11 / 24 октомври 2016 лето Господово
За прв пат во историјата на Руската Црква беше издаден православен молитвеник, изготвен специјално за луѓето со ограничен слух и вид.
При составувањето на молитвеникот, беа следени неколку принципи: да им се дадат најнеопходните податоци на слепите и глувите во врска со молитвената практика во Православната Црква. Информацијата е претставена максимално едноставно и достапно, согласно можностите на слепите и глувите луѓе. Изданието не е збир на молитви, извадени од вообичаениот молитвеник, туку раководство за слепоглувите во врска со молитвата и нејзиното секојдневно практикување. Во него се вклучени утринските и вечерните молитви, молитвите пред причест, молитвите за разни потреби, како и некои размислувања за верата. Изданието може да се нарече „Сѐ за нашата вера – накратко“
Извор: Двери
Преземено од: Бигорски манастир