логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Hristos.pantokrator1.jpg

III. "ДА БИДЕ ВОЛЈАТА ТВОЈА КАКО НА НЕБОТО, ТАКА И НА ЗЕМЈАТА"
— е третата прозба.


Се молевме за доаѓање на царството Божјо — царството на идниот вечен живот. Но, додека не дојде тој вечен живот ние треба да се потрудиме на земјава да живееме таков живот каков што им е својствен на небожителите. Пред да Ао\р,е небесното, треба и земјава да ја направиме небо. Да живееме на зем-јава, а да постапуваме, да мислиме и да зборуваме како да се наоѓаме на небо (во небесниот, вечен живот).Тоа значи дека ние, живеејќи на земјава, треба да ги постигнуваме совр-шенствата на небесните сили, на ангелите и светителите. Да бидеме земни жители со небесни постапки и мисли.
Ние, како вистински христијани, треба постојано да ја исполнуваме Божјата волја, а таа е изразена во Божјите заповеди. Значи, постапувајќи според Божјите заповеди ние ја исполнуваме Божјата волја и се спасуваме (1. Тим. 2,4). Затоа треба да постапуваме според зборовите на Свети апостол Павле, кој вели: "Не управувајте се според овој век, туку преобразете се преку вашиот обновен ум, за да можете да познавате, која е добрата, угодна и совршена волја Божја" (Рим. 12,2).
Велиме: "како на небото, така и на земјата", а тоа значи дека молиме од Бога и ние луѓето на земјава, сите да ја извршуваме волјата Божја како што на небото ја извршуваат ангелите и светителите. А, ангелите и светителите на небото со радост, доброволно и целосно својата волја ја покоруваат на Божјата волја и тоа ги прави духовно радосни, односно блажени. За светите ангели и за нивното исполнување на Божјата волја и во Светата Библија се вели: "сите ангели Негови, крепки по сила... сите Негови војски, Негови служители, ...ја исполнувате волјата Негова" (Псалм 102,20-21).
Ние не велиме "да биде волјата Твоја" во мене или во нас, туку "да биде волјата Божја на целата земја", а тоа значи да царува вистината и доброто и така, тогаш земјата нема да се разликува од небото.
Велиме: "Како на небото, така и на земјата". Што значи тоа? Онака како што на небото се се извршува во апсолутна послушност, така и нам на луѓето да ни даде Бог да ја исполнуваме Неговата волја во се, а не половично. Секогаш да постапуваме како што е богоугодно.
Со овие зборови се молиме да исчезне од земјата секое дело што е спротивно на Бога.
Со зборовите "Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата", ние се молиме на земјава, во нашиот живот, волјата наша да биде во согласност со Божјата волја, односно Бог да ни помага, да правиме добри и богоугодни дела, а тоа значи да имаме постојано богољубие и братољубие, вера и надеж, скромност и правичност, да бидеме милостиви и да проштеваме. Значи, се молиме Бог да ни помогне да бидеме добри како што се добри ангелите и светиите.
Затоа светиот апостол Павле порачува и вели: "Браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е Достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!" (Филип. 4,8).
А Свети Јован Богослов советува: "Не сакајте го светот и се што е во него. Ако некој го сака светот, во него нема љубов од Отецот. Зашто, се што е во светот — похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. А светот поминува и похотите негови, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека." (1. Јов. 2,15-17).
Во манастирот "Света Марија Магдалена" во Ерусалим испишани се зборовите: "Да биде волјата Твоја", како поттик или мото на монахињите, дека нивното монашко живеење претставува целосно одрекување од својата волја и исполнување на Божјата волја.
Кога се молиме и велиме: "да биде волјата Твоја", ние не бараме Бог да прави што сака, туку се молиме Бог да ни помогне да можеме ние да го правиме она што го сака Бог, а тоа значи, се молиме и бараме да биде во нас Божјата волја, па нашиот дух и делата наши во се да бидат во согласност со Божјата волја.
— Да биде во мене волјата Твоја, Господи, за да постане бездејствена волјата на ѓаволот.
Така молејќи се, ние искажуваме дека без Бога ние не можеме да ја исполнуваме волјата Божја.
Со зборовите: "Да биде волјата Твоја" ние се обраќаме кон Бога и велиме: "Оче, ние не знаеме што ни е од полза, што е добро и спасоносно. Единствено Ти го знаеш тоа и затоа Те молиме, во се, секогаш и секаде, место нашата, нека се исполнува Твојата волја. Нашата волја може да побара и грешни работи, а Твојата е света. Ние честопати грешни работи посакуваме и тогаш, Господи, Ти не слушај ги нашите молитви, а, еве, целосно се предаваме во Твоите раце и велиме: 'да биде волјата Твоја како на небото, така и на земјата'."
За да се исполни волјата Божја на земјата потребно ли е ние да се молиме или таа може да се исполнува и без нашата молитва и волја? Свети Тихон Задонски порачува: "Волјата Божја се исполнува и без нашата прозба, а се молиме за да можеме и ние да го правиме она што го сака Неговата волја. Не можеме да ја исполниме Божјата волја без Божја помош и без одрекување од својата волја. Најнапред треба да се откажеме и да ја оставиме својата волја, па да живееме свето, чисто, со љубов и во согласност со сите, за да можеме да ја подражаваме и да ја исполнуваме Божјата волја. И блазе на оној, кој совршено ќе се предаде на Божјата волја. Длабок мир ќе се всели во неговото срце и него ништо нема да го тревожи. Секогаш ќе биде свесен дека тој не е значаен, туку Бог, Кој нема никогаш да го остави без благодатната помош. Што и да го снајде во животот, па не дај, Боже, и несреќа или зло, тој молитвено ќе погледне кон небото и ќе повтори "да биде волјата Твоја, Оче наш! Ти се гледаш, се знаеш и нема да ме оставиш, Господи!"
Како што детето е спокојно во прегратката на својата мајка, така е спокојна и душата која е целосно предадена на волјата Божја. И како што детето е послушно на волјата на родителите и се грижи да ги исполни нивните заповеди, така и човекот предаден на волјата Божја, со сето срце се стреми да го дознае и да го исполни се она што на Бога Му е угодно.
Најнапред, треба да ја отфрлиме од себе сопствената зла волја, а потоа да се молиме да дојде и да биде добрата Божја волја.

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.Oce.nash.jpg
Автор: протоѓакон Ратомир Грозданоски - „Господовата молитва“
Издавач: “Магнат”- Скопје
Со благослов на Архепископот  Охридски и Македонски г.г.  Михаил

ПРЕДГОВОР

  Возљубени браќа и сестри,
Голема е тајната и силата на Господовата молитва. Во толку кратка молитва, со малку зборови, содржана и искажана е голема духовна сила на молението.
Ако Бог е Отец на христијаните, тогаш тие не смеат молитвено да Го повикуваат преку молитвата "Оче наш" и Отец да Го нарекуваат, ниту Господовата молитва да ја кажуваат додека не се покаат и не се очистат од гревовите свои, оти така заповедал Свети апостол Павле и рекол: "Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!" (2. Тим. 2,19).
Како можеш да Му речеш на Бога "Оче наш," а живееш недостојно, сиот си во гревови и со својот карактер си станал ѓаволоподобен?
Оние, кои Бога Го нарекуваат Отец и кои се молат со "Оче наш" треба да бидат синови Божји, а синот треба да личи на отецот, треба да биде богоподобен во се: во своите мисли, во своите зборови, во своите чувства и во своите дела.
Ако си грешел, пак, брзо покај се и исповедај ги гревовите свои!
Направи и ти како што направил блудниот и непослушен син (Лука 15, 11-32). Погледни кон себе си и во себе си, согледај го гревот свој и обрати се — врати се кај Бога Отецот, па појди в црква кај свештеникот и пред него и пред лицето Божјо со смирение и покајание признај го и исповедај го својот грев, велејќи: — Оче згрешив против небото и пред Тебе и не сум веќе достоен да се наречам Твој син, но прими ме, оти се каам... (Лука 15,18-19). Тогаш Бог ќе ти прости и ќе те прими со радост.
И дури потоа заедно со сите христијани ќе можеш достојно да ја кажуваш молитвата "Оче наш" и Бога да Го нарекуваш твој Отец, а луѓето да ги чувствуваш како свои браќа. Така ќе имаш во себе вистинско богољубие и човекољубие, а тие се двете најголеми заповеди врз кои се темели целиот Закон и Пророците и преку кои се спасува човекот (Матеј
22,37-40).
Авторот.
  Друго:

Друго:

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва(1)

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва(2)

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (3)

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (4)

 


 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная