логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Свети Теодор Студит


Поученија за монаси


232.


1.  Господ ветил дека ќе испратил друг Утешител, а тоа го исполнил на Светата Педесетница. Колку е ова големо! – 2. Како да благодариме? Да Го исповедаме големиот Цар и да се воодушевиме за извршување на секое добро; да се бориме против сѐ што е страсно и телесно; во секоја неволја – утехата да ја бараме само од Господа. – 3. Да бегаме од сѐ што Му е неугодно на Бога.



1.    Ја празнуваме Педесетницата и слегувањето на Светиот Дух, за што говори Господ, велејќи: „Подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го пратам. А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати на секоја вистина: но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже вистината“ (Јован 16, 7-13). Какво е ова ветување! Со колку нешто големо сме удостоени! Спасителот не ни ветил дека ќе ни испрати ангел, или човек, туку Самиот Дух, Кој има иста суштина на Него. Па така, Единородниот Божји Син ја извршил работата на Отецот, се вознел на небото, а Светиот Дух слегол. Не слегол при нас друг Бог. Не, тоа никако, туку друг Утешител, како што е напишано. О, неискажливо човекољубие! Самиот Бог е наш Утешител! Он ја утешува натажената и измачена душа: и дава сила да не очајува во тешките прилики, како што сведочи и апостолот, велејќи: „Бевме во маки: однадвор напади, одвнатре страв. Но Бог, Кој ги утешува смирените, нѐ утеши“ (2. Кор. 7, 5). Он го утешува срцето, исплашено со демонските стравувања, го издигнува преку смела надеж кон непобедлива храброст, како што сведочи светиот Давид, кој вели: „Покажи со мене чудо за добро, па да видат оние, што ме мразат, и да се засрамат, зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши“ (Псал. 85, 17). – Утешителот го одушевува смутениот ум, му дава мир со Бога и тој се смирува, како што сведочи апостолот, велејќи: „Ние сме пратеници место Христа, како Бог да зборува преку нас.  Ве молам во името на Христа помирете се со Бога!“ (2. Кор. 5, 20). Ја гледаш ли несфатливата Божја снисходливост? Го гледаш ли неспоредливиот дар? Горе е Единиот Син Божји, Кој се застапува за нас пред Отецот, како што е напишано: „Кој е од десната страна на Бога, и Кој се застапува за нас“ (Рим. 8, 34). А Светиот Дух долу утешува на најразлични начини.



2.     Како да Му благодариме за ова на Господа? Ни останува само да ја запееме песната од псалмите и да извикуваме: „Сите коски мои ќе речат: Господи, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од силен, беден и сиромав од грабителите нивни?“ (Псал. 34, 10). И пак: „Помошта наша е во името на Господа, Кој ги создаде небото и земјата“ (Псал. 123, 8). И уште: „Да не ми беше помогнал Господ, душата моја ќе се преселеше во адот“ (Псал. 93, 17). И: „Господ е мој помошник, нема да се уплашам: што може да направи човек?“ (Псал. 117, 6). Имајќи Го Светиот Дух, непобедливата сила, Големиот Заштитник – Бога и Помошникот, да не се плашиме од непријателот и од спротивните сили, а имајќи го Него за закрилник, да побрзаме храбро да се зафатиме со подвижнички и исповеднички борби, и дење и ноќе, не измамувајќи се со измамите на ѓаволот не попуштајќи под неговите непрестајни напади, да ја изгасиме телесната љубов, која го исполнува како со оган домот на нашата душа.



Ве уверувам, дека тоа не е задоволство, туку дека е опасна болест, дека не е сласт, туку е застранување на умот и негово помрачување. Ова го знаат оние што го скротиле телото, што ја измиле неговата нечистотија и кои се прилепиле кон Единиот Бог со сето свое срце. А што е она што е најслатко и најпосакувано? – Оној што го добил него, тој и во телото е над телото, во светот е, а е и над светот: живее овде во овој свет, а е и над него. Во тоа се брановите на благодатта, кои се подигнуваат од поддувнувањето на Духот; ја исполнуваат со спокој душата, колку е тоа можно.



3.    Зошто дозволуваме сластољубието да нѐ победува и да нѐ изменува толку многу, така што сме прилепени за земјата, за телото и за крвта, и целосно сме се отуѓиле од нашиот предобар Бог? – Да бегаме од секоја страст, од среброљубието, од изворот на предавството: да бегаме од неверувањето кое нѐ одвојува од општењето со Бога. Да бегаме и од секоја друга страст, која ја напаѓа нашата душа; од гневот, зависта, самољубието, самоувереноста, за да не нѐ најде смртта неподготвени и да нѐ отуѓи од Бога, зошто отуѓувањето од Бога е отуѓување и од царството небесно. Од ова нема да избегаат оние што го прават она што не Му е угодно на Бога. Да го избегнеме гневот што нѐ очекува; да почнеме постојано да Му угодуваме на Бога. – Да се обновиме себеси и да ги очистиме нашите души! Бидете храбри, Господ е близу до сите што Го повикуваат.


 

 



Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ, Том IV.

 

Друго:

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

26-ти мај 2018 лето Господово

 

 

Друго:

 

  • Поуки од Светите Отци



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

« »

Православен календар

 

14/01/2026 -среда

Обрезание на Господ Исус Христос; Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски;( Нова година)

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 15 јануари/2 јануари 2026

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 15 јануари/2 јануари 2026

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Тропар на Обрезание Господово 14 јануари/ 1 јануари /  2026

Тропар на Обрезание Господово 14 јануари/ 1 јануари / 2026

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 13 јануари/31 декември  2026

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 13 јануари/31 декември 2026

О, блажен си ти Зотик,тврдино на верата, уподобен на милосрдието,од Христа се поучи во човекољубието,болните, губавите и отфрлените, тебе во...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная