"ДА ДОЈДЕ ЦАРСТВОТО ТВОЕ"
— е втората прозба.
Молејќи се со зборовите "да дојде царството Твое", всушност ние го бараме најсовршеното царство (власт) и најсовршениот владетел, а тоа е Бог и Божјото царство.
Под "Божјо царство" ги разби-раме:
1) Црквата Христова, која претставува видливо Божјо царство. Се молиме таа да се распространи по целата земја и да ги опфати сите луѓе;
2) Царството на Божјата благодат, кое треба да дојде во нас и да зацари во нашите срца, и
3) Идното, вечно, Божјо царство
на славата кое ќе настапи по
свршетокот на светот и по Страшниот суд Божји, а ние се молиме да станеме членови на тоа царство.
За царството на Божјата благодат во Светото Писмо се вели: "Царството Божјо е во вас внатре" (Лука 17,20-21). Тоа е духовно царство Божјо и затоа уште се вели: "Царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух" (Рим. 14,17).
Духовното царство на Божјата благодат ќе дојде и ќе завладее, кога на место плотските (телесните) похоти, во нашиот ум ќе се зацари чистота, место гнев — љубов и добрина, место гордост — смирение и кога ќе ги победиме насилствата на телесните страсти и безбројните искушенија, па нема да дозволиме "нашите органи на гревот да станат орудија на неправ-дата," туку органите наши "да станат орудија на правдата" (Рим. 6,13).
Значи, со зборовите: "Да дојде царството Твое", ние се молиме и сакаме во нашите души да добиеме хармонија, единство и усогласеност меѓу разумот, срцето и волјата, како што е вечно единството меѓу Отецот, Синот и Светиот Дух и тогаш ќе имаме "правда, мир и радост" во душите наши, во семејствата наши, во народот наш, во земјата наша и во целиот свет.
Кога ќе видиме дека ова е остварено во нас и околу нас, тогаш ќе знаеме дека дошло царството Божјо.
А, што, зарем Бог не владее со светот и со се што е во светот? Да, Бог е создател на светот и Он владее со светот и со човекот уште од почетокот, па до крајот на земниот живот. Бог е господар на раѓањето и на упокојувањето.
Сепак, Му се молиме на Бога и велиме: "да дојде царството Твое", а значи ли тоа дека не дошло царството Божјо? Тоа дошло, но не кај сите луѓе и не во сите души. А, за тоа виновни се:
1) Оние, кои не го кажуваат "Оче наш";
2) Оние, кои го кажуваат само со зборови, а не и со мисла, и
3) Оние, кои секој ден го
кажуваат "Оче наш" и во него велат
дека го бараат да дојде царството
Божјо, а ете, постојано се грабаат за
царството земно — за богатство и
власт на земјава.
Затоа, секој, кој го сака царството Божјо и се моли велејќи: "да дојде царството Твое", треба да ги презира:
— славата,
— честа и
— богатството.
Инаку, напразно се моли и вели: "да дојде царството Твое".
Поради тоа најпрво треба да се презре земното, па потоа да се пожелува небесното.
Тој треба да има:
— чиста свест
или да ја очисти преку покајание.
Зашто, како би можел некој да го бара доаѓањето на царството Божјо, да се моли и да вели: "да дојде царството Твое", а во совеста да чувствува измачување и грижа за гревовите што ги прави? Тоа 6и значело да ја бара вечната казна врз себе, велејќи "да дојде царството Твое".
Значи, за нас царството небесно започнува уште овде на земјава. Почеток на тоа е постигнувањето благодатен мир во душата. А тој мир
ќе го имаме во нашите души, ако се потрудиме да го очистиме срцето од страстите, ако се ползуваме со светите тајни, ако постигнеме детско смирение и преданост на волјата Божја. Тогаш сами ќе почувствуваме дека сме блиску до царството Божјо. Тогаш и ден и ноќ, со особена духовна радост и задоволство, ќе велиме: "да дојде царството Твое".
Со зборовите "да дојде царството Твое" се молиме и за идното, вечното Божјо царство на славата, кое и без да се молиме, дури и без да сакаме ние, тоа ќе настапи. Но, ние се молиме, Бог, по Неговата милост, да не удостои за тоа вечно царство, а тоа значи, кога се молиме и велиме: "да дојде царството Твое" ние искажуваме увереност во Второто Христово пришествие" и уште, искажуваме вера дека тогаш ние ќе бидеме со оние, на кои ќе им биде речено: "Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот" (Матеј 25,34). Кажувајќи ја молитвата "Оче наш", со зборовите "да дојде царството Твое" како да велиме: — Господи, да дојде и за нас царството Твое, кое ќе дојде за Твоите свети и праведни и за сите светии (всвм СВНТУМ"В).
Оти, за некои нема да дојде царството Божјо, иако тоа ќе дојде. Тоа ќе биде како да не дошло или подобро да не дошло за оние, на кои тогаш ќе им биде речено: "Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели" (Матеј 25,41).
Затоа грешникот не сака да ја кажува молитвата "Оче наш" и не се моли за доаѓање на царството Божјо, бидејќи тој не го сака неговото доаѓање, оти него тогаш го очекува казна. Праведникот, пак, се моли тоа царство Божјо да дојде побрзо, та да се ослободи од сегашните искушенија и да се успокои.
Ние се молиме за поскоро пришествие (доаѓање) на тоа царство, за да можеме да влеземе во него — "да влеземе во оној вечен спокој" (Евр. 4,11). Се молиме да не даде Бог тоа да дојде, а да не биде за нас. Затоа молитвено бараме, Бог, нашиот Отец небесен, да не направи достојни за Неговото царство.
Свети Јован Богослов во Откровението вели: "Под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и за сведоштвото, што го имаа и викаа со висок глас, велејќи:, До кога Владико, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние, што живеат на земјата'?" (Откр. 6,9-10). Затоа ние се молиме велејќи: — Господи, "да дојде царството Твое" наскоро.
Доаѓањето на царството Божјо е желба на христијаните, а забуна за незнабошците. Тоа е слава и тор-жество за ангелите, очекување на светиите, конечна победа и суд на демонските сили, престанување на борбата меѓу духот и телото, меѓу духовното и материјалното.
На чистата душа својствено И е со стравопочит да изговара: "да дојде царството Твое", бидејќи, секој што ги послушал зборовите на апостол Павле, кој вели: "Гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади" (Рим. 6,12) и се очистил, па има чисти дела, добри мисли и зборови, тој спокојно и со радост ќе Му рече на Бога: "да дојде царството Твое".
(Продолжува)
Подготви: Стојанка Тежак
Автор: протоѓакон Ратомир Грозданоски - „Господовата молитва“
Издавач: “Магнат”- Скопје
Со благослов на Архепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил
ПРЕДГОВОР
Возљубени браќа и сестри,
Голема е тајната и силата на Господовата молитва. Во толку кратка молитва, со малку зборови, содржана и искажана е голема духовна сила на молението.
Ако Бог е Отец на христијаните, тогаш тие не смеат молитвено да Го повикуваат преку молитвата "Оче наш" и Отец да Го нарекуваат, ниту Господовата молитва да ја кажуваат додека не се покаат и не се очистат од гревовите свои, оти така заповедал Свети апостол Павле и рекол: "Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!" (2. Тим. 2,19).
Како можеш да Му речеш на Бога "Оче наш," а живееш недостојно, сиот си во гревови и со својот карактер си станал ѓаволоподобен?
Оние, кои Бога Го нарекуваат Отец и кои се молат со "Оче наш" треба да бидат синови Божји, а синот треба да личи на отецот, треба да биде богоподобен во се: во своите мисли, во своите зборови, во своите чувства и во своите дела.
Ако си грешел, пак, брзо покај се и исповедај ги гревовите свои!
Направи и ти како што направил блудниот и непослушен син (Лука 15, 11-32). Погледни кон себе си и во себе си, согледај го гревот свој и обрати се — врати се кај Бога Отецот, па појди в црква кај свештеникот и пред него и пред лицето Божјо со смирение и покајание признај го и исповедај го својот грев, велејќи: — Оче згрешив против небото и пред Тебе и не сум веќе достоен да се наречам Твој син, но прими ме, оти се каам... (Лука 15,18-19). Тогаш Бог ќе ти прости и ќе те прими со радост.
И дури потоа заедно со сите христијани ќе можеш достојно да ја кажуваш молитвата "Оче наш" и Бога да Го нарекуваш твој Отец, а луѓето да ги чувствуваш како свои браќа. Така ќе имаш во себе вистинско богољубие и човекољубие, а тие се двете најголеми заповеди врз кои се темели целиот Закон и Пророците и преку кои се спасува човекот (Матеј
22,37-40).
Авторот.
Друго:
Друго:
Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва(1)
Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва(2)
Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (3)