логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Античовечноста теоријата на Дарвин
Марија Саевскаја

Antidarvin

          Сикимска жена на грб го носи британскот купувач во Западна Бенгалија, 1903 год.


       Според мојот опит, многумина кои изучуваат биологија, вклучувајќи ги професорите и авторите на учебниците,         биле толку многу вовлечени во аргументите во полза на еволуцијата, што дури и не се посомневале во нив. Тие ја проповедале... Високите стандарди на образованието и обучението се изгубени. Пропагандата и стремењето кон власта го замениле стремењето кон знаењата. Образованието станало измама.
Џорџ Кокан


               Во школската програма има два важни предмети: историја и биологија. Двата се – за човекот. Што е тоа човек, од што е тој направен, како е устроен? А каква е историјата на човештвото? Еве ги основите на школската програма: човекот произлегол од својот животински предок по пат на природната селекција во борба со суштествата слични на себе. Двата најважни постулати на дарвинизмот стануваат основа на светоглед на децата, како правило, на оние кои малку знаат за светот, за природата, за самите себе.
Оние кои се интересираат со современата состојба на науката знаат, дека научниците веќе мноштво пати ги оспориле основните постулати на теоријата на еволуцијата: ја покажале невозможноста на развојот на видовите од мутациите и отсуството на преодните степени помеѓу различните видови. Професофот на Орегонскот универзитет Џон Волфганг Смит докажуваат:
                “Нам догматски ни говорат, дека еволуцијата – е востановен факт; но, нам никогаш не ни говореле, кој го востановил него и по кој пат... Можно е да се каже со определена строгост, дека таа доктрина е потполно лишена од научна потврда1.”
Познатиот скандинавски истражувач Сорен Лавтрап ја карактеризирал теоријата на еволуцијата како “најголемата измама во историјата на науката2”


   Но, проблемот на теоријата на Ч. Дарвин во школското образование – тоа не е само проблем на антинаучноста, тоа е проблем и на античовечноста.Би се рекло, зошто тука човечност? Еве зошто.


   До појавувањето на теоријата на произлегувањето на еден вид од другиот, луѓето знаеле, дека дека секој има своја суштина. Уште Платон и Аристотел приметиле, дека во секоја појава има свои карактеристични црти. На истиот начин, човекот има своја човечка суштина, имено човечка, не кравја, не кокошкина, не мајмунска. Строежот на телото, физиологијата, мозокот, конечно и духовни црти.


     А во некоја смисла и сопственото човечко во човекот – тоа не е само разумот, сознанието, волјата. Тоа е и неговото тело, “храмот на душата”. Но, што да се прави со тоа тешко бреме? Бидејќи осознавањето на својата човечност им става на луѓето обврска не само да суштествуваат, туку да суштествуаат макасимално осмислено, да ги бараат моралните ориентири и да ги воплотуваат во својот живот. А притоа да не знаат секогаш веројатно, што е тоа душа и како, всушност, да ја достигнат вистинската среќа.

Antidarvin1

Александр Сергеевич Хоменков
Така што луѓето, не сите конечно, но многумина, кои се измачувани од тие прашања, добиваат неочекуван брз одговор. Се’ е едноставно. Човекот е – високоорганизирана материја, животно со брзодвижечки ум, кои е најдобро од се’ друго уништувало слични на себе и поради тоа максимално ги развило своите раце, нозе, ‘рбет и мозок. Какво олеснување! Загатката е речиси одгатната. Значи, најверојатно е дека нема никакво особено човечко предназначување, бесмртна душа и вечниот проблем на избор меѓу доброто и злото. Совемениот биоог А. С. Хоменков расудува за влијанието на тероријата на еволуцијата на сознанието и подсознанието на учениците:
“На фонот на ваквото “природонаучно” објаснување стануваат бесмислени понатамошните размислувања за какви било духовни проблеми. Тие проблеми почнуваат да се сврзуваат со сознанието ( дури и во несвесните длабини) на учениот со нешто “излишно”, вторично, измислено за разлика со пофундаменталните физичко – хемиски закни, каде што не постојат никакви морални проблеми3.”
Ури Андерс го забележал влијанието на теоријата на Дарвин на светогледот на великиот философ Ниче:
“Силен впечаток произвела на Ниче теоријата на еволуцијата. Откритието на Дарвин кое покажало, дека еволуцијата на растенијата, животните и човекот е всушност природен процес, слободен од секакви метафизички влијанија и какви било надворешни водечки процеси на надворешните сили, го вдахнoвило философот. Во дарвинизмот Ниче ја видел потврдата за тоа, дека во природата нема цел, ниту морал, ниту милосрдеие4”
Самиот Ч. Дарвин последователно ја воведува идејата за неопходноста за постојана борба на уништување, условена од тоа, дека сите живи суштества се размножуваат со геометриска прогресија.
“Борбата за постоење, - приметува тој – неизбежно произлегува од големата брзина, со која сите органски суштества имаат тенденција да ја зголемат својата бројност. Секое суштество .... мора да биде уништено во некаква возраст од својот живот, во некое време од годината и конечно во определени години, инаку според силата на принципот на зголемување во геометриска прогесија неговата бројност би достигнала такви огромни размери, така што ниту една земја не би можала да го смести во себе, негвото потомство5.”
Понатаму Ч. Дарвин, наспроти поголемиот број на феномени кои може да се видат во природата, изјавува дека борбата безмалку постојано ќе биде најжестока меѓу особи од еден и ист вид, бидејќи оние кои живеат во една иста месност, имаат потреба од иста храна и се изложени на исти опасности6.
Согласно теоријата на еволуцијата, човекоподобното животно требало да го уништува другото човекоподобно животно, за во таа борба конечно да задобие, свој сопствен човечки облик. Во таа поставеност и се крие античовечноста на теоријата. Од каде и како во човекот се појавуваат разум и душа, Дарвин, во основа, не може да објасни . Мудрата природа, според Дарвин, судирајќи се во борба со претставници од еден вид, го остава да преживее најсилниот и на таков начин, да се усоврши. Согласно теоријата на Дарвин, секое органско суштество...”е принудено да се бори за живот и да доживува значително истребување”. Според мислењето на научникот утехата треба да се бара само во тоа, што
“судирите во природата имаат свои прекини, така што при тоа не се доживува никаков страв, и што смртта најчесто уништува брзо и што силните, здравите и среќните преживуваат и се множат7”
Исто така, кога човекот се научил самиот во извесна смисла да се справува со прирoдата, неговото сожалување кон неа почнало да го ослабува делото на нејзиното усовршување. Човекот “не дозволува на најенергичните мажјаци да се борат зa женката” и “не ги подложува сите незадоволителни животни на беспоштедно истребување, туку напротив ги штити, колку што му дозволуваат неговите сили, сите свои рожби во текот на течението на сите времиња на годината.” Т.е. за разлика од дивата природа, која се усовршува по пат на борба на видовите, природата под воздејство на човекот не се развива поради фактот, шtо тој не ги уништува сите “незадоволителни” особи8.
Со самиот човек е малку посложено. Тука Дарвин наведува на тоа, дека за идното восовршување на човекот избавувањето од послабите би било најдобар начин но, за сегашноста тоа изгледа нехумано. Еве ги неговите размисли:
“Хирургот може за време на операцијата да го заглушува во себеси состраданието, бидејќи знае, дека дејствува на полза на болниот но, доколку ние намерно би ги оставале без внимание слабите и беспомошните, би го чинеле тоа поради можното добро кое може да се појави во иднината, купено со големо и сигурно зло во сегашноста. Затоа, мораме да ги поднесуваме без противење штетните последици од преживувањето и размножувањето на слабите9”

Antidarvin2

Шри Ауробиндо
Но, тоа не значи, дека во перспектива историјата на човештвото не би требало да се претвори во постојана борба за “место под сонцето”. Научникот никаде не кажал дека еволуцијата запрела.
“Еволуцијата не е завршена; разумот – не е последниот збор на Природата, а мислечкото животно – не е нејзиното највисоко творение. Како што некогаш од животните возниканл човекот, така сега од човекот се појавува надчовекот” – размислувал индискиот философ Шри Ауробиндо10.
Значи, еднаш треба да дојде новиот човек, посовршениот, кој се наоѓа на уште повисока скала на еволуцијата и таквиот човек се образува како резултат на ожесточена борба. Имено и кон тој заклучок доаѓа и Ч. Дарвин:
“Човекот, како и секое друго животно, очигледно, се издигнал до своето сегашно високо рамниште по пат на борба за постоење, која произлегува од неговотo брзо размножување: ако му е нему судено да се движи и понатаму напред, тогаш тој треба да остане под влијание на жестока борба11”.
На таков начин, од теоријата за природна селекција истекува култот на насилството. Имено теоријата на природна селекција ја следел А. Хитлер, кога правел прогноза за иднината:
“Силната раса ќе ја истисне слабата... Човештвото задобило величие во вечната борба и може да биде погубено единствено со вечен мир12.”
Англискиот научник Малколм Бауден со право забележува:
“Добро е позната еволуционата основа на ничеанската теорија за надчовекот, а позната е и практичната примена од страна на Хитлер во реализацијата на замислата за “божествената раса”. Ja заледуваат крвта последиците на доведување на теоријата за еволуцијата до логички крај – т.е. уништувањето на слабите, веќе еднаш – се реализирала во ужасите на концентрационите логори: Белзен, Освенцим и други13.”

Antidarvin3

Малколм Бауден
На таков начин, човечката природа, очигледно е само привремено премногу слаба, за да го уништи “инстиктот за учество” и со самото тоа се опрaвдува и објаснува она што неучените луѓе го нарекуваат милосрдие и сострадание. Признавајќи ја привремената неизбежност за сочувување на слабите човечки особи, Дарвин, не помалку, приметува, дека човекот е поглупав од природата, која регуларно го изложувала на истребување сето она што е несовршено. Продолжувајќи со сличните размслувања, тој пишува:
“Колку се минливи желбите и усилбите на човекот! Колку се куси неговите денови! И следствено, колку се жални неговите резултати во споредба со оние, кои Природата ги кумулирала во текот на цели геолошки периоди! Дали после ова ние можеме да се воодушевуваме, дека делата на природата се карактеризираат со поправилни признаци во споредба на делата на човекот; дека тие се немерливо подобро адаптирани кон бесконечно сложените услови на живот и јасно носат на себе печат на повисоко мастерство?14 “
На што се мисли со тоа – високо мастерство на природата? Тоа се однесува не само на тоа, посилните особи да ги уништуваат послабите, посовршените – помалку совршените но, и во тоа, што оние кои се слични меѓу себе да ги уништуваат оние кои се различни од нив. Ч. Дарвин рассудува:
“Не треба да се мисли, дека ако повременото уништување на животното, кое има специфична боја, би довело лоши последици; да се сетиме, како е важно во стадото на бели овци да се уништи јагнето со траги од црна боја. Ние сме виделе, на кој начин бојата на свињите, кои се хранат со “корен што обојува” во Вирџинија определува, дали тие ќе преживеат или ќе умрат15”

Antidarvin4

В.Е. Багдасарјан
Што се однесува до човекот, тој во теоријата на Дарвин, конечно, исто така не се покажува како исклучок. Красноречив е самиот наслов на еден од неговите поважни дела – “За постанокот и природната селекција или сочувување на избраните раси во борбата за живот “ («On the Origin of Species by Means of Natural Selection, or the Preservation of Favoured Races in the Struggle for Life», London, 1859)16 . Ч. Дарвин, поодделно, рассудува:
Дали може расите или видовите на луѓе – сеедно, како и да ги наречеме – да се потиснуваат и истиснуваат еден со друг, така што некои од нив, на крајот од краиштата, ќе изумрат? Ние ќе забележиме, дека сите овие прашања, како што е тоа во најголемиот број на случаи, треба да добијат потврден одговор, во истата смисла, како и за пониските животни – утврдува научникот17.
Согласно на теоријата на Дарвин, расите можат да бидат диви, примитивни, виши и дури и највеличествени18. Во однос на тоа исходот на нивната борба ќе биде предодреден:
“Во не толку далечната иднина, возможно е, веќе после неколку стотини години, цивилизираните раси во целост ќе ги истиснат или уништат сите варварски раси во светот”, - прогнозира научникот19.
Докторот на историските науки В. Багдасарјан заклучува:
Самиот Ч. Дарвин бил без забелешки убеден расист. Во неговата теорија на природната селекција се изродила не само еволуционата ерархија на видовите но, и ерархијата на расите. Книгата “Настанокот на човекот и селекцијата на половите”, во врска со тоа не пружа никакви сомнежи20.
Следејќи ја логиката на социјал – дарвинизмот, додека природата не ги обдарила луѓето со неопходната ладнокрвност за продолжување на жестока борба меѓу видовите, сепак постои можност да се следи природната селекција макар по пат на “правилно” размножување, то ест размножување на најсовршените особи и прекратување на потомството на сите кои не се соодветни. Така се појавила и уште една неверојатна “наука” – евгеника и нејзин основач не е некој друг, туку братучедот на Дарвин – Френсис Галтон.
Галтон заклучил, дека способностите на човекот се определуваат при раѓањето и зависат од тоа со какви способности владееле мајката и таткото на детето. Следствено, со правилен избор на родителските парови можно е високиот интелект да се претвори од случаен квалитет во постојан. Неопходноста на селекцијата тој ја засновал на тоа, што цивилизацијата поставува се’ поголеми барања кон умствените способности на луѓето,тогаш кога реално човечката природа се одродува. Идејата на Галтон се заклучувала во тоа, што по пат на интервенција во процесот на скратувањето на луѓето да се создаде поквалитетен генофонд. Тој исто така измислил критериуми на споредување на способностите на различните раси, на пример нигеријската и англосаксонската и дошол до заклучок за неоспорното вродено предимство на белите англосаксонсци над црните африканци21. Дарвин високо ја оценил работата на Галтон. Тој периодично, пишувал:
“Јас сум наклонет да се согласам со мислењето на Франсис Галтон, дека учењето и средината предизвикуваат слабо влијание на умот на секој човек и дека поголемиот дел од нашите квалитети се природени”22.
По научните теории, како и во случајот на борбата меѓу расите, следела потполно “научна” пракса. Во Шведска во периодот од 1935 до 1975 година – се случиле 60 000 стерилизации, кои биле направени над слабоумните и асоцијалните елементи23. Во 1998 – та година излегла докторската дисертација на Маја Руцис. Во тајните архиви на медицинската управа на Шведска истражувачот таа нашла документи, кои сведочеле, на пример, за тоа како во предградието на Гетеборг во училиштето за проблематични тинејџери, како што го завршувале школото, биле стерлизирани сите ученици на крајните класови.
Од 1907-та до 1920-та уште во петнаесет различни држави во Америка биле донесени устави, кои законски ја овозможуваат или препорачуваат стреилизацијата на умствено заостанатите и поединечни категории на престапници. До 1920-та година во Америка се случиле 3233 принудни стерилизации, а нејзини објекти биле т.н. “престапници против моралноста”25. Во Вириџинија ги кастрирале претставниците на домородното население, кое не можел о да го потврди своето присуство на територијата на државата до доаѓањето на колонистите. Исто така законите за принудна стерилизација дејствувале во Јапонија, Австрија, Швајцарија26.
Но, најмногу од сите, конечно, успеал во “научната” пракса А. Хитлер, кој утврдувал: “Свештено право на човекот, кое е истовремено и свештена обврска – тоа е чувањето на чистотата на крвта, за процесот на создавањето на најдобрата верзија на човекот да го направи возможен благородниот развој на тоа суштество”27.
Современиот истражувач Ј. В. Хен ги наведува следните информации:
“Општиот резултат на расно – хигиенските мерки во Германија е следен: од 300000 до 400000 луѓе биле насилно стерилизирани врз основа на законот од 1934 гоадина, од кои мноу го нив – поради расни причини. Околу 100000 пациенти на психијатриските клиники биле стрелани или загушени со гас во рамките на на т.н. акција Т4 ( евтаназија на инвалидите), во кој број влегуваат и 1000 деца. По официјалното завршување на акцијата во 1942-та година до крајот на војната уште 120000 пациенти биле убиени со глад, поради тоа што, не биле хранети, со оглед на нивниот “малку вреден” живот28.”
Ми се чини дека воспитанието во школото е противречно. Значи детето, би требало да знае дека во природата, која се’ така разумно создала, послабото и несовршеното суштество би било правилно да се уништи. Кутрите деца учат таква биологија, а при тоа им говорат, дека тие треба да бидат добри, грижливи и дури да не го навредувааат полничкиот соученик, без разлика што тој не изгледа “како што треба”.
Со историјата е исто така не помалку чудно. Осудувајќи го нацизмот, расизмот и другите пројави на природната селекција, децата како да не треба да знаат, од каде растат нозете на кај тие појави на античовечност. Американскиот научник Хенри Морис, справедливо забележува:
“Во реалноста, иако секој ученик се запознаен за злото, кое Хитлер го донесе на светот и неговиот национал – социјализам, на децата потполно не и објаснуваат, дека основата на сето тоа – е еволуционата теорија. Таквиот очигледен обид да се сокрие вистината, е всушност, не нешто друго, туку пренапишување на историјата.” 29
Опасноста од лажно научната и античовечната теорија на Ч. Дарвин за воспитание и обучување на поколенијата кои растат, би се рекло - е очевидна. Ете зошто еволуционата парадигма до ден денес останува во школските учебници во како еден од основните постулати на светогледите?
Марија Саевскаја
Кандидат за доктор на политички науки

[1] Хоменков А. С. Еволуциониот мит и современата наука // https://www.portal-slovo.ru/impressionism/36163.php
[2] Ibidem.
[3] Ibidem.
[4] Андрес Ури. Дарвинизaм, Ниче, Хитлер и Холокауст // http://www.berkovich-zametki.com/2016/Zametki/Nomer5_6/Andres1.php
[5] Дарвин Ч. За потеклото на видовит епо пат на природна селекција // https://www.gumer.info/bogoslov_Buks/Philos/darv_proish/03.php
[6] Ibidem.
[7] Ibidem.
[8] Ibidem.
[9] https://scisne.net/a-242
[10] Шри Ауробиндо. Собрани дела. СПб., 2010. С. 13.
[11] Кларк Грегори. Малтус и Дарвин: опстанок на богатите // https://history.wikireading.ru/327175
[12] Hitler, A. Mein Kampf. London, 1969, p. 122, 124.
[13] https://scisne.net/a-242
[14] Дарвин Ч. За потеклото на видовите по пат на природна селекција // https://www.gumer.info/bogoslov_Buks/Philos/darv_proish/04.php
[15] Ibidem.
[16] On the Origin of Species by Means of Natural Selection, or the Preservation of Favoured Races in the Struggle for Life. London, 1859 // https://royalsocietypublishing.org/doi/10.1098/rsnr.2018.0015
[17] Дарвин Ч. Човечко потекло и сексуалната селекција // http://filosof.historic.ru/books/item/f00/s00/z0000882/st003.shtml
[18] Ibidem.
[19] Багдасарjaн В. Дарвинизмот и расизмот // http://vbagdasaryan.ru/darvinizm-i-rasizm/
[20] Ibidem.
[21] Хен Ју.В. Евгеника: основачите и продолжувачите // http://vivovoco.astronet.ru/VV/PAPERS/MEN/EUGENICS.HTM
[22] Ibidem.
[23] https://ru-history.livejournal.com/2624948.html
[24] https://sverigesradio.se/sida/artikel.aspx?programid=2103&artikel=6391182
[25] Хен Ју.В. Евгеника: основачите и продолжувачите // http://vivovoco.astronet.ru/VV/PAPERS/MEN/EUGENICS.HTM
[26] Евгеника: уќасите на западната цивилизација // https://www.kramola.info/vesti/novosti/evgenika-uzhasy-zapadnoy-civilizacii
[27] Хен Ју.В. Евгеника: основачите и продолжувачите // http://vivovoco.astronet.ru/VV/PAPERS/MEN/EUGENICS.HTM
[28] Ibidem.
[29] https://scisne.net/a-242

Линк: https://pravoslavie.ru/143553.html

Избор и превод од руски: М. Белева



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная