логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

МОЛИТВА КОЈА СПАСУВА
(За воспитувањето на децата)

о. Григориј Јакимов

Кога пишував во претходниот текст за девственоста, во моментот кога ги спомнував децата во пубертет, сфатив дека всушност децата се една бескрајна тема за размислување, пишување, словење... бидејќи се непресушен извор на љубов. А љубовта е долготрпелива, полна со добрина, не завидува, не се превознесува, не се гордее, не прави ништо непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, на вистина се радува, сè претрпува. Љубовта никогаш не престанува (1. Кор. 13, 4–8).
Ако Бог е љубов, тогаш децата би биле богови по благодат. А во Евангелието според Матеј (19, 14), Господ вели: на такви е Царството Небесно. Значи и ние возрасните мора да бидеме како деца, да се преобразиме во такви ангелски лица, за непрестајно да Го воспеваме Господ во Царството Небесно т.е. нема спасение за ниеден од нас ако не бидеме како најмалите, за кои апостолите мислеле дека Му пречат на Господ. И ете, повторно се раѓа нова тема: Како децата да останат деца. Навистина, што повеќе се размислува за најмалите, толку повеќе ни претстои самообвинување, бидејќи Господ нам ни ги дарува како скапоцени бисери, како непроценливо богатство во наследство, кое би требало да го одржуваме, па и умножуваме; а ние, неверни во непроценливоста на имотот, стануваме коцкари со нивните невини животи.
Секој период од животот на децата е посебна приказна, посебна радост за родителите, за Црквата, за Самиот Господ. Почнувајќи од раѓањето, за тоа како мајката заборава на големите болки слушнувајќи го првиот плач на својата рожба. Посебни моменти кои секако оставаат траги во срцата на возрасните се и првите денови од вселувањето на детето во домот, тоа е како нова страница во животите на целото  семејство. Првите насмевки, гукања, па и плачот од кој срцето ти се раскинува доколку потрае повеќе од вообичаено. Да, и првите зборови, на некои од нив се сеќаваш додека си жив, првите чекори, првиот училишен ден, првите песнички, успеси и падови. Но зошто оваа слика бледее, а нови не се создаваат? Зошто не сме добри филмаџии, та старите серии да останат запаметени, а новите да бидат уште подобри?
Како одговор повторно ќе парафразирам неколку зборови од претходниот текст, а тоа е дека грешката се прави уште додека се формира заедница помеѓу мажот и жената, која би требало да биде света заедница, заснована на љубовен однос, кој постепено ќе се гради, дури и до крајот на животот, а не однос кој е заснован на сопствените страсти. Ваквите врски не дотрајуваат често. Дури и ако жената остане бремена, таа блажена состојба често пати е прекината по волја на несудените родители, затоа што се или премногу млади, па не сакаат да се обврзат, или зацрнат, како што се вели. Некои се со недовршени студии, или без работа, па едногласно се заклучува дека не е време за гледање деца, или едноставно се смета за несакана грешка. Нормално, сето ова се банални и неоправдани оправдувања, за сметка на еден живот. А оние кои ќе се решат за брак заради несаканата бременост која, ете, се случила, во никој случај не се лишени од радоста која Господ ја пружа на сите оние кои раѓаат, но и заради правилната одлука. Честопати облеани со благодатта која се дава заради раѓањето деца, љубовта на сопружниците и нивната врска се зацврстува. Со ова се потврдува и светоотечката аксиома, која гласи: каде што има деца има и благодат.
Детето, како и благодатта со него, треба да се чува, негува, воспитува, образува... Ова е навистина најтешкиот дел од животот на родителите. Како родител се чувствувам вистински немоќен и неумешен во оваа улога, иако се трудам, Бог ми е сведок. Значи, нема да зборувам од личен опит. Како свештеник, имајќи ја можноста да бидам во најмала мера легален набљудувач, сочувствувам со сите родители на веков. Но едно е вистина, полесно е за воцрковените, пеколно за останатите, а најлесно за родителите кои станале свети.
Еве што им одговорил старец Порфириј (за кого прашањето за правилното воспитување и подигнување на децата во семејството претставувало средиште на неговите поучувања) на родителите кои имале проблеми со своето дете: Вие носите целосна одговорност за тоа. Со своите лоши меѓусебни односи, уште додека детето било во утробата, сте ги создале сите негови душевни трауми и психолошки проблеми кои ги носи во својот живот... Вашите деца не смеат никогаш да ве видат како се расправате... Станете свети, и нема да имате никакви проблеми со своите деца.
Светоста, велат, не се постигнува тешко, но тоа е невозможно надвор од Црквата, невозможно е без личен телесен и духовен подвиг, без молитва и пост, без исповед, причест, без присуство на богослужби. И така, со нашиот личен пример ние си ги воспитуваме и децата. Ако одиме во црква, и тие ќе имаат желба за тоа; ако нè гледаат како се молиме, и тие ќе се молат; ако ние се воздржуваме од расправии, и тие нема да имаат таква навика; ако внимаваме на нашиот вокабулар, нивните усти ќе се извор на милозвучност. Бидејќи, децата навистина учат од родителите, и се потврдува она: каков татко, таков син. Но што се случува честопати во православните семејства? Додека мислиме дека децата се мали, ние живееме според своите навики и одеднаш кога децата прозбореле и на некој начин целосно се оформиле, ние ги препознаваме нашите маани во нив, и дури тогаш се зафаќаме да ги промениме т.е. превоспитаме. Но фактите зборуваат дека е доцна. Карактерот на децата е веќе формиран (се формира до третата година) и само Господ преку благодатта од молитвата и нашето покајание може да направи нешто.
Гледајте да не презрете едно од овие мали... вели Господ (Матеј 18, 10), а кој соблазни едно од овие мали, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морската длабочина (Матеј 18, 6). Значи во никој случај не смееме да ја штедиме својата сила и труд околу воспитувањето на своите деца. Воспитувањето бара непрекината работа и голема самопожртвуваност. Тоа значи дека таканаречениот приватен живот и приватните интереси, забавите, театри, долги седенки со пријатели, читање световна литература, телевизија, која не го храни духот... треба да се сведат на минимум, бидејќи сето ова ни одзема и сила и време, кое е малку и кое ни недостасува за спасението на себе и своите деца. „Додека малку поспиеш и малку подремеш“ (Изреки 6, 10) ќе се сретнеш со ослабување на верата, исчезнување на добродетелите, со гаснење на љубовта во себе и кон децата, а Царството Небесно силните го грабаат (Матеј 11, 12). И во никој случај да не се користи методот на современо воспитување на децата, бидејќи овој метод децата ги прави идоли, нивните каприци (хирови) се задоволуваат, а желбите им се исполнуваат. Доволно е детето да рече сакам, и услужливиот родител кој секогаш е на располагање веднаш исполнува сè. А кога ваквото дете опкружено со играчки, забава и комфор ќе порасне, целиот негов живот ќе биде трагање по забава и удобности. Тоа трагање пак ќе го наречеме во чекор со времето, кое бара од нас да се адаптираме на современата мода (која одвај го покрива разголеното тело), на актуелниот правец на музика (на пр. техно со сите негови правци – има едноличен ритам, кој владиката Наум во една прилика го нарече „исон за демонските помисли“), да се адаптираме на севкупниот ритам на модерниот живот. Старомодните родители пак, збунето климкајќи со главите гледаат како нивните деца го следат најновото безумие и мислат дека во тоа нема ништо лошо. Спротивно на ова, дете што од мали нозе ќе се навикне, на пример, да слуша добра класична музика, тоа нема да подлегне на искушенијата на грубиот ритам на останатите облици на современата псевдомузика. Според некои оптински старци, вакво музичко воспитување ја прочистува душата на детето и ја подготвува за примање на духовни содржини. Дете што научило да чита добра проза и поезија, и што почувствувало вистинско естетско насладување, нема лесно да стане поклоник на телевизијата и безвредните романи што ја опустошуваат душата и ја одвлекуваат од христијанскиот пат. Дете што научило да ја согледува убавината на уметничките слики и скулптури, тешко дека ќе ја прифати извитопереноста во современата уметност, или дека ќе ужива во невкусните рекламни пораки и во порнографијата. Дете кое научило да спортува, ќе има добро здравје и ќе се грижи за своето тело, кое е храм Божји, а ќе му биде и добра подлога за телесниот подвиг. Ќе има „здрав дух во здраво тело“, или православно: „дух осветен, во тело осветено од благодатта Божја“...
Денес, кога сите ние живееме во свет кој навистина е суров и со својата грубост ги повредува душите на луѓето, не ни останува ништо друго освен да се научиме да се молиме. Не за себе, ако не ни дошло до нашето спасение, туку за нашите деца. Бидејќи, колку и да се трудиме со поуки, децата секогаш не го слушаат она за што им се зборува, туку само тогаш кога ќе дојде благодатта Божја, која ги просветлува. И дури тогаш го слушаат она што сакаме да им го кажеме.
Немој да вршиш притисок врз своите деца. Тоа што сакаш да им го кажеш, кажи им го во својата молитва (Старец Порфириј).
На овој начин, учејќи се на молитва, не само своите деца, туку и самите себе се спасуваме.
Молете се постојано (1. Сол. 5, 18).

 

 отец Григориј Јакимов

o.Grigorij.sr1.jpg

 

 

 

 

 

Извор: Православно списание ПРЕМИН бр.67/68

Друго:

Премин Портал - отец Григориј Јакимов - Живот без Христос, да или не?

Премин Портал - отец Григориј Јакимов - ТАГОВНА РАДОСТ, РАДОСНА ТАГА

Премин Портал - отец Григориј Јакимов - ТАЈНАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная