логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


freska.vinozito.jpgСТАРЕЦ
ПОРФИРИЈ -
ПОДВИЖНИК НА ЉУБОВТА
ПРОЗОРЛИВ ЧУДОТВОРЕЦ

 

Психосоматска привлечност: добро или зло?

Во една прилика го прашав: „Старче, дали онаа психосоматска привлечност што се јавува меѓу мажите и жените е од демонот?“ Тој ми одговори: „Некогаш да, а некогаш не. Зависи“.
На следната средба, јас повторно се вратив на истата тема и тој поодредено ми одговори: „Знаеш, она што го викаат среќа во бракот, тоа постои, но за тоа сопружниците треба да имаат стекнато духовен имот, љубејќи го Бога и држејќи се до Неговите заповеди. Така ќе стигнат до тоа вистински меѓусебно да се сакаат и да се среќни. Во спротивно, ќе бидат духовно сиромашни; нема да бидат во состојба да даваат љубов, и ќе имаат демонски проблеми што ќе ги направат несреќни“.


Љубов кон грешник

Еден ден ми раскажуваше: „Понекогаш кај мене доаѓаат и момчиња и девојки. Кутри млади, што сè не прават; сите телесни гревови ги направиле, а јас сепак ги сакам.“ Старецот не ги оправдуваше постапките на младите, ги нарекуваше „телсни гревови“, но истовремено ги сакаше како скапоцени души „за кои Христос умре“. Како магнет ги привлекуваше со својата љубов и постепено ги лечеше од предавањето на телесноста. Ваквиот светоотечки став на Старецот погрешно го сфатиле поедини конзервативни пуританци кои поради тоа јадикуваа, и некои неодговорни божем прогресивни христијани кои ликуваа од истите причини: поради тоа што Старецот божем ги „толерирал“ телесните гревови. Тие не сфатија дека гревот не може да се победи ни со нетрпелива осуда на грешникот, ни со погрешна легализација на падот. Старецот успешно се бореше против гревот, сакајќи го грешникот и помагајќи му да ја спознае сопствената вина за својот пад, но и да ги спознае можностите за ослободување и од падот и од вината, како и можноста за простување и живот во Христа. Сакаше душите на грешниците да ги поведе кон нов живот, а не да ги мачи со стариот.


Проблематичен пар – проблематично дете

На еден млад брачен пар кои дошле во посета, Старецот им рекол: „Бидејќи вие двајцата не се сакате, детето што ќе се роди ќе има проблеми“. Ова предвидување во целост се обистинило.
Старецот во пракса ја потврдуваше вредноста на педагошката теорија дека воспитувањето на детето почнува „од неговото зачнување“.


Вашето дете ќе ве соедини

На брачен пар кој имал големи меѓусебни проблеми што го мачеле и нивното детенце, Старецот им рекол: „Вие сега сте оддалечени еден од друг, но вашето дете ќе ве соедини. Немојте да се карате пред него зашто со тоа му ја повредувате душата. Имајте ја на ум неговата невиност. Немојте да го влечете наназад со своите несогласувања. Пуштете го нека напредува, па и двата ќе ве фати за рака и ќе ве повлече напред. Средина вашето дете, вие лево и десно од его, го држите за раче и одите напред, сите заедно...“


Во озогласена куќа

Со душевна болка на христијанско соучество Старецот можеше да се сретнува и со душите кои заглавиле во најсрамен облик на односи меѓу двата пола: во професионална проституција. Ми кажуваше: „Еден ден, пред доста години, ги осветував куќите. Влегов во една куќа пеејќи, и гледам: една жена бега наваму, друга се крие онаму – во почетокот ништо не сфаќав. По некое време, сфатив дека тоа е озогласена куќа. Не знаев што да правам. Влегов во таа куќа не знаејќи каде влегувам. Ми пријде сопственичката на тоа место и ми рече дека не е соодветно тие да го целиваат крстот. И реков: „Не знам за кој се не е соодветно – дали за нив или за тебе“. Сите побараа да го целиваат крстот. Им го пружав крстот, тие го целиваа, а јас им реков дека христос ги сака; сите беа трогнати. Навистина ми беше жал за тие несреќнички. Што велиш ти, дали добро постапив?“


Почнав од она што е лесно

Старецот беше многу деликатен кога беа во прашање проблемите што му ги изнесуваа посетителите. Ми раскажа: „Еден ден ме посети една глумица, целосно очајна, зашто ја напуштил нејзиниот драг. Ја погледнав нејзината душа; што имав да видам: рушевина. Од каде да почнам? Почнав од она што е лесно. И дадов ’правило’ на кое што треба да се придржува: секој ден да прави нешто – ако ти кажам што, ќе се смееш. Морав, меѓутоа, од каде да почнам; тоа беше за добробит на нејзината душа. Исполнувајќи таа лесна задача што и ја наложив како ’правило’, бидејќи е многу добронамерна, нејзината душа ќе стане попитома и ќе се поврати. Кога ќе се случи тоа, ќе и речам да прави нешто посериозно, и така малку – по малку, ќе се приближи до Христа“.


Една болна врска

Старецот помагаше да се нормализираат нарушените состојби; секако, со неопходна претпоставка и заинтересираната страна да соработува. Во една прилика едно момче посака да основа добро семејство и размислуваше да побара за жена некоја сериозна девојка. Но, сметаше дека за секој свој чекор треба прво да го праша Старецот; и така го посети. Кога го сослуша, Старецот рече: „Гледам дека се наоѓаш во состојба на душевно растројство. Држиш во неизвесност една стара болна врска со некоја недоверлива девојка. Кога си покрај неа, досаден и си, те презира и те брка од себе. Кога ќе се оддалечиш од неа, таа станува љубоморна, те сака покрај себе и те бара. Ако конечно не ја прекинеш врската со неа, нема да можеш да се ослободиш за да можеш да основаш семејство какво што сакаш. Сега те избркала од себе. Кога, божем покајнички, повторно ќе те побара за да ти објасни, ти немој да одиш зашто повторно ќе останеш покрај неа; така истата приказна бескрајно ќе се повторува“. Момчето не го послуша. На нејзиниот прв повик, тој отиде кај неа уверен дека може самиот да ја расчисти работата со неа – и секако, остана со неа. Така предвидувањето о на Старецот се обистинило.


Една непостојана душа

Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем, туку поболно самоспознавање на внатрешен проблем. Старецот ми кажуваше:
- Понекогаш доаѓаше кај мене една девојка. Од првиот момент ја „видов“ нејзината душа. Во една прилика таа посети и еден женски манастир. Еден ден кај мене дојде игуманијата на тој манастир. „Што да правам со таа девојка, Старче?“ ме праша. „Има голема желба да биде монахиња“. Јас и одговорив: „Немој да ја замонашиш“. Но, не ме послуша и ја замонаши. По некое време игуманијата пак дојде, овој пат многу отепана. „Голема грешка направив што не те послушав“, ми рече. „Таа девојка ја фрли својата монашка риза; ја видела како во световна облека игра на некоја веселба.“ И одговорив: „Што да ти правам сега?“ Поминаа неколку дена, кога, еве ти ја, таа девојка право кај мене. „Очајна сум“, ми вели таа, „се двоумам; не знам, всушност, дали сум за монаштво или за брак.“ Јас и реков: „Не си ти ни за монаштво ни за брак; ти си за хипи друштво, да го правиш она што ќе ти се најде пред тебе“. „Зошто?“, ме праша таа налутено. „Затоа што“ и велам, „не си постојана; ти си како ветерница, што се врти таму од каде што дува ветерот. Кога си со христијанките, ти глумиш христијанка; кога си со световните луѓе, ти глумиш световна жена; да си
со хипици, би тргнала со нив. Одиш таму – ваму затоа што не си ја здобила својата вера.“


Сега напред, право во светост

Еден млад верник кој се вери со девојка која немаше врска со верата, го посети Старецот за да се посоветува со него. Наоѓајќи се пред свршен чин, Старецот веднаш ги „видел“ сите слабости на неговата вереница, па му рекол: „Сега напред, право во светост! За тебе нема друго решение. Мораш да се трудиш да живееш свет живот, и тоа секој ден се повеќе, така твојата сопруга, гледајќи како твоето лице блеска од радост Христова, ќе ти позавиди, па и сама ќе посака да те следи“.


Чувствителност за светост

Еден ден Старецот ми раскажа:
- Во една прилика дојде едно момче и ми раскажа дека во текот на летото патувајќи со брод, пред себе видел некоја убава и предизвикувачка девојка, и тоа многу го вознемирило. Јас погледнав во неговата душа и му реков: „Бре, крстена душо, со чувствителноста што Бог ти ја дарувал, ти досега мора да си бил светител“.

Тежината на телесниот грев

На една мајка Старецот и зборувал: „Внимавај и моли се на Бога твоите деца да не паднат во телесен грев. Секако, може да се погреши во мислите, но полесно; телесниот однос е многу потешко согрешение, зашто тогаш доаѓа до подлабоки промени и оштетувања на душата“.


Брак и безбрачност

Едно летно попладне, моето друштво и јас – шестмина или седуммина, сите безбрачни – под еден борго слушавме кажувањето на Старецот: „Нека не ве мачи проблемот на изборот меѓу бракот и безбрачноста. Понекогаш наидуваат денови кога чувствувате душевни и телесни желби за брак, а понекогаш тие желби се губат зашто чувствувате божествени желби, повозвишени од бракот. Кога ќе се појават сладостарсните искушенија, немојте да се обидувате со сила да ги избркате, зашто со тоа му одите во пресрет на сатаната, кој тогаш ги претставува уште попривлечни и со тоа ви нанесува штета. Подобро да ги примате мирно и грешните мисли да ги претворите во чисти. Да кажете: можеме да стапиме во брак, па тогаш ќе уживаме во брачните сладости така како што сака Христос. Кога повторно, ќе ви се појави желба за девственост, примете ја со благодарност и тајно негувајте ја уметноста на добродетелен живот.
Некои се обидуваат да живеат добродетелен живот така што се борат против страстите и гревовите, а некои така што го сакаат Христа и Неговата волја. Овие првите многу малку постигнуваат зашто нивната борба е ладна и крута; другите повеќе постигнуваат зашто кога го сакаат Христа, грешните страсти ја губат својата драж и сила пред радоста на љубовта Христова што ја чувствуваат. Кога ќе осамне и кога во нашата соба ќе влезе сончевата светлост, темнината исчезнува сама од себе“.
Старецот престана да зборува и се чинеше дека размислува за нешто. Потоа пак почна да зборува: „Можеби не треба да ви зборувам за ова, но сепак ќе ви кажам. Некој може да стигне и до зрело животно доба, па сè уште да се двоуми меѓу брак и безбрачност, и сатаната тогаш најостро да се нафрли на него: му всадува во душата паничен страв од безбрачноста, така што тој почнува да бара сопруга за себе, да ги моли луѓето да му најдат; поради тоа луѓето ќе почнат да го исмеваат, а тој на крајот ќе дојде до душевна болест. Поради тоа ви кажувам: не размислувајте – брак или безбрачност. Наместо да се трошите залудно обидувајќи се да дадете одговор за себе, целиот свој труд насочете го, со сета своја душа да го засакате Христа, а Тој во вистинско време, ќе ви даде одговор што и одговара на вашата душа и нема да го прифатите со принуда и грижа, туку мирно и благодарно. Така засекогаш ќе се ослободите од тоа прашање и ќе одите по еден пат прославувајќи го Бога“.
На еден пријател кој се наоѓаше пред дилема: брак или девственост, Старецот му дада многу перспективи на спасение и го ослободи од тегобите од дилемата, пред да избере било што, велејќи му: „Немој залудно да се мачиш присилувајќи се себеси сега да одлучиш и да одбереш. Ослободи се од тие упорни мисли и сето свое внимание насочи го како да го засакаш Христа, Кој тебе те сака. Сè му припаѓа на Христос: нашето минато, сегашноста и иднината, каде што се открива Неговата Промисла, сè до последниот детал од нашиот живот. Можеби ќе основаш семејство, а можеби ќе заминаше некаде каде што ќе ти се бендиса и ќе се посветиш на монашки живот. Меѓутоа, можеби нема да направиш ништо од ова, туку ќе останеш дома, како што си сега, и пак ќе се спасиш; доволно е да го сакаш Христа. Христос ќе донесе решение што најмногу ти одговара; Тој јасно ќе зборува во твојата душа. Немој да се грижиш, и сега си на Христовиот пат“.
На еден пријател кој имаше големи тешкотии да се ожени, Старецот му откри дека длабока причина за неговите долгогодишни неуспешни обиди е едно негово сеќавање од младоста што сега е потиснато во потсвеста. Му рече: „Си ја засакал онаа девојка со сета сила на својат душа; од неа си направил идеал во својот живот; потоа си останал повреден поради нејзината рамнодушност кон тебе. Во лицето на секоја девојка што си ја запознал, го бараше нејзиното лице, а бидејќи тоа не беше возможно, твоето срце останало затворено“. Со помош на Старецот, ја спозна скриената пречка, конечно се ослободи од неа и така беше во состојба да основа семејство.

 Подготви: Жаклина Стојановска

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная