Неговото Блаженство Патријархот Aлександриски и на цела Африка г. Теодор, на 22 февруари ја заврши историската посета на Нигерија. Тој со постоечкото православно свештенсто во Нигерија ја обиколи оваа најнаселена држава на афричкиот континент извршувајќи ја својата пастирска мисија – развој и зацврстување на младите православни цркви низ Нигерија, осветување на темелите на величествениот храм посветен на Воскресението Христово во Идо во Лагос каде што е сместена и администрацијата на Светата Митрополија на православната Црква за Нигерија, за Република Бенин, Того и за Република Нигер.
Инаку, Неговото Блаженство Патријархот Теодор е втор патријарх кој ја посетил Нигерија по александрискиот Патријарх Петар VII во 2001-та година, а трагично загина во авионска несреќа во 2004 година, востановувајќи и утврдувајќи ја Православната црква како во Нигерија, така и во Гана, Замбија, Мадагаскар.
Својата посета Патријархот Теодор ја заврши со братската средба со гувернерот на федералната единица на Лагос, г. Бабатунде Фашола, каде поради својето несебично залагање и помошта која им ја понуди беше одликуван со високото државно признание - орденот Златен лав. Имено, Патријархот како и православната Црква во Африка е активно вклучена во социјалните, економските и образовните програми. Таа има изградено над 40 цркви, потоа училишта, болници и клиники, а вклучена е и во ХИВ образованието на младите, додека пак на децата од сиромашните семејства им нуди квалитатетно бесплатно образование кое е во согласност со духот на Црквата, односно исполнување на мисијата на училишта од најрани времиња.
За Премин Портал
Наташа Д.Д.