логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  Продолжение)

sv.Serafim.Sarovski1d.jpg

III

БЕСЕДА НА ПРЕПОДОБНИОТ СЕРАФИМ САРОВСКИ ЗА ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ

6.
БЛАГОДАТТА Е СВЕТЛИНА

Јас кутриот Серафим, треба, ваше Богољубие уште да ви објаснам во што е разликата меѓу дејството на Светиот Дух, кој свештенотајно се вселува во срцата на оние кои веруваат во Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, и дејството на гревовната темнина, по нашепнување на бесот демонски, кој во нас лукаво дејствува. Духот Божји не опоменува на зборовите на нашиот Господ Исус Христос, и дејствува заедно со Него, секогаш истоветно, радувајќи ги нашите срца и управувајќи ги нашите стапки на мирен пат, а лукавиот дух, бесовски, мудрува спротивно од Христа и неговите дејства во нас се вознемирувачки, бунтовни и исполнети со телесна страст, страст на очите и надменост во живеењето. Навистина ви велам...секој кој живее и верува во мене, и ако умре, ќе живее. Оној кој заради вистинската вера во Христа има благо¬дат на Светиот Дух, ако според немоќта човечка и умре душевно од некој грев, сепак нема да умре засекогаш, туку ќе биде воскреснат со благодатта на нашиот Господ Исус Христос, кој ги зема гревовите на светот и со дар дарува благодат на благодат. Токму за таа благодат, јавена на целиот свет и на родот наш човечки преку Богочовекот, во Евангелието е речено: Во него имаше живот, и животот беше светлина на луѓето, па е додадено: и светлината блеска во темнината, и темнината не ја обзема. Ова значи дека благодатта на Светиот Дух, дарувана преку крштението во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, без разлика на човечките гревови, без разлика на темнината околу нашата душа, сепак блеска во срцето преку делото Христово како исконска, божествена и најскапоцена светлина. Оваа Христова светлина при непокајувањето на грешникот, му говори на Отецот: Ава Оче, немој да се лутиш до крај поради ваквата непокаеност. Таа подоцна, при обраќањето на грешникот на патот на покајание, потполно ги измазнува трагите на сторените престапи, и повторно поранешниот престапник го облекува во нетрулежна облека, исткаена од благодатта на Светиот Дух. Здобивањето на таа благодат е и целта на христијанскиот живот, за што јас толку време му зборувам на вашето богољубие.
За вие појасно да сфатите што треба да се разбере под Божја благодат, ќе ви кажам како таа се препознава и со што посебно се појавува нејзиното дејство во луѓето, кои се просветени со неа. Благодатта на Светиот Дух е светлина која го просветува човекот. За тоа говори Светото Писмо. Така богоотецот Давид рекол: Законот твој е светилник на моите нозе... и ако твојот закон не ме научеше, јас ќе погинев. Благодатта на Светиот Дух, изразена во законот со зборовите на заповедите Господови, е светилник мој и светлина моја. Кога таа благодат на Светиот Дух (која јас толку внимателно и срдечно ја стекнувам, седум пати на ден поучувајќи се во садовите на Твојата правда) не би ме просветувала во темнината на грижите закопчени со големото звање на мојот царски сон, откаде би можел да земам, макар и една искра светлина за да го осветлам својот од по патот на животот, потемнет од злобата на моите непријатели. Господ често пред многу сведоци го пројавувал дејството на благодатта на Светиот Дух на луѓето кои ги осветувал и просветувал со Своето големо посетување. Сетете се на Мојсеј по неговата беседа со Бога на Синајската гора. Тој блескал со толку необична светлина, која го опкружувала неговото лице, што луѓето не можеле ни-ту да погледнат во него. Тој дури бил принуден да се јавува пред народот со покривка на лицето. Сетете се на преображението Господово на гората Тавор. Голема светлина Го обиколила и неговата облека стана светла, многу светла како снег, и учениците негови паднаа ничкум и многу се исплашија. Потоа, во истата таа светлина покрај Него се јавиле Мојсеј и Илија. За да се скрие блескањето на светлината на божествена¬та благодат која им ги заслепувала очите на учениците, се појавил, како што е речено, сјаен облак. Еве, на тој начин им се јавува благодатта на Сесветиот Дух во неискажана светлина, на сите оние на Кои Бог им го јавува нејзиното дејство.

7.
МИРОТ И ТОПЛИНАТА НА БЛАГОДАТТА

- Но, на кој начин - го прашав братот Серафим, јас можам да дознаам дека се наоѓам во благодатта на Светиот Дух?
- Тоа, Ваше богољубие е многу просто - одговори тој. Заради тоа и говори Господ: "Се им е просто на оние што ќе најдат разум". Но нашата неволја е во тоа што не го бараме тој божествен разум кој не се гордее, бидејќи не е од овој свет. Тој разум, исполнет со љубов кон Бога и ближниот, го изградува секој човек на негово спасение. За тој разум Господ рекол: Бог сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до познание на вистината. По повод недостатокот на таквиот разум, Он на своите апостоли им рекол: "Зарем и вие сте неразумни и зарем не сте го читале Писмото? Зарем не ги разбирате овие приказни?" И пак во Евангелието за тој разум во врска со апостолите се говори: И тогаш им го отвори умот за да го разберат Писмото. Наоѓајќи се во тој разум и апостолите секогаш знаеле дали Духот Божји живее во нив или не. Гледајќи го живеењето на Духот божји во себе, и проникнати со Него, тие тврделе дека нивното дело е свето и потполно угодно на Господа Бога. Со тоа се објаснува и тоа што во своите посланија пишувале: "Му беше угодно на Светиот Дух и нам". Само на таа основа тие и ги предложувале своите посланија на корист на сите верни, како непоминлива вистина. Така светите апостоли чувствително го познавале во себе присуството на Духот Божји... Ете, значи, ваше богољубие, гледате ли како е тоа просто?
Јас одговорив:
- Сепак јас не сфаќам по што можам цврсто да бидам уверен дека сум во Духот Божји. Како можам во себе да го распознаам Неговото вистинско јавување?
Братот отец Серафим ми одговори:
- Јас веќе реков, ваше богољубие, дека тоа е многу просто. Подробно ви раскажав како луѓето се во Духот Божји, и како треба да се разбере неговото јавување во нас... Што ви е, брате, уште потребно?
- Потребно ми е - реков јас - тоа добро да го сфатам!...
Тогаш отец Серафим ме фати многу силно за плешките и ми рече:
- Ние сега двајцата, брате, сме во Духот божји. И јас и ти... Зошто не ме погледнеш?
Јас одговорив:
- Не можам, брате, да ве погледнам, затоа што од вашите очи светкаат молњи. Вашето лице стана посветло од сонцето и мене ме болат очите.
Отец Серафим рече:
- Не плашете се, ваше богољубие. И вие сега станавте светли како јас. И вие сте сега во полнота на Духот Божји, инаку не е можно ниту мене да ме видите таков.
И наведнувајќи ја главата кон мене, тој тивко на увото ми рече:
- Благодарете Му на Господа Бога за Неговата неискажлива милост кон вас. Вие видовте дека јас не се ниту прекрстив, туку само мислено во срцето Му се помолив на Господа Бога и во себе реков: Господи, удостој го јасно да го види и со телесните очи слегувањето на Твојот Дух, со Кој ти ги удостојуваш Своите слуги, тогаш кога благоволиш да се јавиш во светлината на великолепната Своја слава! И, види, брате, Господ за миг ја исполни смирената молба на бедниот Серафим, како значи, двајцата да не Му благодариме за овој Негов неискажлив дар? Ниту на големите пустиници, брате, Господ Бог не им ја јавува секогаш Својата милост. Благодатта Божја, како чедољубива мајка, благоволи да го утеши вашето смирено срце, и тоа на застапништво на самата Мајка Божја... Зошто, брате, не ме погледнете во очи? Погледајте просто, не плашете се. Господ е со нас!
По овие зборови јас погледнав во неговото лице и ме опфати уште поголем ужас. Претставете си: во средина на сонцето, при неговото најсјајно блескање на попладневните зраци, стои лицето на човекот кој разовара со вас. Вие ги гледате движењата на неговата уста, променливиот израз на неговите очи, го слушате неговиот глас, чувствувате дека некој со рацете ве држи за плешките, но не само што не ги гледате тие раце, туку не се гледате ниту себеси, ниту неговиот облик Тз ништо освен една заслепувачка светлина која се распространува на далеку, на неколку фатки во круг, и која со својот силен блесок ја осветлува и снежната полјана и снегулките кои одозгора паѓаа врз мене и врз големиот старец. Дали некој може да си ја претстави ситуацијата во која се наоѓав тогаш?
- Значи, како се чувствувате сега? - ме праша отец Серафим.
- Необично добро! - одговорив јас.
- Но, како е тоа добро? Што, точно? Јас дговорив:
- Чувствувам тишина и мир во својата душа, кои со никакви зборови не можат да се изразат!
- Тоа, ваше богољубие - рече братот отец Серафим - е оној мир за кој Господ им рекол на Своите ученици: Мирот свој ви го давам; не ви го давам како што светот го дава... Кога би сте биле од светот, светот своето би го љубел, а бидејќи не сте од светот, туку јас ве избрав од светот, затоа светот ве мрази... но не плашете се, јас го победив светот. Еве, на таквите луѓе, мразени од овој свет, но Свои избраници, Господ им го дава мирот кој вие сега го чувствувате во себе, мирот кој по апостолските зборови, "го надминува секој разум". Апостолот го нарекува така затоа што не е можно да се изрази со зборови душевната благосостојба, која тој ја предизвикува кај луѓето, во чии срца Господ Бог го вгнезди. Христос Спасителот го нарекува мир на Неговата Сопствена милост, а не мир на овој свет, бидејќи никаква привремена земна сила не може да му го даде на човечкото срце. Тој се дарува одозгора од самиот Господ Бог, заради што и се нарекува мир Божји... Што уште вие чувствувате? - ме праша отец Серафим.
- Необична сладост! - одговорив јас. А тој продолжи:
- Тоа е сладоста за која во Светото Писмо се зборува: Ке се напијат од изобилството на твојот дом и со потокот на својата сладост ќе ги напоиш. Истата таа сладост ги преисполнува сега нашите срца и се разлева по сите наши жили со неискажливо насладување! Од таквата сладост нашите срца како да се топат и двајцата сме исполнети со блаженство кое не може да биде изразено на никаков јазик. Што уште чувствувате?
- Необична радост во целото свое срце. Братот отец Серафим пак продолжи:
- Кога Духот Божји оди кон човекот и го осенува со полнотата на Своето наидување, човечката душа се исполнува со неискажлива радост, бидејќи тој прави радосно се до што ќе се допре. Тоа е онаа радост за која Господ во Своето Евангелие вели: Жената кога раѓа трпи мака, бидејќи дојде нејзиниот час; а кога ќе го роди детето веќе не се сеќава на маката, од радост што се родил човек на свет. И вие, значи, сега имате мака, но пак ќе ве видам, и ќе се радува вашето срце, и вашата радост никој нема да ја земе од вас. Па сепак, колку и да е утешна радоста што вие сега ја чувствувате во своето срце, сепак таа е мала во споредба со радоста за која Гопод рекол преку устата на Својот апостол: Што око не виде, и уво не слушна, и во срцето на човекот не дојде, тоа им го подготвува Бог на оние Кои Го љубат. Предвкус на таа радост ни се дава сега нам. Па кога од неа е толку слатко, добро и весело во нашите души, што да се каже за онаа радост која е подготвена на небесата за оние што плачат овде на земјата? Еве, и вие, брате, доволно се наплакавте во вашиот живот на земјата, па погледнете со каква радост ве теши Господ уште во овдешниот живот. Сега е на нас брате, да приложиме труд за трудот, за да преминуваме од сила во сила, за така да ја достигнеме мерката на растот на полнотата Христова, и на нас да се исполнат Господовите зборови: Оние кои Го чекаат Господа, ќе добијат крепост и крилја орлови; ќе потечат и нема да се изморат, ќе појдат и нема да огладнат, ќе одат од сила во сила, и ќе им се јави Богот на боговите на Сион разумот и небесните видувања". Тогаш нашата сегашна радост, која ни се јавува малку и за кратко, ќе ни се јави во сета своја полнота и никој нема да ја земе од нас. Ние ќе бидеме преисполнети со необјасниви небески наслади... Што уште чувствувате, ваше богољубие? Јас одговорив:
- Необична топлина!
- Како тоа, брате, топлина? Па види, ние седиме во шума. Сега е зима, под нозете има снег, на нозете снег, на нас снег, а одозгора паѓаат снегулки... Каква топлина може да има овде?
Јас одговорив:
- Токму онаква каква што чувствуваме во бањата, кога ќе застанеме во пареата.
- Зарем и мирисот е како во бањата? - праша тој.
- Не - одговорив - ништо на земјата не е слично на овој мирис. Кога беше жива мајка ми сакав да играм, па одев на балови и на вечерни игранки. Се случуваше тогаш мајка ми да ме попрска со мириси кои ги купуваше во најдобрите модни продавници во Казањ. Сепак, тие мириси не даваат ваквов пријатен мирис.
Братот отец Серафим пријатно се насмевна и рече:
- И јас, брате, го чувствувам истото тоа што и вие, но намерно прашувам дали и вие тоа го чувствувате? Ја кажавте вистината, ваше богољубие. Никаква пријатност од земен мирис не може да се рамни со божествениот мирис што сега ние го чувствуваме. Тоа е затоа што сега не опкружува на Светиот Дух Божји. Што земно може да биде слично на тоа?... Забележите, ваше богољубие, вие ми рековте дека околу нас е топло како во бања, додека ако се погледнете, снегот не се топи ниту на вас, ниту на мене, ниту пак под нас. Значи, мора таа топлина да не е во воздухот, туку во нас самите. Тоа е онаа топлина која, поттикнувани од Светиот Дух, треба во молитвите да ја бараме од Господа: "Загреј ме со топлината на Светиот Дух!" Загревани со неа, пустиниците и пустинките не се плашеле од зимскиот мраз. Тие биле облечени со благодатни облеки, како со бунда, извиткана со Светиот Дух. И така тоа всушност мора да биде, бидејќи благодатта Божја е внатре во нас, во нашите срца, бидејќи Господ рекол: царството Божјо е внатре во вас. Под Царството Божјо Господ подразбира благодат на Светиот Дух. Значи, ова Царство Божјо, сега се наоѓа внатре во нас, иако и однадвор благодатта на Светиот Дух не осветлува и не загрева. Таа го преисполнува и со различен пријатен мирис воздухот што не опкружува, ги насладува нашите сетила со небесна наслада, па нашите срца ги напојува со неискажлива радост. Нашата сегашна состојба е токму онаа за која апостолот говори: Бидејќи царството Божјо не е јадење ниту пиење, туку праведност и мир и радост во Светиот Дух. Нашата вера не се состои во убедливите зборови на човечката мудрост, туку во покажување на духот и силата. Ете, во таква состојба и двајцата сега се наоѓаме. Токму за оваа состојба, Господ рекол: има некои меѓу овие што стојат овде, кои нема да ја вкусат смртта, додека не го видат царството Божјо како дошло во сила... ете, брате, ваше богољубие, со каква неискажлива радост сега не удостои Господ Бог!... Еве што значи да се биде во полнотата на Светиот Дух, за која свети Макарие пишува: "Јас бев во полнотата на Светиот Дух"... Со таа полнота на Светиот Дух, Господ не исполни сега и нас, бедните... Па, сега веќе нема потреба, ваше богољубие, да прашувате на кој начин луѓето се во благодатта на Светиот Дух. Дали вие ќе се сеќавате на сегашните јавувања на неискажливата милост Божја, која не посети?
- Не знам, брате - реков јас - дали Господ ќе ме удостои засекогаш да се сеќавам толку живо и јасно на оваа милост Божја што сега ја чувствувам.
- А јас мислам - одговори отец Серафим - дека Господ ќе ви помогне ова засекогаш да го задржите во својот ум. Инаку, Неговата благост немаше толку моментално да се приклони на мојата смирена молитва, и не би итала толку бргу да го послуша бедниот Серафим. Покрај тоа, ова не е дадено само заради вас, вие единствено за да разберете, туку преку вас, на целиот свет, така што вие, утвдувајќи се во делото Божјо, можете и на другите да им користите. А за тоа брате, што јас сум монах, а вие сте световник, не треба ниту да размислувате: Бог бара вистинска вера во него и во Неговиот Единороден Син. За ова и се дава одозгора обилно благодатта на Светиот Дух. Господ бара срце исполнето со љубов кон Бога и кон ближниот. Таквото срце е престол на кој Он сака да седи, и на кое Он се јавува во полнотата на Својата небесна слава. "Сине, дај ми го своето срце" - вели Он, "а се останато јас ќе ти дадам", бидејќи во човековото срце може да се смести Царството Божјо. Господ им заповедал на Своите ученици: барајте го најпрво Царството Божјо и неговата правда, и сето тоа ќе ви се даде... а знае и вашиот отец небесен дека сето ова ви треба. Господ Бог не не укорува што ги користиме земните богатства, бидејќи и самиот вели дека во нашиот живот на земјата имаме потреба од она што го успокојува нашиот човечки живот и она што го прави полесен и поудобен нашиот пат кон небесната татковина. Потпирајќи се на овие зборови, свети Петар рекол дека според негово мислење, на светот нема ништо подобро од побожност, соединета со воздржување. И светата Црква се моли Господ Бог ова да ни го дарува. Иако тагите, несреќите и различните неволји се неразделни од нашиот живот на земјата, сепак Господ Бог не сакал, ниту сака, да бидеме единствено во неволји и искушенија. Заради тоа и преку апостолот ни заповеда да го носиме бремето едни на други и така да го исполниме законот Христов. Лично Господ Исус ни даде заповед да се љубиме едни со други, па така, тешејќи се со заемна љубов, да си го олесниме себеси макотрпниот и тесен пат на своето искачување кон небесната татковина. Он и слезе од небесата кај нас, за, облекувајќи се во нашето сиромаштво, да не збогати со богатството на Својата благост и со Своите неискажливи дарежливости. Ете, Он дојде Самиот да ни послужи, а не Нему да Му служат, и да си ја даде душата за избавување на многумина. Така и вие правете, ваше богољубие. Секому што сака спасение, говорете му за милоста Божја, што на вас јасно се пројави. Жетва има многу, вели Господ, а работници малку. Ете и нас Господ не изведе на дело и ни даде дарови на Својата благодат, за и ние, жнеејќи ги класјата на спасение на своите ближни преку приведување на голем број на луѓе во царството Божјо, да Му принесеме плодови, и тоа по триесет, по шеесет или по сто. Да се чуваме, брате, да не бидеме осудени со оној лукав и мрзлив слуга, кој го закопал својот талант во земјата, туку да се потрудиме да ги подржаваме добрите и верни слуги Господови, кои на својот Господ, наместо едниот - наместо два, четири, а другиот - наместо пет, десет таланти. Не можеме да се сомневаме во милоста на Господа Бога: самите гледате ваше богољубие, дека зборовите Господови, кажани преку пророкот, се случуваат во нас. " Јас не сум Бог оддалеку, туку Бог одблизу и во твојата уста е твоето спасение". Јас бедниот не успеав ниту да се прекрстам, туку само во срцето посакав Господ да ве удостои да ја видите Неговата благост во целата полнота и Он веднаш побрза на дело да ја исполни мојата желба. Ова не го зборувам за да се фалам и не за да покажам некое свое значење, или да ве доведам до завист, ниту за вие да помислите дека јас сум монах, а вие световник. Не, ваше богољубие, не. "Господ е блиску до сите кои Го повикуваат во вистина и не гледа на лицето". Отецот го љуби Синот, и се дал во Негови раце. Ние само синовски треба да Го сакаме, како свој Отец небесен. Господ еднакво го слуша и монахот и световникот - простиот христијанин, само доколку и двајцата се православни и доколку Го љубат Бога од длабочината на својата душа. Доколку и двајцата имаат вера во Него, макар и како "зрно грашок" и гори ќе преместуваат, бидејќи - "еден придвижува илјада, а двајца милијарди". Господ вели: се е можно за оној што верува, а брате, свети апостол Павле велегласно возвикува: Се можам во Христа Кој ми дава моќ. И зарем уште поубаво не зборува нашиот Господ Исус Христос за оние што веруваат во Него: Кој верува во мене, делата што ги правам јас и тој ќе ги прави, и поголеми од нив ќе прави; бидејќи јас одам кај својот Отец... Досега не баравте во мое име; барајте и ќе добиете, радоста ваша да биде исполнета. Според тоа, ваше богољубие, вие ќе добиете се што ќе барате од Господа, само гледајте тоа да биде во слава Божја и на корист на ближните, бидејќи Он и користа на ближни-те ја смета во Својата слава, заради што и вели: кога сте им го сториле на еден од овие мои најмали браќа, мене сте ми го сториле. Според тоа, воопшто не се сомневајте во тоа дали Господ ќе ги исполни вашите прозби. Само тие нека бидат на Негова слава или на корист на ближните. И она што ви е потребно заради ваша потреба. Корист или добивка, Господ Бог бргу и милостиво ќе ви го прати, но само од тоа ако имате крајна потреба или неопходност, бидејќи Господ ги љуби оние што Го љубат Него: 'но само од тоа ако имате крајна потреба или неопходност, бидејќи Господ ги љуби оние што Го љубат Него: благ е Господ кон сите и ги милува и им дава и на оние кои не Го повикуваат неговото име и Неговата дарежливост е на сите Негови дела, волјата на оние кои се плашат од Него ќе ја исполни и нивната молитва ќе ја услиша, и секоја нивна намера ќе ја исполни: ќе ги исполни Господ сите твои прозби. Само од едно пазете се, ваше богољубие, да не барате од Господа нешто за што не чувствувате крајна потреба. И тоа Господ нема да ви го откаже, заради вашата православна вера во Христа Спасителот, (бидејќи нема да го даде делот на праведните на делот на грешните, туку напротив, волјата на Својот слуга Давид секако ќе ја исполни), но ќе бара одговор за тоа што сме Го обеспокојувале без посебна потреба, што сме барале нешто без што сосема убаво сме можеле да поминеме.
Така, ваше богољубие, јас се ви кажав и на дело ви покажав што, Господ и Мајката Божја преку мене, бедниот Серафм, благоволеа да ви кажам и да ви покажам. Одете со мир. Господ и Мајката Божја нека бидат со вас сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Одете со мир.
За цело време на таа беседа и од кога лицето на отец Серафим се просветли, видението не престануваше. Од почетокот на разговорот, па до ова што сега беше речено, тој ми зборуваше, наоѓајќи се во истата состојба. Неискажливото блескање што излегуваше од него, го видов со своите сопствени очи и подготвен сум тоа и со заклетва да го потврдам

"Се она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие"
(Мат. 7,12).

 

 (Продолжува)

Св.Серафим Саровски - ПОВИК

 
 
 
Извор:
 Н. Левински- „ СЕТИ СЕРАФИМ САРОВСКИ“
Ѓаконија, Скопје 2004
 
 
 
 Со благослов на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел
 

 

Извор: ЃаконијА

Друго:

Св. Серафим Саровски - За грижењето за душата 

Свети Серафим Саровски- За Постот

Мошти на свети Серафим Саровски во Бигорскиот манастир (28.07.2008)

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная