значи дека секогаш треба да бидете сериозни и строги со нив. Секој може да направи разлика помеѓу благата, нежна и привлечна моќ на родителите и лудото кловнување, кое го намалува нивниот авторитет. Децата секогаш ќе чувствуваат најголема почит кон трезвениот и возљубен татко. Еден поглед е доволен за нив, па веднаш да го послушаат.

Сакате ли вашите деца да бидат послушни? Покажете им ја вашата љубов. Не љубов која ќе ги направи попустливи, која ќе ги задоволи сите нивни барања, туку разумна и искрена љубов, која е душеполезна. Кога детето ќе почувствува таква љубов, тоа ќе биде послушно не од страв, туку од почит.

Не бидете рамнодушни кон детската радост и тага! Никогаш не говорете дека децата ви се товар и измачување. Не покажувајте дека секоја жртва од ваша страна за детската среќа е голема и тешка. Секогаш, со волја и со радост, давајте им го на децата она што ќе ви го побараат. Како може малото дете да негодува кога му се дава парче леб? Понекогаш давајте им на децата мало задоволство. Мал подарок на некој празник или на неговиот именден, кога се дава со љубов, ја зајакнува детската љубов.

Привлечете го детското срце кон вас: создадете отворен и доверлив однос со нив. Сомнежот и недовербата ја убиваат љубовта.
Не зголемувајте ја пристојната казна со презрив потсмев или со остар прекор. Една таква случка ќе го стврдне детското срце и ќе изгасне секаква трага од љубовта.
Овие се основните принципи кои треба совесно да ги применувате за да ги учите вашите деца на послушание. Најпрво, привикнете ги да ве слушаат, бидејќи тоа е Божја волја. Грижете се навреме да не се закорени каприциозноста во нив. Не допуштајте ја нивната своеглавост или дрскост кон другите. Не давајте им сè што ќе посакаат. Навикнете ги на самоконтрола и на умереност.
Секогаш барајте од вашите деца да ги извршуваат правилно и навремено работите. Бидете постојани – само еднаш посочете им. Но, за да ви бидат послушни вашите деца, никогаш не велете им да прават нешто што не можат, односно нешто што ја надминува нивната способност. Не бидете каприциозни или своеволни во вашите барања, дозволувајќи им го денес она што сте им го забраниле вчера. Не спротивставувајте се меѓусебно во работи поврзани со децата. Грижете се да ја задржите почитта од децата и избегнувајте сè што ќе ја разниша.

Најпосле, не заборавајте да го повикате Божјиот благослов кога ги воспитувате вашите деца. Тогаш вашите труд, борба и интерес ќе бидат крунисани со успех. Со Божја помош, вашите деца ќе се научат на послушание.

Превод од англиски: Александар Божиноски 

Извор: Православен пат бр.37



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная