Во Руанда, неколку стотици беа крстени во 2014 година, 32 во 2015 година, а 118 во 2016 година; 11 сираци од едно Кениско сиропиталиште беа крстени лани, 556 беа крстени во Конго, во јануари оваа година, уште 35 сираци во март, а друга група катихумени беа крстени во реката Конго, во април. Последниот ваков настан се случи вчера во Кенија, кога група ученици од Најроби примија Православие.
Радосниот настан започна со Света Литургија во Православната патријаршиска семинарија, која се наоѓа во западните предградија на Најроби, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Макариј, Архиепископ на Најроби. Попладнето, Неговото Високопреосвештенство ги крсти учениците од соседното основно училиште.
Извор: МПЦ-ОА