логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.S.Sarovski3.jpg


ДОДАТОК
I

ДУХОВНИ ПОУКИ НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ СЕРАФИМ ЗА СВЕТОВНИЦИ И ЗА МОНАСИ

"Духовните поуки" на преподобниот отец Серафим ги собрал, запишал и прв пат ги издал во свет послушаникот на Саровската пустина, отец Сергиј, подоцна јеромонах на Троица-сергиевата лавра и архимандрит на Висоцкиот Серпуховски манастир. Нему му припаѓа и првиот животопис на отец Серафим, составен во 1837 година.
Митрополитот Филарет Московски, кој секогаш длабоко го почитувал големиот саровски старец и подвижник, го прегледал и го поправил .делото на отец Сергиј, за да ги отстрани можните пречки за негово печатење.
На 2 август 1838 година, тој му пишувал на својот намесник, архимандритот Антониј: "Ви ги испраќам, оче намесниче, поуките или духовните совети на отец Серафим што ги прегледав. Си дозволив да изменам или да дополнам некои изрази, делумно за јазикот да биде поправилен, а делумно за мислите кои не се доволно потполно или доволно вообичаено изразени, да ги заштитам од неправилно разбирање или порекнување. Погледнете и кажете ми дали може да се каже дека никаде не сум ги променил или повредил мислите на старецот".
Во 1839 година, "Духовните поуки" на преподобниот Серафим го здогледале светлото на денот, иако не заедно со житието на светиот старец, туку во книгата: "Кус преглед на животот на старецот на Саровската пустина, схимонахот и пустиник Марко" (33 "духовни поуки" на отец Серафим).
Житието пак на отец Серафим, кое го составил отец Сергиј, по многуте долготрајни подготовки, излегло дури во 1841 година.
Вниманијата на богољубивите читатели се предлагаат во најпотполн вид на мудри "духовни поуки" на светиот старец, отец Серафим. Некои од неговите "поуки" се веќе наведени, особено во XVI и XVII поглавије.

1. За Бога
Бог е оган кој ги загрева и пали срцата и внатрешноста. Ако во срцето почувствуваме студенило (кое е од ѓаволот, бидејќи тој е студен), да го повикаме Господа и Он ќе дојде и ќе го загрее нашето срце со совршена љубов, не само кон Него, туку и кон ближните. Пред топлината се повлекува студенилото на добромрзецот.
Еднаш отците ги прашале за Бога. На тоа, тие напишале: "Барај го Господа, но не испитувај каде живее".
Каде што е Бог, нема зло. Се што произлегува од Бога е мирно и корисно, па го води човекот кон смирение и самоосудување.
Бог не ни го јавува Своето човекољубие само кога правиме добро, туку и тогаш кога Го навредуваме и кога Го нажалуваме. Колку ли само Он долготрпеливо ги поднесува нашите беззаконија. Колку ли не штеди, дури и кога не казнува!
Не нарекувај Го Бог праведен - вели преподобниот Исаак - бидејќи во твоите дела не се гледа Неговата правда. Иако Давид Го нарекол праведен и правдољубив, сепак Неговиот Син ни покажа дека Он повеќе е благ и милостив. Каде е неговата правда? Ние сме грешници, а Христос умре за нас" (И. Сирин, Слово 90).
Онолку колку што човекот постигнува совршенство пред Бога, толку и оди по Него. Во вистинскиот век Бог ќе му го покаже Своето лице. Зашто, праведните овде го согледуваат како во огледало, а таму ќе го видат јавувањето на Вистината.
Ако не го познаваш Бога, не е можно во тебе да се разбуди љубов кон Него. Не можеш да Го сакаш Бога ако не Го гледаш. Гледањето на Бога доаѓа од Неговото познание, бидејќи согледувањето на Бога не претходи на Неговото познавање.
За Божјите дела не треба да се расудува според наситувањето на цревата, бидејќи во полниот стомак нема познанија на Божјите тајни.

2. За тајната на Светата Троица
За да ја согледаме Светата Троица, потребно е за тоа да се распрашаме кај Василие Велики, Григорие Богослов и кај Јован Златоуст. Тие учеле за тоа и нивното застапништво може на човекот да привлече благослов од Најсветата Троица. Сами, пак, треба да се чуваме од непосредно согледување.

3. За причините за доаѓањето во светот на Исуса Христа
Причини за доаѓањето во светот на Исуса Христа, Синот Божји се:
1) Љубовта Божја кон човечкиот род: "Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син" (Јован 3,16).
2) Воспоставување на образ и подобие Божје во паднатиот човек, како што за тоа пее светата Црква (1 канон на раѓањето Господово, 1 песна): "Оној кој беше создаден според образот Божји, но заради престапите падна во трулежност и стана распадлив, отпаѓајќи од божествениот живот, мудриот Создател сега го обновува".
3) Спасението на човечките души: "Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него" (Јован З, 17).
Управувајќи се според тие цели на нашиот Избавител Господ Исус Христос, должни сме целиот живот да го поминуваме согласно со Неговото божествено учење, за преку тоа да постигнеме спасение на душите.


4. За верата во Бога
Пред се треба да се верува во Бога, "оти Он постои и дека ги наградува оние, што Го бараат" (Евреите 11, 6).
Верата, според учењето на преподобниот Антиох, е почеток на нашето соединување со Бога. Кој верува вистински, тој е камен на храмот Божји, подготвен за здание на Бога Отецот, подигнат на висина со силата на Исуса Христа, т.е. со крстот, со помош на јажиња, т.е. Благодатта на Светиот Дух.
Верата без дела е мртва (Јак. 2, 26), а дела на верата се љубов, мир, долготрпеливост, милост, смирение, носење на крстот и живот по Духот. Само таквата вера се смета во правда. Вистинската вера не може да биде без дела. Кој верува вистински, секако има и дела.

5. За надежта
Сите што имаат надеж во Бога, одат кон Него и се просветуваат со блескањето на вечната светлина.
Ако човекот воопшто нема никакви грижи за себе заради љубов кон Бога заради делата на доблестите, знаејќи дека Бог се грижи за него, тогаш има вистинска и мудра надеж. А, ако човекот сам се грижи за своите потреби и Му се обраќа на Бога со молитва и почнува да се надева во Неговата помош само тогаш кога ќе го притиснат неизбежни неволји, и кога ќе види дека нема сопствени сили ниту средства за да ги одбие, тогаш неговата надеж е залудна и лажна. Вистинската надеж го бара единствено Царството Божјо, уверена дека се земно, што е потребно за времениот живот, ќе и биде дадено.
Срцето не може да има мир се додека не ја здобие таа надеж. Таа го смирува и во него влева радост. За таа надеж најсветата и најдостојна уста рекла: "Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам" (Мат. 11, 28), т.е. Оној кој се надева во мене, ќе се утеши од трудот и стравот.
Во Евангелието според Лука е речено за Симеон: "Нему Светиот Дух му беше прорекол оти нема да види смрт, дури не Го види Христа Господов" (Лука 2, 26). Тој не ја закопал својата надеж, туку го чекал саканиот Спасител на светот. Примајќи Го радосно на своите раце, тој рекол: "Сега ме отпушташ, Владико, да отидам во саканото Твое Царство, бидејќи ја добив својата надеж - Христа Господов".

6. За љубовта кон Бога
Оној кој стекнат совршена љубов кон Бога, во овој живот постои како воопшто да не постои. Бидејќи тој смета дека е туѓ за се видливо, со трепет очекувајќи го невидливото. Тој целиот се преобразил во љубов кон Бога и ја заборава секоја друга љубов. Кој се сака себеси не може да го сака Бога, а кој не се сака себеси заради љубовта кон Бога Тз го љуби Бога.
Оној што вистински го сака Бога се смета странец и поминувач на земјата, бидејќи со душата и со умот во својот стремеж кон Бога Го согледува Него единствениот.
Душата што е исполнета со љубов Божја, за време на своето излегување од телото нема да се плаши од воздушниот кнез, туку заедно со ангелите ќе полета како од туѓа земја во татковината.

proleten.c.jpg7. Против непотребната грижа
Преголемата грижа за житејските работи е својствена за човек кој е неверник и малодушен. Тешко нам, ако грижејќи се за себе, не се утврдиме во надежта во Бога, Кој се грижи за нас! Ако видливите добра кои ги користиме во овдешниот век не Му ги принесуваме Нему, како може од Него да ги очекуваме оние богатства кои се ветени во иднината? Да не бидеме толку маловерни, туку да го бараме најнапред царството на Бога... и се ова ќе ни се придаде, според зборовите на Спасителот (Мат. 6, 33).
Подобро за нас е да го презираме она што не е наше, т.е. времено и минливо и да го сакаме нашето, т.е. нетрулежност и бесмртност. Бидејќи, кога ќе станеме нетрулежни и бесмртни, ќе се удостоиме со видливо богосогледување, слично на апостолите при божественото преображение и ќе учествуваме во надумнотот соединување со Бога, слично на небесните умови. Бидејќи, ќе бидеме слични со анѓелите и со синовите Божји, станувајќи синови на воскресението (Лука 20, 36).

(Продолжува)

Извор: ЃаконијА

Друго:

Св. Серафим Саровски - За грижењето за душата 

Свети Серафим Саровски- За Постот

Мошти на свети Серафим Саровски во Бигорскиот манастир (28.07.2008)

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная