Надежта
Надежта е - од верата, но кога тоа чувство ќе стане често, тоа тогаш ја засилува и самата вера. Така надежта и дава данок на верата, како своја родоначалничка. Под нивното взаемно влијание созрева светиот живот, кој како последна цел има создавање љубов во срцето.
Гледајќи ја постојано пред себе вратата на смртта, одгледувај ја христијанската надеж одгонувајќи го со неа ужасот на смртта, радувај се како оној што стапува во царски палати.
Добро правите што ја чувате надежта и живото надевање. Тие се – светлосен зрак, кој го осветлуваат патот на животот и донесуваат радост среде неизбежните животни тешкотии. Надежта и надевањето ги поддржувале мачениците во трпението и преподобните во подвигот. Стекнувајте ги сè повеќе и повеќе. Без нив е – само темнина и бескрајна тегоба.
Надежта знае дека иднината припаѓа на Господа Христа и светата Црква Негова. Таа како веќе да се сели таму живеејќи во таа иднина, не само со своите мисли туку и чувства, и увереност дека преславниот духовен живот – кој исходи од прославениот Господ и кој на Неговите делови денес им е само внатрешно својствен – во свое време и надворешно преславно ќе се разоткрие, пронижувајќи со себе сè...
Надежта е најнежниот цвет во духовната градина, но воедно и најјакиот. Штом ја задува трулежниот здив на гревот таа венее; но кога него го нема, никаква сила не може да ја скрши. Напротив, таа со својот миомирис зајакнува сè друго.
Продолжува)
Подготви: Златко Дивјаковски
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (3 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)