Верата
Верата не е нешто неважно, како вишок преку она што е неопходно, туку насушна и животна потреба, како дишењето, храната, сонот и друго. Познавањето на верата представува најнеопходно дело, па со тоа и ревноста за неа треба да биде на прво место.
Јас сум во Отецот, вие сте во Мене и Јас во вас. Тоа е ланец кој нас нè поврзува со Бога. Тоа е и сиот систем на верата. Јас не гледам дека кај вас постои сомнежи во тоа. Сметам дека ги нема.. Вие само се искушувате себеси, кога се вбројувате меѓи луѓето што не веруваат.
... Суштината на нашата вера е скриена, како во нејзината недопирливост, така и во скриеноста на нејзиното дејство во нас. Таа пред сите векови се зачнала во тајната на Триипостасниот Бог, доведена е до исполнување на начин сосема недопирлив за секој создаден ум, а се усвојува и верните ги прави причасници на себеси, исто така на таинствен начин.
Верата е – дар., но не безусловен и непосреден. На дарот на верата му претходат личната вера на која и се покорува умот, како и желбата и барањето на верата.
Правилото на верата се состои од три дела.: од познавање на содржината на верата, од прифаќање на таа содржина со срцето и од доведување на својот живот во поредокот на кој укажува верата.
Оваа вера доаѓа од Бога и го представува Неговиот царски указ кон нас, поданиците; откриена ни е со желба да ја примиме и да се спасиме со неа.
... Потполното правило на нашата вера започнува со знаење, преминува преку чувство и се завршува со животот, завладувајќи преку тоа со сите сили на нашето битие и вкоренувајќи се во неговите темели.
Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус (1 Тим. 2, 5). Така треба да се верува во Христа Спасителот, да се примаат Светите Тајни, да се исполнуваат заповедите и сè што содржи и пропишува Светата Црква. Со Господа е оној кој е со Црквата. Бидете такви, не мудрувајте залудно, и ќе бидете на спасоносниот пат.
Верата, кога е жива и пламена, не може да се крие во срцето незабележлива, туку сама по себе се искажува и низ зборови, и преку погледи, и преку движења, и преку дела.
... Верата и страдањето за неа е највисок дар.
Искрената вера е - одрекување од сопствениот разум. Умот треба да се соголи и како чиста даска да се стави пред верата, како таа би се исцртала на неа онаква каква што е, без никакви примеси на туѓи зборови и сфаќања. А ако во умот останат сопствени сфаќања, тогаш, бидејќи ќе бидат испишани сфаќањата на верата, во него ќе се појави поматеност: свеста ќе се заплеткува меѓу дејствата на верата и мудрувањата на умот... такви се сите кои во областа на верата стапуваат со сопствено мудрување, како во минатото, така и денес. Тие се заплеткуваат во верата и од нив ништо не излегува освен штети: штети за себе кога ќутат, а за други кога тој метеж не се задржува во нив, туку се излива надвор, преку нивните желби да бидат учители. Тоа е секогаш појдовна точка на лицата кои помалку или повеќе грешат во верата. Со несреќна увереност во својата непогрешливост и мачниот повик на сите да тргнат по нивниот пат.
Таа (верата) влегува во битието и крвотокот и станува неодвојлив елемент од животот.
Светоста – е цел на животот, а верата нејзин производител, заштита, ппоткрепа и остварување.
Верата... означува голем превратво верниот човек. (Таа) излева во срцето на верниот обилна благодат, која му дава сила да донесува плодови на правда и светост...
... Што е најлошо, огнот да не би се изгасил, за во срцето... Ах, ах! Каква несреќа ако се изгаси. А стоите на силен ветар. Па како да не си изгаси?! Сами ли сте го запалиле? Не. И повторнмо да биде запален, тоа исто така нема да биде ваше дело. Оној што го пали огнот, не сака да го подвалува. Моли Го и барај го тоа од Него, Тој дава еден одговор: „веќе го запалив. Зошто се изгасил?“ И повеќе нема да го запали, а ако тоа и го направи, ќе му покаже на неблагодарниот исгаснувач...
Верата е – исцелителка на душата, окрилена со надежта и загреана со љубовта.
Верата дава сè, и големо и мало, доаѓајќи од Бога нè учи сè да прифаќаме како добро, ма колку и да ни изгледало како зло. А ако не се доживува како зло, тогаш ни страв не произведува.
Тоа што не веруваат сите, не го смалува значењето на верата. Треба да се гледа на оние кои веруваат искрено, и на тоа што им се дава преку верата. Христијанската вера не е систем на учења, туку начин на обновување на паднатиот човек, со силата на смртта на богочовекот, со благодатта на Светиот Дух. Земете било кој од оние кои оделе по Господа, па ќе видите како малку – помалку растел со духот и станувал голем, со сета надворешна неугледност. Едноставен, необразован – до каде стигнал? На многу учени неверници им ја затворал устата со еден збор. Тоа е сила. А неговиот живот, каков бил? А карактерот? Така благодатта ги менува сите оние кои ù се предаваат.
Свети апостол Петар, со Божјо допуштање, слегува од бродот и оди по вода; потоа попушта пред чувството на страв и почнува да тоне. Тоа што се одлучил на така необично дело, надевајќи се во Господа, не за што не е за осуда, зашто Господ инаку не би му допуштил; прекор заслужува тоа што не оддолеал на своето првобитно душевно устројство. Го исполнила одушевувачка надеж во Господа, дека тој сè може, и тоа му дало смелост да чекори во брановите. Направил веќе неколку чекори на тој нов пат: требало само да остане цврст во надежта, гледајќи на Господа Кој е блиску и на опитот на одење со силата Негова; но тој се препуштил на човечките помисли: „ветрот е јак, брановите се големи, вбодата не е цврсто тло“ – тоа ја раздрмало и ослабило цврстината на верата во него. После тоа, тој се одвоил од рацете Господови и, препуштајќи им се на законите на природата, почнал да тоне. Господ го укорил: „Маловерни! Зошто се посомнева?“ – покажувајќи дека во тоа е сета причина за несреќата. Ете лекција за сите кои преземаат било што, големо или мало, да би угодиле на Господа! Чувајте го првобитното устројство на верата и надежта, од кои се раѓа голема добродетел – стрпливоста во правење добро, која служи како основа на Богоугодниот живот. Сè додека се чува такво расположение, одушевувањето за преземените напори не се повлекува, а препреките, ма колку и да биле големи, не се забележуваат. Но кога тоа расположение ќе ослаби, душата истиот час ја исполнуваат човечки представи за начините на сочувување на животот и водење на започнатите работи. А бидејќи тие начини секогаш се покажуваат слаби, во душата се вовлекува страв за опстанок; одтаму колебањето – дали да се продолжи понатака – а тогаш и конечното откажување. Вака треба: држи се до она што си започнал, одгонувај ги вознемирувачките помисли и биди смел во Господа, Кој е блиску.
... Не гледајте на тоа што секаде завладеала таква колебливост во верата. Во неа постои непроменлива вистина – еве ви докази...
Како што во почетокот верата е засадувана преку проповедта Господова и со значите со кои потоа е утврдувано словото, така и подоцна е подражавана и сè до денес се одржува со опипливото присуство на силите Божји меѓу верните во Светата Црква., посведочени со знаците. Затоа Господ вели: Јас сум со вас и ветил дека со нас ќе остане до крајот на вековите.
А ако е Господ со нас, кој ќе е против нас? Во дамнина Бог ветил: ќе се вселам во нив (во оние кои веруваат на словото Негово), и ќе ги водам, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ. Ние денесгледаме како тоа се исполнува на нас. Калку пати веќе сме можеле да се увериме во тоа. Слава ти, Боже! Слава ти, Боже! Слава ти, Боже!
А заблудените Господ ги советува: „ Што се колебате на секој ветар од учења? Еве каде е столбот и тврдината на Мојата вистина. Како со прст Јас ви укажувам на сигурниот пат. Држете се за Црквата, во која ја пројавувам силата Своја, и избавете се од пропаста во која ќе ве турнат вашите пусти мудрувања“.
За светиот Лот Апостолот рекол дека се мачел со душата гледајќи на безбожноста на Содомјаните и – го вброил меѓу мачениците. Таков е и вашиот чин. Мачејќи се со душата при средба со груби неверници, вие се присоединувате на благодатта на мачеништвото...
Неверниците обично виско го подигаат носот, изразувајќи ја со тоа својата надмоќ над верните. Но верата стои, и верните, во своето смирение, не губат заради тоа ништо од сигурните ветувања Божји кои ги очекуваат. И денес се гледа на чија страна е вистината... Но ќе дојде ден кога тоа ќе биде свечено објавено пред сите созданија... на бесконечна утеха на верниците и на непоправлива вечна пропаст на неверниците.
Христијанството на сите им е пред очите, како вистински знак Божји; а оние кои го гледаат и тоа не го гледаат, се колебаат во верата и одстапуваат. Нивните очи ја губат способноста на него да го видат печатот на Божественоста, па се подготвени како Јудејците, да бараат посебни знаци од небото.Но, знак никако не се дава, зашто оние што го бараат, го прават тоа само да ви искушувале, а не да би отишле по патот Христов. А ти само стапни на тој пат и уште од првиот чекор ќе видиш дека е Божествен, дека води кон Бога и Бог го приближува кон тебе. Господ на Јудејците им рекол: Нема да ви се даде друг знак... освен знакот на пророкот Јона. Господ ги предвидел денешните неверници и им подготвил одговор: Ќе се покаже знак на Синот Човечки на небото; и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата... (Мт. 24, 30).
По зборовите Божји, верата и исполнувањето на заповедите стојат на исто рамниште и ни на едното, ниту на другото не им се дава предност. Верата без дела, како и делото без вера – не значи ништо. Единствено во нераскинлива врска тие го постигнуваат нашето спасение, добивајќи ја при тоа својата вистинска цена, сила и значење.
Проба за христијаните е – верата, потпомогната со љубовта.
Љубовта се шири на темелот на верата и се умножува како цветови на погодно тло.
Верата раѓа радост и мир, радоста и мирот ја умножуваат надежта, а сè ова станува со силата на Духот Свет.
Верата во Господа – тоа е тајна на овновување на паднатиот. Ова обновуваше започнува штом некој со вера ќе Му пристапи на Господа. Но се случува и се доживува воглавно како скриено. Во сета светлост тоа ќе се појави во идниот живот, каде ќе добие и соодветна надворешна положба и статус.
Продолжува)
Подготви: Златко Дивјаковски
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (3 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
Посети: {moshits}