аповедта ВНИМАВАЈ НА СЕБЕ е корисна и за болните, но погодна е и за здравите. Лекарите ги советуваат болните да внимаваат на себе и да не запоставуваат ништо од тоа што му служи на исцелението. На истиот начин и Словото, Исцелителот на нашите души, со мала помош (советот на изреката) ја исцелува нашата душа која страда од гревот. Затоа, внимавај на себе, за помошта од исцелението да биде согласна со мерата на прегрешението. Твојот грев е голем и тежок? Неопходна ти е долга исповед, горчливи солзи, постојано бдеење, непрекинат пост. Твојот грев е лесен и поднеслив? Нека и покајанието се изедначи со него. Само внимавај на себе за да ги запознаеш и здравјето и болеста на душата. Бидејќи, многумина после прекумерно невнимание паднале во големи и неизлечиви болести, не знаејќи дури ни дека се болни. Голема е ползата од оваа заповед и на здравите кои се утврдиле за дејствување. Бидејќи, како што ги исцелува болните, таа ги усовршува и здравите. Секако, кој ќе се научи на таа изрека е служител на некое од делата што н& ги пропишува Евангелието. Во големиот дом, во оваа Црква “нема само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени” (2. Тим. 3, 15), има свои ловци, патници, градител, домостроители, земјоделци, пастири, борци, војници. На сите нив им прилега оваа изрека: таа на секој му наложува точност во делата и грижа за произволението. Ако си ловец, испратен од Господ, кој вели: “Јас ќе испратам многу ловци да ги ловат по секоја гора” (Ер. 16, 16), грижливо внимавај на себе, пленот да не ти избега, па Господ да ги приведе оние кои подивеле од зло, кои треба првенствено да ги уловиш со зборот на вистината. Ако си патник, сличен на оној што се моли: “Чекорите мои управи ги” (Пс. 118, 133), внимавај на себе и не завртувај ни лево не десно, туку чекори по царскиот пат. Градителот, и тој, со надеж нека го положи темелот на својата вера, кој е Исус Христос. Домостроителот, нека набљудува како ѕида за да не користи дрва, сено и слама, туку злато, сребро и скапоцени камења (1. Кор. 3, 12). Пастиру, пази се да не пропуштиш некоја должност која ти е наложена од пастирскиот повик. Какви, имено, должности? Да се обрати заблуденото, да се превие ранетото, да се исцели болното. Земјоделецу, ископај ја бесплодната смоква и придодај & с# што ќе ја потпомогне нејзината плодност (сп. Лк. 13, 8). Војнику, биди сострадалник во Евангелието (2. Тим. 2, 3) и војувај добра војна (1. Тим. 1, 18) против духовите на злобата (Еф. 6, 12), против телесните страсти, земајќи го сеоружјето Божјо (Еф. 6, 13) и не плеткајќи се во работите на обичниот живот за да му угодиш на војводата (2. Тим. 2, 4). Борецу, внимавај на себе да не го престапиш некој од подвижничките закони, зашто никој не добива венец ако не се бори по правилата (2. Тим. 2, 5). Подражавај го Павле и трчајќи, и борејќи се и тепајќи се (1 Кор. 9, 26). И самиот, како добар борец, имај непоколеблив поглед на душата. Штити и со рацете покривај ги чувствителните места и немој да ги симнуваш очите од противникот. На патот стреми се кон она што е пред тебе (сп. Фил. 3, 13) и трчај да добиеш (награда) (1. Кор. 9, 24). Во борбата војувај со невидливите (непријатели). Изреката бара во животот да бидеш токму таков, а не малаксан и поспан, треба да стоиш трзвеноумно и будно.
(продолжува)…
Подготви: Михаила Поповска
Посети:{moshits}