логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Hristos.Prichestuva

КОЛКУ ЧЕСТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИЧЕСТУВАМЕ СО СВЕТИТЕ ТАЈНИ?


„Ти си изложен на несреќи, зашто веќе пет седмици не си се причестил со светите Тајни“
(Преподобен Макариј Велики)


                  Во четвртата прозба од Господовата молитва „Оче наш“ ние просиме секојдневно да ни биде даруван „лебот насушен“. Според толкувањето на многу отци од Црквата, овде треба, пред сè, да се подразбере не обичниот леб и јадење, кои Бог нам ни ги подава во изобилство и без наше просење (Матеј 6: 31-32). Така, свети Кипријан пишува: „Лебот наш ние го нарекуваме Христа, зашто Он е Леб за оние, кои го вкусуваат Неговото Тело… Овој Леб, секојдневно да ни се дава, просиме ние, кои престојуваме во храмот и кои Евхаристијата секојдневно како храна за спасение ја примаме, во таа смисла, за да не произлелзе некаков тежок грев и да не ни биде забрането да се соединуваме со овој Небесен Леб… Затоа секојдневно просиме да ни се дава Лебот наш, за ние, кои пребиваме во Христа, никогаш да не отстапиме од осветувањето со Неговото Тело“.
               Свети Јован Касијан-Римјанин вака пишува по ова прашање: „Лебот наш насушен дај ни го денес. ‘Насушен’, односно, ‘над-суштен’ – повисок од секаква суштина, каков што може да биде само Лебот, кој слегол од небото. Кога се изговара ‘денес’, се покажува, дека вчерашното негово вкусување е недоволно, ако тој исто така и денес не ни е предаден, – убедувајќи нè во таквата негова секојдневна потреба, во секое време да ја изливаме таа молитва, така што, да нема ден, во кој не би имале потреба да го поткрепуваме срцето на нашиот внатрешен човек со примањето и вкусувањето на тој Леб“.
             А еве го мислењето за ова и од свети Василиј Велики. Во писмото до Кесарија тој пишува: „Добро и корисно е да се соединуваме и да ги примаме светото Тело и Христовата Крв секој ден. Ние во седмицата се соединуваме четирипати: во недела, во среда, во петок и во сабота, а исто така и во оние денови, кога ќе се случи празник на било кој светител“.
Преподобен Нил Сорски секојдневно се причестувал со светите Тајни и велел дека, причестувањето со нив „видливо ги поддржува силите на телото и душата“.
                Исто такво мислење имал и свети Амвросиј Милански. Во книгата „За Тајните“ тој пишува: „Ако многукратно се излива Крвта, која се излива за отпуштање на нашите гревови, тогаш треба постојано да се прима, за да се отпуштат моите гревови, и ако јас постојано грешам, тогаш постојано мене ми е потребен и лек…
Примај го секој ден тоа, што може да те исцели. Живеј така, за да бидеш постојано достоен за тоа соединување (причестување)“.
             Свети Теофан Затворник, исто така, благословил едно свое духовно чедо, секој ден да се причестува со светите Дарови.
Свети праведен Јован Кронштатски укажувал на заборавеното апостолско правило – да се исклучат од Црквата оние, кои три седмици не пристапиле кон светата Причест.
          Преподобен Серафим Саровски ги советувал дивеевските сестри: „Задолжително треба да се исповедаме и причестуваме во сите пости и, освен тоа, на дванаесетте и големите празници: што почесто, тоа е подобро, не измачувајќи се себе си во мислите, дека сме недостојни, и не треба да ги пропуштаме можностите, што почесто да се удостојуваме со благодатта, која ни е дарувана преку соединувањето со светите Христови Тајни. Благодатта, дарувана во соединувањето, е толку многу голема, така што, колку и да е недостоен и грешен човекот, доволно е само смирено да ја осознае својата голема грешност, па така да пристапи кон Господа, Кој нè искупил сите нас, дури и да е од главата до нозете врзан со гревови, тие ќе бидат исчистени со Христовата благодат, сè повеќе и повеќе ќе засветли, потполно ќе се просветли и ќе се спаси“.
Се разбира, многу убаво е да се причестуваме и кога ни е именден и роденден, а брачните другари и на денот кога се венчале. Отец Алексиј Зосимовски им наредил на своите духовни чеда да примаат причестување во спомен-деновите кога се починати нивните ближни, како и на нивните имендени, зашто на таков начин општат душите на живите со починатите.
Во желбата за причестување што почесто (може да биде дури и секој ден), потребно е да се следи советот на свети Симеон Нов Богослов: „Оној, кој не ги открива секојдневно тајните на своето срце, кој и за направените гревови од незнаење не принесува потребно покајание, кој не е постојано исполнет со плачење и жалост, и сево ова совесно не го исполнува, тој сигурно е недостоен за секојдневно причестување. А кој сево ова го извршува со воздишки и во солзи го поминува текот на својот живот, тој доволно е удостоен да биде причестен со божествените Тајни, не само во празниците, туку и секојдневно, па дури – ќе кажам со храброст – со самиот почеток на покајанието и своето обраќање“.
Како што пишува архиепископот Арсениј Чудовској: „Постојаното причестување потребно е да биде идеал за сите христијани. Но, непријателот на човечкиот род веднаш сфатил, каква сила ни дарувал Господ во светите Тајни. И тој започнал дело за отстранување на христијаните од светата Причест. Од историјата на христијанството ние знаеме дека, во почетокот христијаните секојдневно се причестувале, потоа четирипати во седмицата, потоа во неделите и празниците, понатаму – во сите пости, односно, четирипати во годината, и на крај, еднаш во годината, а некои ни толку“.
„Христијанинот е должен и во смртта постојано да биде подготвен за причестувањето“, – велел еден од духовните отци.
И така, од нас зависи учеството во Тајната Христова вечера и соединувањето на неа со големата благодат на Тајната од Телото и Крвта Христови. И ако срцето целосно живее во Бога – и во делата, и во зборовите и мислите, ако христијанинот плаче во душата за секој свој грев и за цел во својот живот го има Богоугодувањето и стекнувањето на Светиот Дух, тогаш кај него не постојат пречки за секојдневно причестување со светите Тајни, како што тоа го правеле христијаните во првите векови и како што пишува за тоа свети Симеон Нов Богослов.
Еден од мудрите современи пастири, отец Валентин Свенциски пишува: „Духовниот живот не е апстрактно богословие, туку вистински и очевиден живот во Христа. Но, како може да започне таквиот живот, ако ти, во таа голема и страшна тајна, не ја примиш полнотата од Светиот Дух? Како можеш, не примајќи ги Христовата Плот и Крв, да бидеш во Него? И овде, исто како и во покајанието, нема да те остави непријателот без напади. А овде тој ќе ти подготвува секакви интриги. Тој ќе ти издигне мноштво внатрешни и надворешни препреки. Ќе те советува да се причестиш другпат, на моменти ќе се чувствуваш болен, па ќе посакаш да го одложиш причестувањето за кратко, ’за да можеш подобро да се подготвиш’. Не го слушај. Оди, исповедај се. Причести се. Па ти и не знаеш кога Господ ќе те повика!“.
Душата внимателно нека го прислушува своето срце и со страв нека го наслушне чукањето на неговите врати од страна на Величенствениот Гостин; нека се плаши од тоа, да не постане груб нејзиниот слух од светската суета, па да не може да ги слушне тивките и нежни повици, кои доаѓаат од Царството на Светлината. Нека се плаши душата да не ги замени доживувањата од небесната радост од единството со Господа, со матните светски разоноди или ниските и подли утехи од телесната природа. А кога таа ќе се оттргнува од светот и од сè што е сетилно, кога ќе почне да тагува за светлината од Горниот свет и ќе се повлекува кон Господа, со смелост нека е во единство со Него во големата Тајна, притоа облекувајќи се себе во духовната облека на искрено покајание и најдлабоко смирение и постојана полнота на духовна простодушност.
За ова вака зборува старецот, отец Алексиј Мечев: „Причестувајте се почесто и не зборувајте дека сте недостојни. Ако ти зборуваш дека си недостоен, тогаш никогаш нема да се причестиш, зашто никогаш нема да бидеш достоен. Вие мислите дека на земјата постои само еден човек кој е достоен за причестување со светите Тајни? Никој не е достоен за тоа, а ако ние како такви се причестуваме, тоа се случува само заради Божјото милосрдие. Ние не сме создадени заради причестувањето, туку причестувањето заради нас. Имено, ние, грешните, недостојните, слабите, повеќе од било што имаме потреба од тој спасителен извор“.
И така, како Самиот Господ, така и светите Отци и старци нè повикуваат кон причестувањето. Зошто ние не го извршуваме ова и зошто не го примаме благословот од нашите духовни отци? Само заради нашата „жестокосрдечност“ и негрижа, зашто при нашиот гревовен живот и отсуството на постојано покајание и трезвеност, ние би почнале да ги примаме недостојно Телото и Крвта Господови.
Ако христијаните во првите векови се грижеле да пристапуваат кон светата Чаша секојдневно, тогаш во XIX век многу христијани го сметаат причестувањето како предсмртен акт. Во наше време повторно се роди стремеж за почесто причестување. Сепак, треба да се знае, дека кон Чашата треба да се пристапува со грижлива подготовка – пост, а многумина не можат да најдат сили и време за постење (со кое самиот пост се претвора во цел сама за себе).
Во основа за решавање на ова прашање, колку често ни е потребно да се причестуваме, се наоѓа степенот на подготвеноста на душата, нејзината ревност, нејзината љубов кон Господа, нејзината сила за покајание. Затоа Црквата го остава ова прашање да го решат свештениците и духовниците.
Имено, со духовните отци треба да се консултираме колку често да се причестуваме, колку долго и колку строго да се пости пред причестувањето. Различни свештеници различно благословуваат, но секому според мерката на неговата сила.
На луѓето, кои се стремат да го воцрковат својот живот, многу современи пастири им заповедаат да се причестуваат еднаш до двапати во месецот. Понекогаш духовниците благословуват и почесто причестување, но тоа веќе претставува исклучок, отколку правило.
И на крај, причестувањето не смее да се извршува од „помодарство“, заради исполнување на одредени количински норми. Тајната Евхаристија за православниот христијанин треба да постане потреба за неговата душа, без чие исполнување невозможно е да се живее.
Извор:https://blagovesti.wordpress.com/.../kolku-cesto-treba.../

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная