Љубовта кон Бога и ближните
Суштинската, изворна заповед е – „љуби“. Мал збор, а изразува сеопфатно дело. Лесно е да се каже „љуби“, но не е лесно да се постигне потребната мера на љубовта. Не е сосема јасно ни тоа како ова може да се постигне; токму затоа Спасителот оваа заповед ја опкружува со други, појаснувајќи ја со правила: љуби, како самиот себе си, и како сакате вам да ви прават луѓето, правете им така и вие (Лк. 6, 31). Тука се укажува на мерата на љубовта, која, може да се каже , е безмерна.; зашто, постои ли мера на љубов кон самиот себе, и постои ли добро, кое некој не би си го пожелил од другите? Меѓутоа, овој пропис сепак не е неостварлив. Суштината е во тоа, да се влезе во совршено сочувствување со другите, така да нивните чувства во потполност да се пренесат на себе, да се чувствува тоа што тие го чувствуваат. Кога ова ќе биде случај, тогаш нема да има потреба да се укажува на тоашто во конкретен случај треба да се направи за другите: самото срце ќе покаже. Ти само погрижи се да стекнеш сочувство, инаку веднаш ќе се појави егоизам, кој ќе те врати кон себе и ќе те заклучи во себе. Тогаш ни со прст нема да сакаш да мрднеш за другиот, ниту ќе го погледнеш, дури и ако умира. Кога Господ рекол: сакај го ближниот како самиот себе, сакал наместо нас во нас, то ест, во нашето срце, да стои ближниот. Ако пак таму по старото би стоело нашето „јас“, тогаш не очекувај добра.
Искорнете ги најнапред тие зли стебла на страста, па на нивно место ќе израсне едно разгрането дрво кое дава цвет и плод на љубовта.
Духовното пламтење на срцето за Господа – тоа е љубов кон Него. Таа се пали кога Господ ќе го допре срцето. Бидејќи Тој е целиот Љубов, кога ќе го допре срцето, љубовта кон него пламнува истиот час. А од љубовта – срцето пламти за Господа. Ете што треба да биде предмет за барање/ Извршувањето на Исусовата молитва представува само оружје за тоа или подобро кажано само напор кој покажува силна желба на душата да го пронајде Господ.
... Свети Јован Богослов ја почувствувал љубовта на Господа кон себе и самиот се греел со љубов кон Него. Како оган од оган, така и љубов од љубовта.
Грешницата, кога слушнала дека Спасителот е во Симеоновиот дом, отишла таму со миро во сад од алавастар и стоејќи позади, кај нозете на Господа, почнала да плаче, ги измила со солзи Неговите нозе, а потоа ги избришала со својата коса, ги целивала и ги помазала со мирото (Лк. 7, 36 – 39). Таа ништо не говори, сабо работи и со своите дела покажува најнежна љубов кон Господоа. Затоа за неа и било речено: Нејзе ù се опростуваат многу гревови, оти ме возљуби многу (Лк. 7, 47). О, кога и ние помалку би зборувале, а повеќе дејствувале и со своите дела ја сведочеле љубовта кон Господа! Ќе речеш: Кога Тој Самиот би бил тука, сВ би бил подготвен да направам за Него“. Но Тој и е тука, невидлив со Своето лице, но видлив во сите христијани, а нјпрвин во сиромашните. Невидливиот Господ помазувај Го со мирото – умносрдечната миолитва полна со љубов; а за видливиот – прави сè што можеш во корист на сиромашните, па така ќе правиш за Бога.
... Љубовта е појака од сè. Засакајте ја како ќерка... Тоа ќе ја зачне љубовта и во неа. А кога тоа ќе се оствари, тогаш совети нема да се потребни: љубовтасама сè ќе уреди.
Љубовта и стравот – обете треба да бидат на сила... Ангелите стојат пред Бога со страв и трепет... Апостолот и нам ни заповедал со страв и трепет да го совршуваме своето спасение...
... Самите тешкотии на патиштата на љубовта не ја смалуваат, туку возвишуваат љубовта, како што ветерот не го гаси, туку уште повеќе го појачува и шири пламенот на огнот.
Навистина е блажено таквото срце! Тоа уште овде чувствува радост, која изобилно се илева во срцата на избраните за живот вечен – тоа реално чувствува колку е благ Господ и го има она што е речено: Царството Божјо е внатре во вас. Зашто, каде е Самиот Бог, таму е со Него и сè Негово.
... Дури и да го положиме животот свој за Бога, и не само да го положиме, туку да бидеме изгорени, ни тогаш нема да имаме никаква корист, ако не го љубиме ближниот.
Љуби го ближниот – и тоа е сè! Колку краток катихизис! Колку едоставен закон! Само два збора: љуби Го Бога, и љуби го ближниот; дури и помалку – еден збор: љуби, бидејќи кој вистински Го љуби Бога, тој во Бога веќе го љуби и ближниот, а кој вистински го љуби ближниот, тој веќе го љуби Бога.
Пред сè друго, вежбајте се во љубовта – на дело и во чувствата – не исклучувајќи никого од оние со кои се во допир, ма колку и да бил непознат.
... Љубовта, тоа е униформа на христијаните, по која тие треба да се разликуваат од нехристијаните. Ако генералот не ја облече својата униформа, никој нема ни да помисли дека е генерал. Така и кај нас – ако некој нема љубов, никој кој умее да разликува, нема да го смета за христијанин: ни Бог, ни Ангелите, ни Светите. Дури и лужето да го викаат така, во тоа нема да има вистина.
Главно е – треба да се засакаат браќата, и големи и мали, и да се делува во духот на љубовта. Колку е некој послаб, толку поголема љубов треба да се има кон него. Ако така постапувате - љубовта ќе ве научи на сè.
Љубовта е основа на сите закони и добродетели, не само евангелски, туку и човечки, граѓански; соодветно со тоа, секое дело кое е согласно со законот, согласно е и со љубовта и секоја отценка на делото кое е во склад со законот или праведно, согласна е и со љубовта. Но љубовта е повисока и поширока од законот. Постојат дејства на љубовта кои не се одредени со позитивниот закон, но не се ни малку противзаконски; дејствата пак кои лицето потчинето на законот не ги исполнува на начин одреден со законот, се беззакони и противни на љубовта, дури и кога се насочени кон нечие добро. Ова е посебно значајно во јуридикциска смисла. Ако судијата го оправда оној што е крив против законот или го награди оној кој не заслужува награда, иако навидум ќе му направи добро на виновниот и недостојниот, ќе направи повеќе штета отколку корист, зашто ќе натети на општото добро, властите и законите.
Фали сè, ќе речете, милост на судот... Јас така пофално постапувам ако умеам да покажам милост без нарушување на правичноста на судењето, а инаку, мојата милост заслужува палка. Зашто милоста треба да се сретне со вистината. Со еден збор, и темел, и поттик, и цел на правосудието треба да биде љубовта. Зарем Крстот Христов не го решава најдобро тоа прашање?.. Колку е бескрајно голема љубовта таму и воедно каква бескрајно голема правичност.
Продолжува)
Подготви: Златко Дивјаковски
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (3 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)