На 13 октомври претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Митрополитот Волоколамски Иларион со благослов на Рускиот Патријарх Кирил пристигна во посета на Грузија по повод 1000-годишнината од соборниот храм на 12-те Апостоли - Светицховели во Мцхет, Грузија. Овој соборен храм е подигнат со благослов на Грузискиот Патријарх Мелхиседек I и царот Георгиј I во 1010-1029 година на местото на првата христијанска црква во Грузија од 4 век.
Истиот ден Грузискиот Патријарх Илија II во Патријаршијата ја прими делегацијата на Руската Православна Црква како и Митрополитот Пергамски Јован и Галскиот Митрополит Емануил од Цариградската Патријаршија.
На 14 октомври беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Грузискиот Патријарх Илија II во сослужение со Албанскиот Архиепископ Анастасиј, Архиепископот на Чешка и Словачка Христофор, членовите на делгациите на помесните Православни Цркви, меѓу кои претставници на Цариградската Патријаршија, Александриската Патријаршија, Ерусалимската Патријаршија, Романската Патријаршија, Српската Православна Црква, Бугарската Патријаршија, Кипарската Православна Црква, Грчката Православна Црква, Полска Православна Црква и Православната Црква во Америка, како и ерарсите и клириците на Грузиската Православна Црква.
звор: Патриархиа.ру
Преземено од : МПЦ