СЕ ШТО ПРАВИМЕ , ДА ГО ПРАВИМЕ НА ДОБАР НАЧИН
Старецот отсекогаш ни велеше се што правиме да го правиме на добар начин.
Старецот во една пригода го посети еден брат.Додека старецот се подготвуваше да го послужи со локум и вода, братот забележа дека преку прозорецот во собата влета пчела. Зеде лист хартија и се обиде да ја натера да излезе, удирајќи ја со хартијата. Меѓутоа, трудот му беше залуден. Кога виде што прави, старецот му рече:
“Не, благословен, пчелата нема да замине ако не ја истераш на добар начин! Еве, види! Ова е добар начин да се истера!”
Старецот пријде и ја положи дланката. Пчелата слета на неговата рака, а тој потоа ја испружи раката низ прозорецот и пчелата одлета.
“Добриот начин помага и во најлошите случаи”, објасни старецот. ,,Древните отци нагласуваат дека добриот начин и злото го прави добро, додека, напротив, лошиот начин и од доброто прави зли!”
извор за текстот:
СТАРЕЦ ПАЈСИЈ СВЕТОГОРЕЦ - книга - СОВЕТИ ЗА СПАСЕНИЕТО ВО ДЕНЕШНИОТ СВЕТ
издавач: Брегалничка Митрополија - Штип
СО БЛАГОСЛОВ НА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО ИЛАРИОН МИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ
Преземено од: Протоереј Гоце Младеновски
Друго: