Премин Портал

Кожувчанка


Соочен со новото време, новото секојдневие и новите генерации деца и ученици, постојано ми се врти во главата прашањето: како дојде до вакво разнебитување на личноста на децата и младите?
            Размислувајќи за многуте аспекти што сметам дека придонеле за оваа состојба, последно што ми дојде на ум е улогата на современите родители.
Мислам дека, покрај образовниот систем, за кој повеќепати сум рекол дека е загушлив и лош, еден од проблемите е и тоа што во секојдневниот живот премногу очекуваме од децата. Очекуваме, пред сè, да бидат послушни, да не вреват и да не ни пречат. Очекуваме да учат сè што е битно, но и небитно. Очекуваме да одржуваат ред и хигиена, и во својот простор и во околината. Очекуваме, покрај шест - седум часа поминати во училиште, да посетуваат и продолжена настава. Очекуваме да бидат вклучени во многубројни воншколски активности – музика, спорт, јазици, танц, глума итн.
Притоа, сè повеќе ги занемаруваме нивните потреби за слобода, игра и спонтаност. А кога ќе погледнеме подобро, во сето тоа има и доза лицемерие. Ние, возрасните, сакаме да бидеме слободни, да испиеме кафе на раат, да прошетаме, да се дружиме, да прескокнеме некој час или ден на работа, да скроламе по социјалните мрежи и едноставно да имаме време за себе. Ние можеме, тие не.
             Разбирам каква штета може да предизвика дигиталната технологија, но мислам дека, за да не бараат децата прибежиште во таа таканаречена „дигитална слобода“, треба најпрво да им овозможиме малку повеќе вистинска, лична слобода.

Преголемиот притисок е најчесто бегство а подоцна емоционално нарушување.

            На пример, ние како деца имавме по три до четири часа настава до четврто одделение, а најмногу пет до шест часа до осмо одделение. Во нашето средно музичко училиште имаше две смени: првата завршуваше во 13:30 часот, а потоа започнуваше втората. Денес, учениците имаат и по дванаесет часа настава во една смена, од 7:30 до 15:30 часот. Кога бев дете, имав време да се одморам дома, да си поиграм, да вежбам на инструментот. Денес, децата што доаѓаат во втора смена во нашето музичко училиште едвај наоѓаат време, покрај таквата образовна агенда, да вежбаат од час до час. Така, часот често се сведува на обична прошетка низ наставниот процес, наместо на вистинска работа и напредок.
А да не зборуваме дека многу деца денес имаат по некоја организирана активност речиси секој ден. Како во сето тоа да најдат време за себе, за досада, за игра, за сопствени откритија? Зашто и досадата има своја вредност. Токму во миговите кога некој не им ја организира секоја минута, децата учат да ја користат фантазијата, да создаваат, да истражуваат и самостојно да откриваат што ги исполнува.



          Да не го спомнувам повторно образовниот систем, кој во голема мера е застарен, преоптоварен со куп небитни предмети и информации, а недоволно ги поттикнува љубопитноста, критичкото размислување и вистинското разбирање. Систем што не ги негува доволно уметностите, движењето и креативноста, туку често се сведува на една нагрдена шминка на образованието.
Но, поентата што сакав да ја истакнам е дека семејството треба да биде лулка на мирот – место каде што детето ќе има граници, но и слобода да биде дете. Место каде што нема постојано да мора да исполнува нечии очекувања, туку ќе може да расте со сопствено темпо, да греши, да се радува, да истражува и да го открива светот.
          Можеби треба и ние, возрасните, да се запрашаме: дали би сакале и самите да живееме со таква агенда? Дали би ни одговарало секој час од денот да ни биде исполнет со обврски, задачи, очекувања и активности? Дали би можеле така да функционираме без да почувствуваме замор, притисок и потреба да побегнеме некаде?
           Затоа, можеби наместо постојано да се обидуваме да ги направиме децата попослушни, поуспешни и поподготвени за светот на возрасните, треба да им овозможиме да имаат детство. Не мора секој нивен талент да се развива преку дополнителни часови, ниту секоја минута да биде искористена за нешто корисно. Понекогаш најкорисното нешто што можеме да им го дадеме е токму времето во кое нема да мораат да прават ништо.
Сè си има свое време. Секој човек го наоѓа својот пат, особено ако растел во мир, ако имал љубов, разбирање и можност да го живее сопственото детство.
           Зашто детството не е само подготовка за животот што доаѓа. Тоа е живот само по себе. И не смееме да им го одземеме во обид што побрзо да ги подготвиме за возрасниот свет.

fb  мр.Симеон Стефковски

 15.11.2026

ПП

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 30, 2026
TVITer29

ЗАДУШНИЦА – ВРСКА НА ЉУБОВТА МЕЃУ ЗЕМЈАТА И НЕБОТО

Во пресрет на Педесетницата, кога Црквата го очекува слегувањето на Светиот Дух и откривањето на својата полнота како Тело Христово,

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Ное 30, 2025 Полезно и Потребно 2236
Patot.na.podviznikot53
Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 3656
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 3701
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

Најново од духовност

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј  16 ноември /3 ноември /2026

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 16 ноември /3 ноември /2026

На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада...

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная