Беседа за љубовта
Колку и да се правиме силни ,јаки ,паметни ,самоуверени или пак безгрешни ,доага во секој од нас ,момент, кога потклекнуваме на вистината и самите си признаваме дека навистина љубов ни е потребна за да успееме во овој живот , во овој свет…,, љубовта е единственото нешто кое што не одржува во живот,и таа не престанува никогаш.,,љубовта е долготрпелива,полна со добрина,љубовта не завидува,љубовта не се превознесува,не се гордее(и кор.13,4). И двете најголеми христијански заповеди што ни ги дал нашиот Господ Исус Христос се однесуваат на љубовта ,на љубовта кон Бога ,кон нашите ближни, кон самите себе си. Љубовта се радува на вистината(2 кор13,6).само вистината може да не покаже победници до крај ,и само таа може да ни дарува сила, поткрепа и во нас самите а и поткрепа во нашите блиски , роднини и пријатели.само ако вистински се однесуваме спрема оние околу нас ќе покажеме љубов, ќе покажземе искреност, а и тие ќе почнат вистински да не почитуваат и да не сакаат.Многу е тешко во овој огревовен свет да најдеме љубов од другата страна и да најдеме личност која ќе не цени која ке размислува како нас која ќе ни даде до знаење дека навистина очи во очи можеме да поразговараме со таква личност. Зборувам за љубов-а не за страст. Зборувам за љубовта на Христос воскреснатиот ,која Тој ни ја покажал на нас луѓето, за љубовта на Христос распнатиот кој од љубов спрема нас претрпе крстни маки и ни покажа како треба да се однесуваме спрема нашите ближни,и спрема сите околу нас , спрема оние што не мразат и спрема оние на кои многу им значиме. Могупати нашиот помрачен ум може да дејстува спротивно од вистината , многупати знаејќи што е добро за нас го прекршуваме правилото и се свртуваме кон забранетото,кон она сто ни е душепогубно,но мора да признеме и ние слатко.Точно е дека она што ни е забрането и ние најслатко, но уште поточно е дека тоа пак ни е и за осуда. Љубовта никогаш не престанува(2 кор.13,8).никогаш нема да заврши венецот на љубовта и нема да има крај , затоа што венцот нема крај , кругот нема крај , тој е апсолутно вечен,се друго што и да е престанува , трае некое време и пак го однемува .Се едно нешто во животот може да го исфрлиме напред и да го имаме напред пред нас да се гордееме со тоа, но кратко време и потоа пага во вода , паѓа во бездна ,и можеби никогаш нема да го имаме .Љубовта не е таква .Во љубовта нема гордост , нема посилни и послаби работи -љубовта е еднаква секогаш и на секое место , а и да сакаме ние спрема некој да зголемиме нашата љубов , ќе погрешиме во тоа и тоа ке помине во страст а потоа последиците се катострофални. Искрената љубов никого не навредува никого не потценува , ниту пак на некого му се срди.Љубовта пред се треба да биде делотворна, проследена со дела, кои вистински ке ги спроведеме во овој живот. Ако сакаме да живееме убаво треба пред се основно да се помириме со фактот дека преку љубовта се почнува и праку неа се и завршува. Ако љубов немам ништо не сум ,,(2 кор.13.2).амин.
Отец Душко Пецов-парох истибански(виница)