логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Goran.sv.Erotej.jpg

ЕВТАНАЗИЈАТА И ГРИЖАТА ЗА БОЛНИТЕ

 

 Човекот го носи во себе Божјиот образ, човекот е создаден од Бога и е свештен по самата своја природа и тој треба секогаш да биде заштитуван.
 Моментот на смртта, како и моментот на зачнувањето си остануваат засекогаш во Божјите раце: Сам Бог е дарител на животот, смртта и процесот на умирање. Има „време за умирање и време за живот“ и тоа „време“ треба да си остане како Божјо решение.
 Треба да се употребуваат секакви усилби за подобрување на здравјето на пациентот во оптимални граници, при што неговиот живот истовремено да ја сочува својата целосна вредност, дури и кога неговото здравје не може целосно да биде востановено.  
 Но, во случаите на неизлечиви заболувања (при неповратност на процесот на умирање и момент на смртта), е возможно откажување или одземање на системите кои што го одржуваат во живот, кои што претставуваат само бреме за пациентот. Особено во случаите на мозочна некроза (бавна смрт на мозокот) е не само бесполезно, но и неморално болниот да се одржува „жив“ преку системи.
 Од друга страна, не може да се има оправдание за активниот однос на (невин) човечки живот, дури и во случаите на неизлечиво заболување, придружено со тешки страдања. Активната евтаназија, вклучувајќи го и „асистираното самоубиство“, според тоа се забрануваат од православната етика, независно од тоа дали пациентот изразува или не желба да умре т.е. дали е присутна или не така наречената „свесна согласност“.
 Поткрепата (основата) на овие заклучоци во својата суштина е богословска. Според о. Стенли Харакас: „Единствената „добра смрт“ за православниот христијанин е смиреното примање на крајот на неговиот земен живот со вера и надеж во Бога, и со надежта во воскресението“. Во една од ектениите на православната литургија се содржи возглас, во кој што се молиме за „христијански крај на нашиот живот . . .“, а во молитвата за христијанин кој што умира се призива за „мирно одделување на душата од телото“. „Добра смрт“ според тоа е онаа, во која што се запазува максималното сознание и минималното страдање како што и смирено оддавање на животот во милостивите раце на Бога.
 Како римокатоличките, така и протестантските етичари, денес како цело го воспримаат за „дозволено“ решението за прекратувањето на системите кои што одржуваат во живот во случај на неизлечиви заболувања, кога тоа прекратување ја изразува желбата на пациентот и кога продолжувањето на системите со очигледност не придонесуваат за никакво добро на пациентот – оценка, која што се прави врз основа на „бесполезноста“ и преценката „бреме - полза“. Но, тоа пред нас го поставува прашањето за определувањето: што го одредува еден случај за „неизлечив“ и дали прекратувањето на системите за одржување во живот значи „евтаназија“?
 За неизлечиво болен обично се смета пациент, на кој што му е дадена дијагноза за живот помалку од 6 месеци. Тоа определување е доста широко, затоа поприемливо е за неизлечив да се смета оној, кој што, според професионалната медицинска оценка, се наоѓа во неповратен биолошки процес, кој што води до непосредна смрт.
 Првичното значење на зборот „евтаназија“ е „добра смрт“. Штом терминот евтаназија значи „прекратување на животот на пациентот преку одредени дејствија“, тогаш ниту православната, ниту пак римокатоличката традиција не може да преземе такви дејствија.
 Макар што во Православната црква се уште нема формално изјавување за самиот термин „евтаназија“, римокатоличката позиција по тоа прашање целосно се совпаѓа со православното разбирање на т. нар. „убиство по милост“.
 Веќе стигнавме до онаа точка во лекувањето на неизлечиво болните, каде што агресивното лечење треба да отстапи пред болното лекување и грижата за доброто на пациентот. Станува прашање за различни болнички програми, разработени од црквите и од различните социјални институции.
 Православните болнички програми можат да осигурат многу добра литургиска и сакраментална атмосфера, во која што пациент или свештеник заедно да побараат исцелување преку Божјата опростувачка благодат, дури и кога телото се приближува кон смртта. Црквата е повикана да исполнува редица пастирски задачи, помеѓу кои што на важно место треба да се постави и таа за болните. Манастирската средина и монашкото опкружување може да биде идеална средина, во која што човекот може да ја заврши своето земно постоење. Повеќето парохии ги немаат тие сили и не можат да ги преложат тие грижи и внимание, од кои што имаат потреба оние кои што умираат. 
 Во Православната црква денес се водат многу напори за обновување на „ѓаконството“ како призив за благотворната ѓаконија. По се изгледа, дека треба да создадеме, или поскоро да го откриеме и востановиме призивот на „ѓаконисите“, „девиците“ и „вдовиците“. Каков подобар начин  за да се искористат исклучителните, но нажалост заоставените дарови и способности на жените од тоа директно да им служат на оние кои што умираат? Се разбира, тоа служење не треба да се ограничува само со служење на жени во него, а тоа треба да е откриено за секој, кој што сака да се грижи за болните и оние кои што умираат преку служење и молитва.    
 Поблиската цел може да биде потпомагање од страна на нашите цркви на некои членови од парохијата, кои што да бидат обучувани за работа во болниците, во болничката домашна атмосфера, за посети по болничките здруженија и т.н. Познато е, дека со наближувањето на последните дни од животот на пациентите, нивните лекари и медицинскиот персонал им обраќаат се помалку внимание и ги оставаат во очај и беспомошност. Грижата за духовно болните е пред се духовна задача. 
 На Црквата и припаѓа задачата да им осигури на болните грижи и служење со љубов, кои што му се неопходни на оној кој што умира за примирување со Бога, со семејството и пријателите, и оние кои што ќе го придружуваат во неговото патување кон прагот на животот после смртта.  
 Црквата треба да ја отфрли активната евтаназија, но таа може да го направи тоа, само ако го направи тоа преку дејствија и целосно сведоштво, дека навистина има подобар начин за решавање на прашањето.
 Над се треба да се има во предвид, дека преку црковната проповед и учење треба да се истакне убедувањето, дека постои поголема вредност од одржувањето на физичкото постоење на неизлечиво болниот. Животот, кој е слободно даруван од Бога, треба еден ден исто така слободно и доброволно да му биде предаден Нему, а Тој да остане Бог на живите и мртвите.
 За да ги претпазиме тие луѓе од такво крајно и навистина трагично искушение, треба да го придружуваме оној кој што умира со своето сострадање, љубов и тврда надеж. Со зборови и дела треба да ја уочиме до нивната совест крајната вистина за смртта: дека Божјата најдлабока желба е да ја отвори Својата прегратка и да го прими Своето дете кое што умира во местото на вечниот покој, каде што нема болест, мака и страдање, но само радост во вечниот живот.   
 
 

Подготвил:
проф. м-р Дарко Милев

Извор: Вижте последните новини във Vesti.bg!

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная