логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



СВЕТООТЕЧКА РИЗНИЦА

Свети Игнатиј Брјанчанинов
Покајанието се состои во свест за своите прегрешенија и за својата гревовност, во тага заради нив, во принесување на таа свест и на таа тага, со помош на искрена исповед и усрдна молитва пред лицето Божјо, со одлучност и ветување дека ќе се остави гревовниот живот и дека за правило на однесување ќе се земат евангелските заповеди. За таквото покајание следува простување на гревовите, помирување со Бога, станување блиски со Бога, според јасното сведоштво на Светото Писмо.
...Спасоносниот Божји дар - покајанието - бара да го прифатиме со најголема побожност и внимание. За несреќа, со големиот дар на покајание многумина постапуваат крајно негрижливо и неуко! Тие не сакаат да сфатат дека покајанието е неспоиво со гревовниот живот. Живеејќи гревовно и чувствувајќи наклонетост кон таквиот живот, тие во одредено време прибегнуваат кон покајание, за да се измијат за миг, и веднаш потоа, повторно потонуваат во гревовна нечистотија. Колку страшно се залажуваат себеси! Последното ќе им биде полошо од првото (2. Петр. 2, 20-21).
Да го засакаме покајанието и ќе добиеме спасение. Да го примиме од рацете Господови доживотниот дар на покајание, и во свое време ќе добиеме вечен дар на спасение. Себлагиот Бог ќе им даде блаженство на вечноста на оние кои вистински се каат, кои се помириле со Него и станале Негови.
Ако постојано очекуваш благодат - внимавај: се наоѓаш во опасна положба! Таквото очекување сведочи дека за себе скриено сметаш дека заслужуваш почести, а пак тоа покажува дека во тебе тлее гордоста.
Покајното чувство на плачот треба да биде својствено на карактерот на христијанинот кој се кае. Оставањето на плачот е знак на измама и заблуда.
Трезвеноста се стекнува постепено: се стекнува долго и напорно; се раѓа првенствено од внимателно читање и молитва, од навика да се внимава на себе, да се бдее, секој збор и секое дело претходно да се промислува, да се внимава на сите свои помисли и чувства, да се внимава на себе, човекот на никој начин да не стане плен на гревот.
За престојување во трезвеност треба внимателно да се чува свежината и светлината на умот. Умот се помрачува од неблагоразумна употреба на храна, спиење, од многуглаголивост, расеаност и секојдневни грижи.
Прелест е повреда на човековата природа со лага. Прелест е состојба на сите луѓе, без исклучок, предизвикана од падот на нашите прародители. Сите ние сме во прелест. Свеста за тоа претставува најсигурна заштита од прелеста. Најголема прелест е да се сметаш себеси слободен од прелеста. Потребно ни е ослободување од лажната состојба во која се наоѓаме, потребна ни е Вистината. Вистината е нашиот Господ Исус Христос (Јован 8, 32; 14, 6). Да влеземе во таа Вистина со вера во Неа; со молитва да воскликнеме кон Неа и Таа ќе нѐ извлече од бездната на самоизмама и демонски лаги.
Сите облици на демонска прелест никнуваат од тоа што во темелот на молитвата не е положено покајанието и тоа не станало извор, душа и цел на молитвата.
Има многу заразени со прелеста „мнение“. Секој што нема скрушен дух и кој си припишува какви било вредности или заслуги, секој кој не се држи непоколебливо до учењето на Православната Црква, туку за кој било догмат или предание расудува произволно, според сопствено мислење или според инославно учење, се наоѓа во таа прелест.
 
Свети Исак Сирин
Подобра е смртта во подвиг, отколку животот во пад.
Верувајте и надевајте се во покајанието, па „Божјото само по себе ќе дојде“ кај вас.

Свети Теофан Затворник
Важно е срцето да се направи чисто. Тоа е нечисто од себељубие, во кое живеат и делуваат страстите.
Срцето држете го настрана од задоволствата на светот, кои го заведуваат и го опиваат.
Во срцето треба да се роди чувство кон Бога... некогаш страв, некогаш надеж, некогаш љубов, некогаш благодарност... Целото внимание треба да се задржи на тоа, па другите помисли ќе отпаднат сами од себе. А чувството кон Бога ја раѓа Божјата благодат.
Без разлика дали живеете во пустина или во манастир, или се спасувате во светот – за секого важи законот, срцето да се чисти од страстите.

Извор:

 

 

 

 

 

 

 Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (19.12.2009)

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2078
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2094
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 539
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная