логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ВЕЧЕРНА


На Господи, повикав, стихири, глас 2.

Со какви пофални венци да ги овенчаме Петра и Павла? Разделени телесно, а соединети духовно, први меѓу проповедниците на Бога; едниот како началник на апостолите, а другиот како оној што се потруди повеќе од другите, зашто нив, навистина, достојно, со бесмртна слава ги овенчува Христос нашиот Бог, Кој има милост голема.


Со какви распеани добрини да ги воспееме Петра и Павла? На крилјата од богопознанието ги прелетаа краиштата (на земјата); со рацете му послужија на Евангелието на благодатта; со нозете (патуваа) заради проповедање на Вистината; тие се реки на премудроста, раце на крстот. Христос, Кој има милост голема, со нив ја скрши горделивоста на демоните.


Со какви духовни песни да ги пофалиме Петра и Павла? Тие беа страшните мечеви на Духот, кои ги затвоија устите на на безбожниците; на Рим светли украси, на целата вселена – хранители; духовни таблици на Новиот Завет од Бога напишани, што во Сион ги повика Христос, Кој има милост голема.


Слава, глас 4.

Со трикратното прашање: Петре, љубиш ли ме? Христос го исправи трикратното одрекување. Затоа Симон Му одговори на Тајновидецот: Господи, Ти знаеш сѐ, знаеш и дека Те љубам. А Спасителот му рече: Паси ги овците мои, паси ги избраните мои, паси ги јагнињата мои, на кои со мојата Крв им обезбедив спасение. Него моли Го, богоблажени апостоле, да ни дарува милост голема.


И сега, Богородичен.

На Оној што направи големи (работи) заради тебе – Богородице, богоотецот пророк Давид со песна Му возврати: Царицата застана од Твојата десна страна, бидејќи Мајка и посредница на Животот те направи Бог, Кој благоволи да се вочовечи од тебе, и пак да го обнови својот извалкан образ од страстите и, откако ја најде загубената овца во гората и ја зеде на рамо, да ја врати при Отецот, и по Своја волја да ја присоедини кон небесните сили и да го спаси светот, Христос, Кој има милост изобилна и голема.


УТРЕНА

Тропар, глас 4.
Првопрестолници на апостолите, и учители на вселената, Господарот на сите молете Го, да ѝ дарува мир на вселената, а на душите наши - милост голема.


По првата катизма, седален, глас 8.

Откако ја остави бездната на ловењето, и од небото го прими од Отецот Божјото откровение за воплотувњето на Словото, со смелост и со вера Му повика на твојот Создател: Знам дека си едносуштниот Син Божји. Затоа достојно и навистина се покажа како камен на верата и клучар на благодатта, Петре апостоле. Моли Го Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот чесен спомен.

Слава, глас 1.

Достојно да ги прославиме, верни, каменот на Црквата, сефалениот Петар, зашто ги има клучевите од небото, и поборникот Павле, кој во своите мрежи го улови светот, бидејќи од нив се просветли вселената со верата во (Света) Троица. Слава Му на Оној што вас ве просветли! Слава Му на Оној што ве поткрепи! Слава Му на Оној што заради вас живот вечен ни дарува.

И сега, Боогородичен:

Твоите божествени раце, со кои си Го носела Создателот, Дево Пресвета, воплотен со Божеството, рашири ги и помоли Го да се избавиме од искушенија, страдања и неволи, ние кои со љубов те фалиме и кон тебе викаме: Слава на Оној што се всели во тебе, слава на Оној што излезе од тебе, слава на Оној што нѐ ослободи со твоето раѓање.

По втората катизма, седален, глас 8.

Откако од небото го прими позивот на Христа, се јави проповедник на Светлината, и со благодатта на учењето ги озари сите, бидејќи служењето на писмото во Законот го избриша, и со разумот на Духот ги озари верните. Затоа беше издигнат и до третото небо и во рајот стигна, Павле апостоле! Моли Го Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот чесен спомен.


Слава, глас 4.

Со јасна светлина, како ѕвезди, со учењето на светата проповед, ги просветлувате краиштата на земјата, небесни тајници, Господови апостоли!


И сега, Богородичен.

Топлата застапница на оние што се во неволи, нашата помош и наше измирување со Бога, со чија помош се избавивме од распадливоста, Богородица, ние верните да ја наречеме блажена.


Седален, глас 8.

Да ги восфалиме врховните ученици, великите и светли светилници, Петра и премудриот Павле, бидејќи тие засветлија со огнот на божествениот Дух и ја изгореа сета магла на прелеста. Затоа тие се покажаа достојни граѓани и на Царството небесно и на благодатта сопрестолници. Поради тоа викаме: Апостоли на Христа Бога: Испросете прошка на гревовите, на оние што со љубов го празнуваат вашиот свет спомен.

Слава, и сега, Богородичен.

Како сенепорочна невеста на Творецот, како неискусомажна Мајка на Избавителот, како засолниште на Утешителот, Сепеана, мене кој сум нечисто живеалиште на беззаконието, и во разумот игралиште на демоните, побрзај да ме избавиш од овие злодела, и направи ме светло живеалиште на добродетелите, ти која си нетлена и светлоносна. Изгони го облакот на страстите, и удостој ме за небесното заедничарење и за незаодната светлина, со твоите молитви.

 Ипакој, глас 8.

Која темница не те имаше тебе за (свој) затвореник! Која, пак, Црква не те имаше за проповедник! Дамаск мудрува на големо за тебе, Павле, зашто те виде препнат од Светлината; Рим ја прими твојата крв и се фали со неа; но и Тарс многу се радува и те љуби, почитувајќи ги твоите пелени. Петре, камену на верата! Павле, похвало на вселената, дојдете од Рим и утврдете нѐ!

Кондак, глас 2.
Сигурните и богогласни проповедници, врвот на апостолите Твои, Господи, си ги примил во наслада и покој на Твоите добра, бидејќи нивните страдања и смрт си ги примил подобро од секоја првина, Ти, Кој единствен знаеш да ги читаш срцата на луѓето.


Икос: Направи го јасен мојот јазик, Спасителе мој, рашири ја мојата уста и наполни ја; разнежни го срцето мое, за да го исполнувам она што го зборувам, и тоа што го предавам, прво да го извршувам, бидејќи е голем само оној што го твори она што учи и зборува. Ако, пак, говорам, а не творам, тогаш ќе бидам како бакар што ѕвечи. Затоа, дај ми да го кажувам она што прилега, и да го првам она што е полезно, Ти Кој единствен знаеш да ги читаш срцата на луѓето.

Светилен.

Да го воспееме сите врвот на апостолите, божествените Петар и Павле, светилници на вселената, проповедници на верата, труби на Божјата наука, толкувачи на учењата, столбови на Црквата и разорители на лагата.

Слава, глас 6.

(Од Козма монах): Дојде сечесниот празник на апостолите на Црквата Христова, кој ни предлага спасение на сите. Затоа, ракоплескајќи духовно, да им речеме: Радувајте се, светилници кои, оние што се во темнина, ги осветливте со зраците на мисленото Сонце! Радувајте се, Петре и Павле, пријатели Христови и садови чесни, непоколебливи темели на божествените учења! Дојдете меѓу нас невидливо и удостојте нѐ за духовните дарови, нас кои вашиот празник со песни го славиме.

И сега:

Богородице, ти си вистинска лоза која ни Го израсна Плодот на животот. Тебе ти се молиме: Моли се, Владичице, со светите апостоли, да ги помилува душите наши.

 

Подготви: Т.С.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная