Рускиот Патријарх Кирил: „Нема да имаме подобар социјален живот, ако во нашите срца има злоба“ (26.02.2013 )
„Не може да се добие подобар општествен, политички живот, ако во нашите срца има злоба, клетва, и ако ние лекомислено шириме лаги, завидуваме, ако со сила, па дури и насилство си го обезбедуваме патот кон целта, којашто ќе си ја поставиме пред себе, ако ги навредуваме послабите, ако не размислуваме за децата или за постарите лица. Како тогаш да има просперитетен општествен живот?“, рече Патријархот Кирил во својата беседа на крајот од Божествената Литургија на 24 февруари 2013 г. во московскиот храм Воздвижение на Господовиот Крст.
„Како што сѐ започнува со човекот, со неговиот внатрешен мир“, рече Поглаварот, „така и проповедите и советите на Црквата, пред сѐ, се однесуваат на внатрешниот мир на човекот“.
„Ние градиме храмови за нашиот живот да се менува на подобро. А тој ќе биде подобар, кога и ние самите ќе станеме подобри. Оној кој не ја гледа оваа поврзаност е слеп“, истакна Патријархот.
Извор: Православие.ру
Преземено од: МПЦ-ОА