логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


    Кој месец е сега отец Арсениј?
Отец Арсениј се присети на чудесниот случај на грижата на Пресвета Богородица за нив, кога тој и старецот Јосиф Исихаст беа уморни и изнемоштени, од студената зима и со тешкотии дојдоа во храмот.
     „Влегувајќи во храмот почувствувавме прекрасен мирис на две свежи јаболка прикачени на иконата на Пресвета Богородица."
Старецот беше похрабар, ми рече: „Отец Арсениј, ќе ги изедеме тие јаболка и ќе му се помолиме на бројаницата на оној што ги донел на подарок, ни ги оставил, бидејќи сме во неволја.“ Јаболката беа толку слатки, што си велевме дека се како рајски јаболка. Само што ги изедовме, ни се отвори умот и се погледнавме еден со друг.
" Кој месец е сега, отец Арсениј?" А беше некаде кон крајот на февруари. Од каде толку свежи јаболка во овој период од годината? Во истиот момент паднавме на колена пред иконата со солзи и заблагодаривме на Богородица за овој небесен дар, во кој се покажа нејзината нежна мајчинска љубов.


Од сеќавањата на старецот Јосиф Исихаст.

fb Hristijanski Braka

 Premin.90b.jpg


Житие: Старец Јосиф Исихаст



Старец Јосиф, во светот познат како Франциско Котис, е роден во Лефкес, на островот Парос, на 12 февруари 1897 година. Татко му се упокоил кога тој бил младо момче и поради тоа морал да замине во пристаништето Пиреја за да работи и да му помога на своето осиромашено семејство, затоа што бил втор по големина од браќата. Имал шест браќа и сестри. Во текот на раните дваесетти години од 20 век, горејќи со „невештествен оган“, дошол на Света Гора. На почетокот, кратко време живеел во Вигла, близу до манастирот на Големата Лавра, а потоа осум месеци бил духовно воден од скромниот Старец Даниил Катунакијски.

Подоцна, пак, се потчинил на послушание кон еден прост, постар монах по име Ефрем, кој живеел во колибата на Благовештението во Катунакија. Во Катунакија, во пештерата на свети Атанасиј, Старец Ефрем го потстрижал Франциско во голема схима и му го дал името Јосиф. Младиот отец Јосиф се оддал на најстрог и натчовечки подвиг на пост, сиромаштво, оскудност и [трпење] неволји. Подвизите ги извршувал напоредно вежбајќи се во непрестајната умно-срдечна молитва. Ревноста никогаш не ја загубил, ниту кон крајот од животот – дури и ја зголемувал, нешто што ретко се достигнува.

Низ подвигот и искушенијата го носел крстот на љубовта, во дух на крајно себеодрекување. Максимално се подвизувал во пост, сеноќни бденија и молитва. За време на Великиот пост јадел само 80 грама брашно, приготвено со малку вода и сол, а останатото време јадел храна колку што собира една мала конзерва од сардини; тоа му било за цел ден. Оваа оскудна количина била приготвена без масло, освен во сабота и недела. Вака тој се подвизувал триесетина години, додека не се собрало последното негово братство.    

Се упокоил во Господ на празникот на Успението на Мајката Божја, како што му била желбата, согласно ветувањето што Светата Дева му го имала дадено – во петок, утрото на 15/28 август 1959 година, по Божествената Литургија и по примањето на Светата Причест.

Тропар
Ко на пустина жител, а и трезвен првоборец, тајник созерцателен бидна, Јосиф, отче преподобен. Со бдение, со молитви и пост, небесните ги прими дарови. Затоа, моли се ти за нас, зашто со вера смело воскликнуваме: Слава на Тој што т’осветли со сјај, слава на Тој што те овенча, слава на Тој што низ тебе и нам ни дава благодат.

 Premin.90c.jpg

 

DSCN7797-Copy-copy

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1060
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3377
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7931
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/02/2025 - петок

Светиот великомаченик Теодор Стратилат; Светиот пророк Захарија; Свети Сава II, архиепископ Српски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот епископ Лампсакиски Партениј 20 февруари/ 7 февруари  2025

Тропар на преподобниот епископ Лампсакиски Партениј 20 февруари/ 7 февруари 2025

  Лекувањето на немоќните, бедните, ранетите, паднатите,не престанува ни денес по твоите свети молитвио, Партение пријателу на Бога Живиот,ти кој...

Тропар на светиот Епископ Христов Вукол Смирненски19 февруари/6 февруари  2025

Тропар на светиот Епископ Христов Вукол Смирненски19 февруари/6 февруари 2025

Пастиру Христов Вуколе свети,од ученикот на љубовта, богословот преку кого Духот глаголаше,ти епископски жезол прими,мракот на незнаењето го осветлии вселената...

Тропар на светата Христова маченичка Агатија 18 февруари/ 5 февруари 2025

Тропар на светата Христова маченичка Агатија 18 февруари/ 5 февруари 2025

Господе Боже наш, како јагне поведено на колење за наше искупување, послушај ги молитвите на Твоето јагне Агатија,и заради нејзината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная