логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Carig.HRISTOS.jpg

IV. "ЛЕБОТ НАШ НАСУШЕН ДАЈ НИ ГО ДЕНЕС"
— е четвртата прозба.

 

Од почетокот во молитвата "Оче наш", особено по зборовите "Кој си на небесата" бевме вивнати високо во духовниот — небесниот свет и во првите три прозби се молевме за Божјото име, за Божјото царство и за Божјата волја, а сега, по зборовите "... така и на земјата", се симнуваме и започнуваме да се молиме за потребите од земниот живот.
Како што вели Господ Исус Христос: "Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда и се ова ќе ви се придаде " (Матеј 6,33).
Првите три прозби од молитвата "Оче наш" беа моленија за небесни дарови, а сега Господ Исус Христос, еве, како Богочовек, ги има предвид и нашите телесни потреби, па затоа во содржината на оваа молитва го внел и барањето "леб" за животот.
Зошто Господ заповедал да се молиме и да велиме "лебот наш", а не "лебот мој," и "дај ни го нам", а не "мене?"
Како што не велиме "Оче мој", така не велиме ни "лебот мој", туку "НАШ". Тоа значи дека се молиме и за нашите ближни, а не егоистички само за нас. Тоа од нас го бара христијанската љубов и ние треба да се грижиме не само за нас, туку и за ближните.
Со зборовите "лебот наш насушен дај ни го денес" ние искажуваме дека без Божјата милост не можеме да живееме ниту еден ден на земјава. Затоа треба секогаш да се надеваме на Бога и на Неговата помош (Матеј 6,25-32).
Под зборот "леб" се подразбира се што е потребно за одржување на телесниот живот и здравје.
Господ Исус Христос рекол "лебот" затоа што лебот е основа во исхраната на Исток, како и кај нас (5. Мој. 8,3).
Арамејскиот збор "АЛАКХАМА" не значи само леб, туку и храна, во поширока смисла.
На Исток ниедна трпеза не се смета за целосна, ако на масата нема леб и никој не може да рече дека го нахранил гостинот, ако не му дал леб, па било каква друга храна да му дал.
Кога повикуваат некого на трпеза, велат: "Дојди, да јадеш леб со мене". Ова и кај нас, меѓу нашиот народ се употребува, па некаде се вели: "Ајде да јадеме леб". И така, поимот "леб" е израз за сета храна.
Блажени Августин под зборот "леб" го разбира неопходното јадење, пиење, облекување и живеење. А, Свети Григориј Ниски вели: "Кажи му на Оној Кој 'прави да расте трева за добитокот и растение за потреба на луѓето, за да произведат леб од земјата' и 'Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенија за полза на човекот, на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат' (Псалм 103, 14-15; 146,8-9), Кој 'исполнува се што е живо со сите негови потреби и Кој дава храна на секое тело' (Псалм 144, 16; 135,25), Нему речи Му: — Ти ми го даде животот, Ти дај ми и средства за негово одржување — 'лебот наш насушен дај ни го денес'."
Со зборот "насушен" или по-требен, ние го бараме најнеопходниот леб, потребен за нашиот овдешен живот, односно потребната храна и облека и со тоа покажуваме скромност (1. Тим. 6, 8) .
"Насушен" значи оној што го одржува   во   суштество телото, односно што овозможува да суштествува човекот во живот.
"Насушен" значи и секојдневен, во смисла во текот на целиот живот.
Со зборовите "дај ни го денес", ние се молиме Бог да ни даде се што е потребно за денес, за овој ден, а за утре Бог знае дали ќе сме живи и што ќе биде. Така молејќи се, ние бараме секој ден Господ да не не остава без потребното, а Он знае колку денови ни дал, па толку и храна ќе ни даде, односно да ни овозможи да заработиме и да имаме во тие денови. Господ Исус Христос во Своето Свето Евангелие вели: "Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба" (Матеј 6, 31-32). И на друго место во Светата Библија се вели: "Господ не допушта да гладува душата на праведникот" (Изреки 10,3). А пророкот Давид вели: "Бев млад, веќе остарев, и не видов оставен праведник, ниту потомците негови леб да просат" (Псалм 36,25).
Зборот "денес" е со значење секојдневно, како што рекол Свети апостол Павле: "секој ден, додека се вели: 'денес' (Евр. 3,13). Тоа значи во текот на овој наш живот на земјава, бидејќи по овој живот, во идниот — вечен живот ние ќе бидеме сити и заситени со духовна храна. Тогаш ќе нема сменување на времето и ќе нема денови, туку ќе трае вечноста, па за таму не важи "денес".
Ние, пак, бидејќи може секој ден да умреме, се молиме, Господ да не чува од непотребна грижа и од прекумерни желби за собирање богатства за неизвесното утре, односно за недогледна иднина. Кажувајќи ги зборовите "лебот наш насушен дај ни го денес", Бог не учи да не се молиме за прекумерни богатства, за раскошни и за богати трпези, за вкусни вина и се што го засладува јазикот, а го оптоварува желудникот, што го помрачува умот и што му помага на телото да ја победува душата. Не се молиме за златни дворци и за драгоцени камења, не за власт над народите, не за световна слава или нешто друго што ја оддалечува душата од Бога, туку го бараме лебот, односно основните потребности.
Бог не учи да не се оптоваруваме во мислите за телесен раскош и непотребности, па да не заприлегаме на неразумниот богат човек за кого се зборува во Светото Евангелие (Лука 12,16-20). Тоа не значи дека треба да го презираме имотот и богатството, туку да не бидеме прекумерно лакоми за богатството, оти тоа лакомење е погубно за душата наша.
Свети Григориј Ниски вели дека Господ Исус Христос со зборовите "лебот наш насушен дај ни го денес" како да ни вели: "Луѓе, престанете да се со суетни желби. Не и е многу потребно на човековата природа...„

Светиот апостол Павле, пак, вели: "Голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себеси. Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме. Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни" (1. Тим. 6,6-8).
Молејќи Го Бога за "лебот наш насушен" покажуваме умереност,
како и тоа дека ние "јадеме за да живееме, а не живееме за да јадеме". Првото е обележје и му прилега на човекот, како на разумно суштество, а второто им прилега на бесловесните и неразумни животни.
Дали Бог им го дава "лебот" и се што им е потребно во животот само на оние кои му се молат и велат: "лебот наш насушен дај ни го денес"?
Бог по Својата добрина, им го дава потребното и на оние, кои не го исповедуваат Неговото име — и на атеистите и антитеистите. Но, ние христијаните, должни сме со вера, молитвено да ги бараме од Бога сите добрини, како деца од својот родител. Со тоа ќе покажеме дека се што ни е потребно во животот го почитуваме како дар од Бога и го добиваме според Божјата волја, искажувајќи благо-дарност (Псалм 144,15-16; Изреки 30,8).

Скромно и правилно христијански е кога, во молитвата, од Бога не бараме раскош и богатства, ниту златни накити, туку само неопходното: леб за нахранување, вода за пиење, воздух за дишење, облека за покривање на грешното тело и покрив над главата, т. е. ги бараме најнеопходните работи за нашиот живот на земјава. Дај ни го тоа, Оче наш, не како дар без труд, туку дај ни можност и сили, со пот на лицето, чесно, сами да си го заработиме лебот, со праведен труд и залагање (2. Сол. 13,12; 1. Мој. 3,19).
Овде, велат светите отци, се мисли на два вида леб: материјален и духовен, бидејќи човекот е од тело и од душа. Како што телото има потреба од храна, така и богоподобната душа треба да се храни. Затоа човекот треба да се грижи како за телесната, така и за духовната храна.
И двата леба ги добиваме по Божја милост. Материјалниот по Божји благослов се добива од земјата, а духовниот од небото. Првиот е за храна на телото, а вториот за душата.
Под духовен леб светите отци ги разбираат:
1) Божјата спасоносна наука, словото Божјо преку кое се храни душата човекова со Божјите вистини, бидејќи Исус Христос рекол: "Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога" (Матеј 4,4). И уште додал: "Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за живот вечен" (Јован 6,27);
2) Божјата благодат, која преку светите тајни на Црквата доаѓа во душата на луѓето и ја храни и напојува;
3) Светата Причест, за која Спасителот рекол: "Јас сум лебот на животот... Моето тело е вистинска храна и Мојата крв — вистинско питие" (Јован 6,35-58);
4) Господ Исус Христос е "лебот наш", бидејќи Он е нашиот живот и леб на животот, како што самиот вели: "Јас сум живиот леб" (Јован 6,51) и "Јас сум лебот на животот" (Јован 6,35), "зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот" (Јован 6,33).

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.Oce.nash.jpg
Автор: протоѓакон Ратомир Грозданоски - „Господовата молитва“
Издавач: “Магнат”- Скопје
Со благослов на Архепископот  Охридски и Македонски г.г.  Михаил

ПРЕДГОВОР

  Возљубени браќа и сестри,
Голема е тајната и силата на Господовата молитва. Во толку кратка молитва, со малку зборови, содржана и искажана е голема духовна сила на молението.
Ако Бог е Отец на христијаните, тогаш тие не смеат молитвено да Го повикуваат преку молитвата "Оче наш" и Отец да Го нарекуваат, ниту Господовата молитва да ја кажуваат додека не се покаат и не се очистат од гревовите свои, оти така заповедал Свети апостол Павле и рекол: "Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!" (2. Тим. 2,19).
Како можеш да Му речеш на Бога "Оче наш," а живееш недостојно, сиот си во гревови и со својот карактер си станал ѓаволоподобен?
Оние, кои Бога Го нарекуваат Отец и кои се молат со "Оче наш" треба да бидат синови Божји, а синот треба да личи на отецот, треба да биде богоподобен во се: во своите мисли, во своите зборови, во своите чувства и во своите дела.
Ако си грешел, пак, брзо покај се и исповедај ги гревовите свои!
Направи и ти како што направил блудниот и непослушен син (Лука 15, 11-32). Погледни кон себе си и во себе си, согледај го гревот свој и обрати се — врати се кај Бога Отецот, па појди в црква кај свештеникот и пред него и пред лицето Божјо со смирение и покајание признај го и исповедај го својот грев, велејќи: — Оче згрешив против небото и пред Тебе и не сум веќе достоен да се наречам Твој син, но прими ме, оти се каам... (Лука 15,18-19). Тогаш Бог ќе ти прости и ќе те прими со радост.
И дури потоа заедно со сите христијани ќе можеш достојно да ја кажуваш молитвата "Оче наш" и Бога да Го нарекуваш твој Отец, а луѓето да ги чувствуваш како свои браќа. Така ќе имаш во себе вистинско богољубие и човекољубие, а тие се двете најголеми заповеди врз кои се темели целиот Закон и Пророците и преку кои се спасува човекот (Матеј
22,37-40).
Авторот.
  Друго:

Друго:

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва(1)

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва(2)

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (3)

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (4)

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (5)

 


 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная