Сите сакаат да имаат мир, но не знаат како да го добијат. Пајсиј Велики се гневел и Го молел Господа да го избави од раздразливоста. Господ му се јавил и му рекол: „Пајсиј, ако сакаш да не се гневиш, не посакувај ништо, никого не осудувај и не мрази, и нема да се гневиш“.
Така и секој човек, ако ја отсекува својата волја пред Бога и пред луѓето, секогаш ќе има мир во душата, а оној што сака да ја извршува својата волја, никогаш нема да има мир.
Преподобен Силуан Атонски
Кој го љуби Господа, тој секогаш се сеќава на Него. Сеќавањето на Бога ја раѓа молитвата. Ако не си спомнуваш за Господа нема ниту да се молиш, а без молитвата, душата нема да престојува во љубовта Божја. Преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух. Кога е во состојба на молитва човекот се чува од гревот. Тогаш неговиот ум е зафатен од Бога и стои пред лицето Господово, а Бог ја препознава душата на оној што ги кажува молитвените зборови.
http://www.pppe.mk/tag/sveti-siluan-atonski/
Свети Силуан Атонски