СЕЌАВАЊЕТО НА СМРТТА КАКО СРЕТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ БОЖЈИ СТРАВ
Кога ни претстои патување надалеку, за нас, во непозната земја, колку ли само подготов-ки преземаме од секаков вид за да не осетиме не-достаток во било што или да не доживееме нека-ква непријатност! Но, еве, на сите нас ни прет-стои патување во далечните, непознати предели на задгробниот живот од каде што повеќе нема да се вратиме овде. Се подготвуваме ли за овој пат? Таму ќе биде донесена конечна одлука за нашиот удел во бесконечните векови. А ако го земеме во обѕир фактот дека преминот во зад-гробниот живот неретко се случува за момент, тогаш што да кажеме за нашата многузагриже-ност? Почеток на спасението, како и секое дело, е размислувањето за него. Грижите за она секој-дневното, житејското во нас преовладуваат зара-ди тоа што денови и ноќи проведуваме трудејќи се само за земното, така што не си оставаме време да поразмислиме за она што е, според зборо-вите на Спасителот: „единствено потребно"; за-тоа тоа ни останува во заден план и во нас не се раѓа Божји страв, без што, како што велат свети-те отци, не е можно да се спаси душата. Каде што е стравот, таму е покајанието, таму е сесрдната молитва, таму се солзите и се што е добро; каде што нема Божји страв, таму владее гревот, има занес во секојдневната животна пустош, има за-борав на вечноста. Од секојдневното размислува-ње за смртниот час и за вечноста, семето на Бо-жјиот страв продира во душата, за што е неопхо-дно да се присилуваме себеси; затоа светото Е-вангелие и ни кажува дека само подвижниците ќе го добиеме небесното Царство. Како ќе знае-ме во кој час смртта ќе дојде? Можеби тој час е веќе близу, иако ние на него не помислуваме; о-вој премин е страшен, посебно за оние кои не се трудат и не се подготвуваат за него. Тогаш се што е земно за момент за нас ќе исчезне и ќе го снема како што се губи чадот и пред нас ќе се о-твори еден друг свет, подруг живот, за што ќе ни биде потребно само богатство од добри дела и богоугодно живеење.
Да се потрудиме да го спечалиме тоа богат-ство и заедно со мудрите евангелски девојки да се удостоиме да влеземе во одаите не небесниот Младоженец со облечени души во брачно руво. Свети Исак Сириски, боговдахнат раководител на патот кон спасението, кажува дека: „нашиот непријател, ѓаволот, знаејќи колку е спасоносно потсетувањето на смртта, со сите сили се труди тоа потсетување кај човекот да го искорени и, кога би можел, би му ги дал сите богатства на овој свет, само, со разни други грижи да му го из-брише од умот сеќавањето на смртта".