Москва, 11 октомври 2010 (МИА) - Руската православна црква денеска вклучи своја адреса на Интернет страницата „ЈуТјуб“, со цел што повеќе млади луѓе да се заинтересираат за православната вера.
- Го правиме ова со цел зборовите на Господ, неговата мудрост и божјите закони да им се приближат на современите луѓе, посебно на младите. Нека бидат благословени сите оние кои ќе го посетат сајтот на Руската православна црква на „ЈуТјуб“, изјави патријархот Кирил.
На оваа Интернет страница редовно ќе бидат поставувани кратки клипови за појавувањата на патријархот Кирил со преводи на англиски, германски и јапонски јазик.
Во последните три месеци, додека страницата била во подготовка, сајтот на Руската православна црква на „ЈуТјуб“ го посетиле 165.000 корисници. гс/19:05
Извор:
http://www.youtube.com/user/russianchurch