Исполнувањето на услови, грчевитата борба да имаме сè за живот, сè е тоа измачување на духот. Освен тоа, сè е неволја. А видете и сами, кога сте во мир – добро ви е. Но тој мир овде на земјата не трае долго. Само на кратко, а тогаш нешто пак го нарушува, поматува. Затоа мораме непрестајно да бидеме во врска со животот, со изворот на животот, со Бога. Постојано, непрестајно. Штом се расипе расположението, веднаш да бараме помош. Гледате, како малото дете кое штом со одвои од мајката, веднаш плаче по неа, никако нема да осане само.
И нашата душа, ако е сама, пати многу низ животот. А кога е соединета со Господ, какви тешкотии и да ја снајдат, сè ù e лесно. Ги пребродува сите незгоди зашто чувствува божествена радост. И чувствува дека ù прилега да помине низ овој пожар, низ огнот и низ водата на овој свет, да би се совладало сè, да се издигне над тие ситници кои нè измачуваат.
А нас најмногу нè измачуваат мислите, од нив немаме мир. Грижа на совеста. А грижата на совеста е Судот Божји во нас. Затоа треба да се помириме со Отецот Небесен, да Му се обратиме од срце, да ни опрости, да ни ја даде својата благодат, божествената сила, да бидеме секогаш во мир и радост како што се ангелите и светителите.
(Продолжува)
Подготви: Златко Дивјаковски