логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Исповед на еден лош свештеник

 С. Сташкевич

 

Crkva.Vodno.jpg

Тогаш Исус му проповедаше на народот и на

учениците Свои, говорејќи: На Мојсеевото

седиште седнаа книжниците и фарисеите.

Затоа, сè што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте;

а според делата нивни не постапувајте (Мат. 23, 1-3)


Јас не сум добар човек, но она што го зборувам за Бога е вистина.

 – Митрополит Антониј сурожски

 

 

Како може „да се побие верата“

 

Отче! А вие навистина верувате во сето она што го проповедате, или едноставно, таква ви е работата?

Кога луѓето, оддалечени од Црквата, при запознавање ми поставувале прашања од таков вид, на почетокот јас реагирав како на простотилак: непознат човек, без било каква основа, го обвинуваат за бессовесно лажење и лицемерие. Притоа на моето прашање „А што, зарем самите вие не верувате во Бога?“ Сите ми одговараа: „Не, па се разбира дека јас верувам во Бога, но мислам дека многу свештеници не веруваат…“ Потоа ислушувајки ги раскажувањата на таквите случајни соговорници, за впечатоците од свештениците што тие ги познавале почнав да сфаќам дека навистина, бадијала се лутам. Не за тоа што јас би дознал многу новости за свештенството – на оваа тема тешко дека нешто би ме зачудило – поскоро, почнав да размислувам за тоа, какви последици остава, би рекол, нашето снисходење кон себеси, во душите на луѓето околу нас. „Неверниците не можат да ја побиваат верата, но верниците можат – кога не живеат според својата вера“ – вели архепископот Јован (Шаховски)

Додека бев мирјанин јас многу грешев осудувајќи ги свештениците. При што не само за нивните очигледни гревови (јас тогаш немав видено толку многу), туку едноставно ми се чинеше дека некој свештеник „не е доволно духовен“. Јас мислев дека штом ќе облечеш расо (мантија), веќе не е многу тешко да станеш светител, бидејќи расото обврзува. Едноставно да не грешиш и духовните дарови ќе дојдат еден по друг. Откако примив свештенички чин многу помалку ги осудувам собраќата-свештеници (навистина, продолжувам да ги осудувам архиереите, но со тој грев потребни се други начини за борба).

Честопати си спомнувам за една епизода од мојата младост. Имав околу дваесет години. Јас гневно гледав во отецот Н., чиешто однесување во олтарот ми изгледаше недолично. Како одговорот на мојата редовна „благочестива“ – дрскост, отец Н. ми рече: „И јас на твои години бев ист како тебе. Потоа сета таа светост некаде се изгуби. Ќе те видам тебе, кога ти ќе имаш триесет години, а јас четириесет“. Јас во себе избувнав – божем и јас ќе бидам таков, – но сепак не изреагирав. Отец Н., сега ти имаш четириесет години. Гледај и биди уверен дека си имал право. Јас сум полош од тебе, и тоа го знам многу добро. Но и покрај сè, јас немав кротост да претрпам нечии забелешки и да им простувам онака, како што ти тогаш ме трпеше и ми простуваше.

Дозвола на задоволување на култните потреби

            Доколку го ставевме во насловот зборот „исповед“, читателот, сигурно ќе очекува опишување на моите беззаконија. Извини, ама не очекувај од мене да биде херој од „Декамерон“: ништо невообичаено. Господ по своја милост ме сочувал од тоа да имам канонски пречки за служење на престолот. Но освен таканаречените смртни гревови, можно е да се преполни чашата на Божјото долготрпение и од многу други работи… Јас никому не му посакувам да ја доживее таа состојба, кога целата душа е преполнета со гнасотии, и ти сфаќаш, дека  едноставно ти не можеш да застанеш пред престолот, не можеш да се допреш до Чашата со Телото и Крвта на Господа, но таа Литургија ја чекаат твоите парохјани, од кои, ти повеќе од сите си недостоен за тоа таинство, а сепак ти си должен да го извршиш.

Мене ми е позната само една книга од светската уметничка литература, каде што авторот длабокопотресно навлегува во психологијата на христијанскиот свештенослужител: Грем Грин, романот „Сила и слава“. Херојот на книгата, чиешто име е премолчено, е римокатолички свештеник, кој богослужел, иако бил под закана за стрелање, во времето на безбожната диктатура во Мексико, вели дека само еднаш во животот се плашел да служи миса – по првото паѓање во смртен грев (блуд). Ова е важно – тоа е само првиот пат… Според она што веќе го реков, јасно е дека, слава на Бога, јас не ги доживеав чувствата на Грем-Гриновскиот херој целосно (но не благодарение на моето благочестие, туку едноставно не можам да си замислам како во таков случај би ја погледнал во очи жена ми и нашите дечиња…), но тоа не значи дека не разбирам зошто тој страв не се повторувал кај херојот на Грем Грин. Човекот, грешејќи со умот, еднаш прави напори за да ја сруши преградата, а следниот пат веќе му е полесно по тој пат – патеката е разгазена.

Последица за тоа е губење на живата, дејствителна вера. Кога извалканото срце не е способно со љубов да одговори на Божјата љубов (а тоа се случува кога нема искрено покајание – цврста решеност да се очисти од тој грев, по секоја цена) тоа се крие од божествената љубов, како Адам во Едемската градина. За да се посомневаш со разумот во Божјото постоење или во реалноста на извршуваното Таинство, неизбежно е да бидеш во потполно духовно безумие. Тоа е краен случај. Многу почесто верата преминува во областа на теоретските убедувања, кои не се одразуваат на душевните доживувања. „Страшно е да се падне во рацете на Живиот Бог“ (Евр. 10, 31) и доколку нема ни покајание, ни љубов, тој страв ја убива молитвата: со умот сфаќаме дека од Севидното Око никаде не можеш да се скриеш, затоа почнуваме „да го наведнуваме погледот“. Читањете на молитвите станува формално. Долгите служби силно го истоштуваат човекот што не се моли. Па така, ги скратуваме службите едноставно затоа што не умееме да се молиме. Не умееме или не сакаме.

Без молитвено горење пред Господа свештенослужењето се претвора во занает. Власт што ни се дава на ракополагањето за врзување и одврзување, можноста за извршување на Таинствата со силата на Светиот Дух, почнува да се прима само  како лиценца за определен вид работа – задоволување на култните потреби на народот. Станувајќи служители не на олтарот, туку биро за услуги, ние забораваме на одговорноста за нашето поведение во очите во луѓето: вас и не ве интересираат личните квалитети на нотарот кај кого одите за заверување на документ (а валидноста на извршеното таинство, како и валидноста на ставениот печат, не зависи од степенот на нашето благочестие), а вие само нам, на поповите, ни наоѓате маани?

И нашите… Иако е еднина, зошто преминав на множина? Самиот јас постојано им објаснувам на парохјаните, дека кога се исповедуваат треба да зборуваат само за себе; да се рече „ние сме грешни“е многу полесно отколку „јас згрешив во тоа и тоа“. И така, мојата грубост и невнимателност кон парохјаните исто така е недостаток на жива вера, затоа што христијанската љубов кон ближниот и љубовта кон Бога се неразделни. А вера без љубов – така веруваат и бесовите (Јак. 2, 19)…

             Уште колку такви души има…

             Како ме погоди една девојка, која дојде во нашиот храм од едно село, одалечено дваесетина километри од нас, ме потресе со сериозноста и длабоката подготовка за исповед и причест. Потоа во текот на годината за неа нешто не слушнав. Еднаш додека осветував еден дом во селото ми пристапи една жена, и ми рече дека нејзината ќерка умира од рак, и праша дали може самата таа да ì чита Псалтир на ќерка си, додека таа умира. Во текот на разговорот сфатив дека ја знам нејзината ќерка. Ì реков: „Таа веќе една година не се причестила, треба задолжително да се причести, додека е жива!“ Се договоривме да дојдат по мене во наредните денови. Јас не ги прашав ни за нивното презиме, ни за адресата. И бев многу растроен, кога помина една недела, а никој од тоа село не дојде по мене. Потоа јас отпатував на неколку дена во другата област (парохија); зедов со себе еден мој близок свештеник, и кога се сетив на девојката од селото, почнав да ги искажувам моите гневни емоции кон нејзината мајка. Мојот собрат на тоа ми рече: „Да бев на твое место, јас би отпатувал во тоа село, би се распрашал каде живее девојката, која умира од рак и би ја причестил“.

Сфатив дека тој е во право, и само ги кренав рамењата како одговор. Да одам во тоа село со Светите Дарови, (не можев, затоа што немав автомобил, а исто така и мојот соговорник) да одам низ селото и сите да ги прашувам, каде живее девојката болна од рак?!…

Тој се врати назад, а јас уште еден ден останав во тој град. Кога се вратив во парохијата дознав дека истиот тој свештеник пред мене дошол во храмот, ги зел светите Дарови и отишол во селото, каде што живееше болната девојка, ја нашол и ја причестил. Ми раскажуваа потоа дека таа блескала, спомнувајќи си за таа неочекувана посета. А тој уште и ме молеше за прошка кога се сретнавме – наводно, не сакал да ми додева, туку едноставно му било жал за девојката која умираше… Брате мој, па ти со тоа не само што нејзе ì покажа голема милост, туку и мене ме избави од одговорност за нејзината душа на Страшниот Суд.

…Уште колку такви души има, за кои ќе одговарам, а ќе нема кој да ме избави?!

Уште малку во врска со одговорноста.

Една година по моето ракополагање мене ми беше благословено да му бидам кум на мојот другар. Тој имаше нејасен однос кон православието, кон Црквата, и одлуката да се крсти не беше лесна за него, а моите обиди со него да ги споделам моите религиозни доживувања (читај „товарање“) создаваа кај него негативен ефект. Дојде тој ден, кога отидовме во парохиската црква, каде што јас во тоа време бев псалт, и вечерта пред извршувањето на Таинството останавме да ноќеваме во парохискиот дом. Јас видов дека тој внатрешно се измачуваше, шеташе низ собата, а се измачував и јас. Си реков, што да правам? Која е мојата улога во животот на мојот кумашин? Се обидов да се молам, колку што можев. Барав утеха, го отворив Евангелието; првите стихови кои ги видов беа следниве: „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден последовател, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас“ (Мат. 23, 15).

Се исплашив. Но не сфатив ништо. Зошто ми беа покажани тие стихови, разбрав дури по неколку години, кога видов каква духовна штета му нанесов на човекот…

За „своите гробишта“

Еден мој стар познаник умре во болница по една сообраќајна несреќа. Додека беше во болницата, нашите заеднички другари ми кажаа дека тој е во болница, а јас, знаејќи ги неговите неправославни ставови, се загрижив, бидејќи тој можеби е некрстен. По неговата смрт тој сомнеж се потврди. Во болницата тој лежеше неколку дена потполно свесен. Во тие денови јас бев во истиот град, размислував дека треба да отидам во болницата и да се обидам да влезам во одделението, да поразговарам со него – но не се обидов. Не успеав да соберам храброст. Можеби, немаше да ме пуштат. А и да ме пуштеа, можеби тој немаше да прифати да се крсти. Можеби и не. Но тоа „можеби“ не ме оправдува. Бидејќи постоеше можност.

Со голема тага јас му го раскажав сето тоа на еден од нашите заеднички другари, и го добив одговорот: „А ти за кого жалиш? За него? Или за себе?“ Прашањето е јасно. Да, има разни размислувања: честопати ние наместо покајание имаме себесожалување. Мојата тага беше поголема за него. Јас сум крстен. И во мене има надеж, дека по молитвите на оние, кои и покрај мојата недостојност ќе ме засакаат, Господ нема да дозволи да отидам во вечна погибел, туку ќе ми даде можност за покајание.

Но сепак постои едно прашање кое ì противречи на мојата надеж: ако се појават некои души, кои не го нашле патот на спасението по моја вина – кои си заминале од Црквата поради моето недолично однесување, не добивајќи духовна поддршка поради мојата невнимателност и мрзливост, кои се заблудиле поради моите погрешни совети – како е можно јас да се спасам, ако тие бидат во маки? Прашањето не е во тоа, дали е тоа можно „јуридички“, туку како би изгледало тоа при нивните маки? Од своите другари – лекари јас слушнав една страшна поговорка: „Секој хирург има свои гробишта“. Но, свештеникот, духовниот лекар, нема право на „свои гробишта“. Инаку, првиот гроб на тие гробишта ќе биде негов. Треба да се молиме за сите оние, со кои нè поврзала волјата Божја…

…Господ тебе ќе ти рече: „Ајде сега сам“

Набрзо по моето ракополагање во свештенички чин јас на улица сретнав еден свештеник, кај кого во последните години пред моето ракополагање многу пати се исповедав. Тој ме поздрави и ми рече: „Сега тебе ти е лесно. Господ прави сè наместо тебе. Така ќе биде половина година, а потоа Господ ќе ти рече: Ајде сега сам“. Јас разбрав на што мисли тој. Навистина, посебна состојба имав на почетокот од моето ракополагање. Без многу напор имав таква молитва, за која порано ми требаше голем напор. Некои искушенија кои порано ме вадеа од колосек, сега незабележано поминуваа, без проблем. Толку очигледно се чувствуваше присуството на една Сила, која ме заштитуваше, ми содејствуваше – тешко е да се опише ова на некој, кој не искусил нешто слично. Само што кај мене тоа чувство се задржа два месеца, а можеби и пократко. Мислам дека половина година не е некое општо правило, туку личен опит на отецот (спомни ја Господи душата на починатиот слуга Твој, свештеник Евгениј) што го сподели со мене. А зошто кај мене тоа „заминување на благодатта“ се случи толку рано – јас знам. Не требаше да се опуштам во радостите. Бидејќи порано ми се случуваше да ги испуштам утрените и вечерните молитви, си дозволував некои нешта кои не беа во согласност со духовниот живот, „опуштено“ да го поминувам времето со своето бадијалџиско друштво – тогаш промената на мојата духовна состојба не можеше да задоцни. Потребно ми беше силно покајание, за да го вратам изгубениот мир, да ì се вратам на молитвата. По ракополагањето со чудење открив дека молитвата лесно ми оди, дури и кога не внимавав на себе. Не, јас не почнав да изведувам нешто невообичаено, но секој воцрковен човек знае како е кога се има духовна концентрација, а како е кога ја нема. А јас тогаш заборавав дури и да мислам на таа духовна концентрација, но и наспроти тоа, една сила одозгора ми ја држеше мојата свест стабилна. До денес. Сепак, кога човекот со својот однос упорно покажува дека она што Господ му го дал на дар, нему не му е мило, порано или подоцна Господ ќе престане да му го дава… Мојот кумашин еден месец по крштевањето дојде кај мене со солзи и ми рече: „Никогаш во животот не ми било толку мачно. Јас воопшто не знаев дека на човека може да му биде толку многу мачно“. Потоа уште двајца мои пријатели, кои се крстија возрасни, некое време по нивното крштевање ми го кажаа отприлика истото. Тешко дека тие доживеале нешто необично страшно; едноставно, кога во Таинството им била дадена, дотогаш за нив непозната чистота на духот, тие не знаеле што е тоа, а кога почнале да ја губат, ја почувствувале разликата. Но имаше и други, на кои не им стана „мачно“. Оние кои сериозно се подготвуваа за Таинството. Оние кои сфатија дека, семето посеано од Господ во нивните души, треба да се расте и да принесува плодови.

Јас бев крстен во детството; но сепак, знам што доживеале моите блиски, кои се крстија возрасни, бидејќи нивните чувства се слични на чувствата кои ги имаме при ракополагање. Бидејќи и крштението, и ракополагањето и другите Таинства на Црквата – тоа е соработка на Бога со човекот, кому му се дава тоа Таинство; во крајна линија, така треба да биде. Но многумина од нас еден по друг ги повторуваме сите тие грешки. А да се потроши во безумие она што сме го добиле дарум од Бога е многу потешко, отколку да се прими внимателно, со благодарност, и да се сочува. Ех, кога би знаела младоста…

Не еднаш ме прашувале дали жалам што сум ја избрал свештеничката служба, дали имало разочарувања. Не, во самото свештенство, ни за миг; мислам дека слични разочарувања не се возможни за верник. Но во себе – да, во својата „професионална употреба“. По изминувањето на неколку години, сфаќам дека за примање на свештенички чин не требало да се брза, би имало смисла посериозно да се подготвуваме за тоа служење; едноставно треба да се созрее.

Се разбира, годините на служење во чин дури и кај многу лошиот свештеник ги умножуваат не само гревовите, туку и искуството. И ако речам, дека по моето ракополагање јас само го запоставував духовниот живот, тогаш не ја кажувам вистината. Како и да е, Господ нè тера да се молиме, кога во нас нема усрдност; кога луѓето бараат духовна помош, потребно е заедно со нив да се преземат одредени чекори. Но има нешто, што го изгубив на почетокот на моето свештенство, што до ден денес не можам да го вратам.

За магарето, кое чекори врз палмовите гранки

Не ми доликува кон сите останати гревови да го додавам и гревот на самооправдување. Ни останува само покајанието, а заедно со можноста за покајание дадена ни е и надеж. Основа за надежта е љубовта Божја, и потврда дека не сме оставени од таа љубов, ние постојано гледаме во нашиот живот. Не гледајќи на нашите пороци и слабости, и преку нас, недостојните свештеници, дејствува Господ – понекогаш и без нашата волја. Уште на почетокот на моето воцрковување ми беше дадено да доживеам очигледни чуда, извршени преку свештеници, кои во тоа време јас ги осудував за некои наводни гревови. Некои случаи – ненадејно чудесно исцеление, неочекуван вистински одговор на непоставено прашање, до кој невозможно беше да се дојде – јас често си спомнувам и до ден денес; се сеќавам и се радувам што ни ми паднало на памет да им ги кажам овие чуда на самите тие свештеници – јас сум убеден дека тие не ни претпоставувале дека Господ мене ми открил нешто преку нив. Уште тогаш јас се плашев да ги ставам во тоа искушение, чијашто опасност сум ја почувствувал на своја кожа: да си го припишеш на себе она, што и покрај нашето маловерие, го прави Господ преку нас.

За ова, во своето необично читање на евангелскиот текст,  за Влегувањето на Господ во Ерусалим, зборува митрополитот сурожски Антониј: „Кутрото магаре, веројатно си мислело дека пред него луѓето постилаат цвеќиња, облеки и палмови гранки, и нему му воскликнуваат ’осана‘ – но тоа не сфаќало дека врз него седи Господ… Свештеникот, слушајќи благодарности или признанија за резултатите од своето служење, ако ги прима на своја адреса – станува сличен на тоа магаре“.

Ние грешиме, зашто знаеме што правиме. „Оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен“ (Лука 12, 47). Дај Боже, моите гревови да не ја надминат онаа мерка, поради која јас ќе бидам подолу и од магаре… Оние, кои ќе го читаат овој текст, најпонизно ги молам: кога нè гледате нас, мрзливите пастири, молете се, Господ да ни ги прости нашите гревови и да ни помогне во духовното растење. Се разбира, полесно е да осудиш; но на оние, кои ќе научат да не осудуваат, Господ им ветил дека нема да ги суди за нивните гревови. „Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да се исцелите“ (Јак. 5, 16) – овие зборови на апостолот Јаков се однесуваат на сите христијани, и на меѓусебниот однос помеѓу мирјаните и свештенството, без исклучок.

 

Превод од руски јазик:

Никола Ѓорѓиевски, апсолвент на теологија

Наслов на изворникот:

Исповедь плохого священника,

Записал Ст. Сташкевич

http://vstrecha-mpda.ru/

Преземено од: Ортодоксија ортопраксија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная