(05.02.2011)
Доколку родителите изразат желба, на секое четврто дете во грузиското семејство кум може да му биде Патријархот, и секое патријаршиско кумче да добие титула на верен син на татковината и чувар на Патријаршискиот трон, изјави Грузискиот Патријарх Илија II.
„Доколку родителите сакаат со задволство ќе бидам кум на секое четврто дете во семејството. Истовремено, ќе им доделам титула на верен син на татковината и чувар на Патријаршискиот трон на Грузиската Црква. Тоа подразбира дека тие ќе бидат должни да се грижат за Патријаршијата за да ни биде силна татковината“, изјави Патријархот Илија.
Познато е дека на секое трето и наредно дете во грузиското семејство може да му биде кум Патријархот Илија. Таа одлука останува да важи и понатаму.
Според зборовите на Патријархот, после преземањето на оваа иницијатива, во Грузија се родија 7 илјади деца повеќе отколку до тогаш, кои можеа да не се родат.
Патријархот со својата иницијатива има за цел да го потпомогне решавањето на демографскиот проблем во Грузија.
Извор: Благовест-инфо
Преземено од :МПЦ