Во затворите во Русија функционираат 555 православни храмови и околу 450 молитвени простории за затворениците, соопшти раководителот на Синодскиот оддел за работа со затворите Красногорскиот епископ Иринеј.
Говорејќи на последната тркалезна маса во големиот Новгород, посветена на соработката во областа на обезбедувањето права за затворениците, Владиката исто така рече дека во институциите на казнено-поправниот систем функционираат 800 православни заедници, кои обединуваат повеќе од 70.000 затвореници, организирани во речиси 300 неделни училишта.
Во земјата, просечно, месечно се ставаат во функција 3-4 нови затворски цркви.
Според зборовите на архиереот, во последните десет тековни години, благодарение на свештенослужителите кои работат во затворите, 8 до 10% од затворените нашле вера во Бога, редовно учествувајќи во богослужбениот живот, соопшти сајтот на Синодскиот оддел.
Преземено од :МПЦ-ОА