логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Bogorodica.LESNOVO.jpg


Монаштво

 ... Најдобар и најлесен пат на спасението е монаштвото – живот во одрекување од светот.
 ... И денес, кој од монасите ревносно ќе се прифати за делата... на крајот не станува полош од древните ревнители на Богоугоувањето во монашки чин.
 Предодредете се за живот во кој и рацете и нозете ќе прават едно, а душата ќе биде должна да се занимава со друго, ако сака да се спаси.
 Манастирот и монашењето представуваат силен поттик, но не сами по себе, туку заради мислите кои при тоа се неизбежни...

 Апостолот Павле заклучил дека ако некој сака да се спаси, не треба да се жени и врзува со семејни дела. Зашто оној што е без семејство, полесно ќе му угоди на Бога. За оној што е без семејство во светот има многу соблазни. Добро ќе направиш ако се засолниш во манастир.
 Совесно држи се до севкупниот  манастирски поредок, сметајќи го секое дело кое на тој поредок ти следува како да ти е испратено од Самиот Бог, а работата во манастирските работи нека е посветена на Господа, како Самиот Тој да стои пред Тебе и да те набљудува.
 ... Скитот е престојувалиште на оние што живеат исклучиво духовен живот. Жителите  на скитот, штом се најде внатре во неговата ограда, нека се смета за погребан.
 Гаснењето на страсните помисли и движења, сè до нивното потполно исчезнување... и е целта на подвижништвото. Затоа, што и страстно да забележи те, наоружајте се против тоа не жалејќи се себеси.
 Никој не треба со сила да се влече на тој тежок пат. Нека таа самата стапи на него, од најдлабоко убедување и преумување за тој пат и неговата погодност за неа...

 Ако сакаш да Му се посветиш на Господа, тогаш нема причина да се водиш по светот, во кој не живее дух Христов.А ако не сакаш  – нека ти биде по волјата. Господ сака кога невестите по слободна волја му пристапуваат.
 ... Зарем мантијата е голема работа?! Мантијата е – униформа. Таа ништо не додава ниту одзема во духовниот живот. Погледнете ги оние што сега добиле мантија: зарем станале посвети? Исти се. А ако почнале и да се размавтуваат со мантијата, тогаш станале и полоши.
 Можно е и без манастирот и без монашката облека да се води монашки живот.

 Постои правило од старците: седи во келијата и таа на сè ќе те научи. Во келијата старците заповедаат занимавање со молитва, читање и ракоделие, преминувајќи од едно на дрго. Така уредете ги работите и ќе живеете како во рај... како господарка над себеси и над сите свои дела... а потоа и над мислите и чувствата... Главно е тука да се навикнете секогаш да бидете во она што е единствено потребно.
 Силата на потстригот не доаѓа од лицето кое го совршува, туку од усрдноста на оние кои го примаат и од верата во Господ кој е тука присутен.
 Со потстрижувањето на косата нека се одсечат и сите земски помисли, чувства и движења...
 Мене ми изгледа дека вие сепак ќе стапите во манастир и ќе бидете птички кои му пеат на Бога пофална и благодарствена песна – а понатака, кога ќе се очистите со страдања и лишувања, ќе станете Ангели кои постојано го слават Триипостасниот Бог.
 Нека Господ ве благослови достојно да се подготвите за примање на потстригот. Иако е потстригот уште мал, сепак треба да го примите со внимание и побожност. Името кое сте го избрале е добро. Нека Господ ви ги подари солзите Магдаленини и нејзината љубов кон Господа. Кога ќе го облечете расото, гледајте да не помислите дека сè е завршено, па сега можете да ги одложите другите оружја. Не, можеби точно тогаш ќе отпочне бура. Сега вас непријателот уште не ве разликува сосема, но кога ќе се облечете, ќе станете воочливи, и ќе му биде лесно да одпушта стрели на вас. Затоа пристапувајте со страв.

 Келијата е гроб, а ние – мртовци. Кога ќе дојде оживувањето? Господи, спаси и помилуј!
 Потстригот ќе дојде во свое време. Тој е знак. И секако, многу е подобро да се прими тогаш кога во душата тврдо се востановило сè она што тој означува. Малиот потстриг сеуште не е вистинскиот потстриг. Постои ангелски образ. – схима: таа им следи на оние кои што постигнале извесна мера на чистота, искусни во борбата против страстите, оние кои никогаш не подлегнуваат на искушенијата и ги отфрлаат сите ѓаволски замки. Основниот чин – расофор, не е повеќе од белегот на овците, дека е од нашето стадо, а што од неа ќе излезе, кој знае?

 ... Во последното писмо кај вас се работи за сериозна работа – за схимата. Некој може да земе схима како од шала – и тука нема што да се размислува. Но, ако схимата ја земете на себе како што треба, тогаш нема да може да се одбраните од мислите кои ќе ве снајдат.  Тоа се и мислите кои требало да ја исполнат вашата глава, кога сте чуле дека сакаат да ве замонашат во схима. Првата мисла е – дека тоа е желба на другите, а не веша. Како да имаат во вид нешто друго, а не вашата потреба. Нека ти се други и претоставени лица, но во така важно дело како што е схимата не тие не треба да дејствуваат единствено по своја волја, туку треба да ги имаат во предвид и тие кои сакаат да се замонашат во схима. Ако сакаат тоа дело да го извршат по Бога, тогаш и вас треба да ве прашаат. Еве ви сега и други несигурности: што да одговорите кога ве прашуваат? Размислувајте за тоа. Вие мене ме прашувате како да се однесувате. Јас не можам ништо конечно да ви кажам. Сами одлучете. Схимата укажува на тоа дека оној кој ја носи е мртов – дека е мртовец, но жив. На схимата има мноштво крстови. Тоа значи дека схимникот е распнат, дека виси на крст и не може да се помести. Ако кај вас постои ова самораспнување или усрдно го посакувате и заради него сте спремни на сè, тоа ќе биде сведоштво дека сте спремни за схима. Со тоа и решете го прашањето. Но, ако сеуште не сте распнати ако се двоумите во желбата да се распнете... тогаш е подобро монашењето во схима да го одложите. Времето ќе покаже. Вие не сте стари... Меѓутоа, работата може да се гледа и вака. Самораспетието е – внатрешно (духовно) дело. Сеедно е дали има или нема надворешно укажување на него, зашто тоа ништо не му додава на внатрешното. Но, еве што може да се случи: надворешно укажување на самораспетието да постои, а самото самораспнување да го нема. И што во тој случај представува монашењето во схима?!! Комедија? Луѓето може нема да се смејат; Ангелите не само што нема да се смејат, туку побрзо ќе плачат; единствено демоните ќе удрат на смеа, и тоа таква, што ако нашиот слух би се отворил, потполно би оглувеле. Секако, недостатокот на самораспнување во моментот на примањето на схима може да се надомести потоа – но кој знае што ќе биде потоа? Не, многу е подобро – првин да се распнеме, па потоа да се замонашиме во схима. Можно е да се задоволиме и со зачетоците на самораспнувањето, со тврда волја со тоа да се продолжи и тоа да биде доведено до зрела состојба. Во тој случај ви предстои напор така да се поставите, така да околностите во кои се наоѓате да не му сметаат на созревањето на вашето самораспнување.
 Схимата не е потврда на заветот на крштението, туку додавање нови завети на нив... Схимникот е – мртовец; не оној кој се стреми кон умирање... туку мртовец.

 Целта на напорите на монахот е – задобивање на подвижнички добродетели, и надворешни и внатрешни, и телесни и духовни; целта на стремење кон схимата е – достигање или воспоставување на тоа, на темелот на подвижничките врлини (добродетели) да може да биде достигнато или воспоставено духовното... Схимниците треба да стапат во друга, дуовна област... а монахот уште се бори и бие во обичната средина... Таквите и слични работи претставуваат разлика... но не во суштината на духот туку во степенот...
 Келијата е – гроб. Од тој гроб духовно подигнете лествица кон небото... качувајте се по неа, входувајќи во своето срце; а околу подигнете ограда, многу тврда и толку висока, да зајде зад воздушните области и да не им дозволи на духовите на злобата преку неа да прелетаат кај вас.
 Под завети секако се подразбираат делата, т. е., работната страна... Но главно е – духовното устројство. Ако е тоа целта, тогаш било каква промена во надворешниот тек на работите не донесува никаква штета или губиток.

 Би требало да се подигне монашкиот дух. Но како? Великите старци, основателите на манастирите, го предвиделе тоа...  Што тука може да се направи?.. Духот на светот станува сè појак! Тој зафаќа сè. Ете кај е коренот. На тоа Синодот треба да се спротивстави.
 Вашата пријателка се плаши од монаштвото? Па ние монасите навистина се прифаќаме за срашно дело. Размислете: што е монахот? Не смееш ова, не смееш она и нема крај – ништо не смееш. Само Бог и душата – тоа е монах. Како да се дојде до тоа? Како сакаш, но дојди; зашто во мерата во која некој не е таков, тој не е ни монах. Ма колку тоа и тешко да било, духот на ревноста доаѓа и го растерува секој страв. Тој дух е незапирлив. Тој надоаѓа, станува прифатен од срцето и произведува во човекот големи пресвртници. Такво е потеклото на сите вистински монаси! Потоа, може да се каже дека монасите не се прават самите себе монаси.

 Вашите смирени чувства дека толку сте проживеале во светот и во манастир, а не гледате никаков успех, како и ништо да не сте преземале – благословени се и секогаш треба да пребивате во нив. Меѓутоа, штом се разудите, првиот ваш збор нека Му биде упатен на Бога: дај ми Господи да поставам добар почеток!

 Тоа што имаш келија – добро е. Но треба да воведеш и келиски поредок. Тој поредок бара да не се оптеретуваш со грижи. А ти имаш грижи во врска со собирање на прилози. Осаменоста во келијата е дело Мариино, а грижите околу прилозите се дело Мартино. Тие дела не можат да живеат заедно, едното и другото. Збирањето на прилози треба да се отфрли.
 Тоа што имаш келија – добро е. Но треба да воведеш и келиски поредок. Тој поредок бара да не се оптеретуваш со грижи. А ти имаш грижи во врска со собирање на прило. 
 
Манастир

 ... Манастирот е најдобро место за постигнување на спасението – кога некој со разум стапи во манастир и паметно живее во него.
 Манастирот навистина претставува место за спасение и обител на оние кои се спасуваат, но и едното и другото е невидливо; а тоа што е видливо - сè изгледа секојдневно. Таму се одвиваат два животни поредоци: еден внатрешен, а друг надворешен. Сите послушанија кои во манастирот се наоѓаат, се однесуваат на надворешниот живот. Оној што не знае дека тие послушанија се неопходни само затоа што ние во манаситр со себе го носиме и телото, и дека делото на спасение на душата треба да се одвива меѓу тие послушанија, по свој посебно востановен поредок – веќе на првиот чекор може да се одврати од манастирот, сметајќи дека тие послушанија не одговараат на неговата цел и расположение или пак може да остане во манастирот, а при тоа сиот монашки подвиг да го ограничи само на овие послушанија... и со тоа да се труди залудно, не правејќи ничекор кон очистување и спасение на својата душа...

 Во манастир не влече документ, туку посебен призив Божји.

  За спокојство во манастирот немојте да фантазирате... Гледајте го тесниот и макотрпен пат... Тој е вистинскиот.
 Сè што можете да направите за ближните, живеејќи заедно со мирјаните, се однесува на пет, десет или ретко петнаесет луѓе. А во манастирот е секогаш повеќе од сто... па и до илјада. На тој начин во манастирот за ближните може да се направи десеткратно и стократно повеќе отколку во светскиот живот; духовниот живот таму се разоткрива на начин недостижен за мирјаните, што претставува уште еден нов и незаменлив додаток.
 Манастирот е заедница на оние кои се борат против себе, поради Царството Небесно... оне кои (во манастирот) живеат духовно и силно, не се гледаат и избегнуваат да се покажат, додека оние што живеат полесен живот секогаш се гледаат и истакнуваат по своето надворешно држење.
 Игуменството ништо не ви додало; а ако размислите за тоа што тоа означува, тогаш и самите на себе нешто ќе си придодадете и тоа не од надвор, туку внатре: повеќе равност и неумурно Богонаблјудување – од тоа во душата ќе се излева мудрост.

 Манастирскиот живот не е така тежок како што ви се чини. Тоа што таму е тешко, не се напорни работи, туку отфрлањето на сопствената волја; значи, да се прави она што ќе ни наредат и да се покоруваме на сестрите, началниците и претпоставените... Бог како награда за тоа дава внатрешен мир и спокојство во прегратките на смирението.

 Сега сте се нагледале манастири и гледате дека во нив има уште благодат Господова. Да, има кај нас многу, многу вистински манастири, каде што под добар надзор созреваат чеда Божји. А колку од нивните плодови се насекаде околу нас?! Нека жалат сите што не виделе монаси, туку само собирачи и собирачки на прилози во Петеруг и Москва. Сепак, при сево ова треба да се знае дека ако нас монасите нè напаѓаат, тоа е затоа што сами даваме повод. Добро би дошло малку повеќе страв. Но, тука е Господ, Кој сите ги исправува.

 Го завршив Уставот на свети Пахомиј – го земам Уставот на Василиј Велики, и едниот и другиот се строги... На прокураторот треба да му се рече да не станува против  манастирот, туку само да инсистира на строго применување на древните Устави. Половината монаси ќе се разбегаат. Но воедно, мислам дека ќе дојдат пет пати повеќе нови ревнители. Многу не одат во манастирите заради раслабленоста во нив. Кога ќе биде построго, ќе дојдат и монаси, зашто таквиот живот ќе им се допадне.

 Ми падна на памет мисла дека во манасирите многу нешта чкрипат затоа што немаме авторитетен устав, на кој настојателите и настојателките би можеле да се потпрат, како би делото на управување го воделе како што треба. Тие не можат да подвикнат, како да се плашат, а нивниот монах го вознемирува братството како ќе му текне. Кога би постоел устав, секој би видел дека настојателот е во право кога вика и дека монахот е обврзан да слуша, а ако не сака – тогаш да поднесе казна.

 Често освежувајте ја својата душа посетувајќи манастири. Ако денес некаде може да се види светлоста Божја, тоа е само во манастирите.
 Навикнувајте се на одвојување од светските обичаи, укинувајќи ги сè повеќе и повеќе; постепено, колку можете, преминувајте во осаменост и пребивање насамо со Господа. Навикнувајте се да ги чувате сетилата: окото од гледање, увото од слушање, вкусот и допирот – од сласти и нежности... пред сè навикнувајте се на молитвен напор, било да сте во домот Божји или сами во келијата, паѓајќи од срце ничкум пред Господа колку почесто можете.

(Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная