логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Стравот е пречка за брак

Еднаш кога јас бев кај Старецот, се јави на телефон еден брат и го праша зошто не може да најде жена да се ожени со неа, и покрај тоа што има веќе 45 години, а имал впечаток дека му правеле магии, но тоа не му го кажа по телефон на Старецот.
Потоа Старецот му одговори:
„Е! Слушај што ќе ти речам. Никој не ти правел никаква магија, како што си замислуваш. Проблемот е во тебе.“
„Кој проблем?“ Праша братот.
„Еве! Се плашиш од бракот, па ни една жена, која ќе ја запознаеш, не е доволно добра.“
Братот упорно остана на своето.
„Кажи му ти“, ми се обрати мене Старецот, „зашто не можам повеќе да зборувам. Проблемот е во него.“
Братот ништо не разбра, остана на своето.


Семејни проблеми и осветување

За да му укаже на недостатоците на еден брат, како што правеше со сите нас, земаше примери од природата и неговиот живот и му велеше:
„Треба да знаеш, чедо мое, дека ништо не настанало без причина и случајно. Сè има своја цел. Ништо не се случува без причина. Дури ни игличките на борот не паѓаат од борот ако Бог не сака. Затоа не треба да се грижиш поради сè што ти се случува. Така стануваме свети. Еве! Ти се грижиш поради твоето семејство, некогаш се мачиш поради жената, некогаш поради децата. Но, тие духовно те возвишуваат. Да ги нема нив, ти воопшто не би напредувал духовно. Бог ти ги дарувал поради тебе. Но, ќе ми речеш, зарем е добро да трпиме од оние кои ги сакаме? Е! Така сака Бог. А ти се многу чувствителен и од грижи те боли желудникот и стомакот. Не е ли така?“
„Да, Старче, но, дали е лошо ако некој е чувствителен?“
„Да“ му одговори Старецот, „лошо е кога некој е многу чувствителен, како ти, зашто преголемата грижа, како кај тебе, предизвикува разни телесни болести. А знаеш ли дека сите душевни болести се демони?“
„Не, не знаев“. Му одговори братот.
„Ете, сега знаеш.“ заврши Старецот.

Се соединува разделен брачен пар

Еден ден појдов кај Старецот, во неговата куќа и тој ми го раскажа следниот случај, кој му се случил со еден таксист:
„Еднаш зедов такси, чедо мое, да си одам дома. Кога влегов во автомобилот, шоферот слушаше народна музика, па љубезно му реков:
„Ве молам, бидејќи мене не ми се допаѓаат овие песни, дали би сакале да го исклучите радиото?“
„Да, оче, ќе го исклучам радиото“ одговори тој.
Додека се возевме го прашав:
„Како ви е името?“
„Василиј“, одговори тој.
„Е, Василиј, имаш ли деца?“ Го прашав повторно.
„Имам“, ми рече, „две деца“.
„Василиј“, му велам, „постарото дете многу личи на тебе, знаеш“.
„Да. Личи на мене, но од каде знаете вие, оче?“ Ми рече.
„Кај ти се децата сега?“ Го прашав.
„Двата се на село со мајка им.“
„А ти живееш сам, овде?“ Повторно го прашав.
„Да“, одговори, „се разведов, оче, па јас живеам овде, а таа таму со децата.“
„Василиј, зошто ги оставаш сами и не одиш да им се придружиш?“
„Не оди тоа, оче“, ми вели, зашто помина веќе доста време како живееме вака, па не можам сега да одам таму.“
Зошто да не?“ Го прашав. „Сакаш ли да ти помогнам повторно да се зближите?“ Му реков.
„Како можете вие да ми помогнете?“ Праша.
„Што ти е гајле. Ти само кажи ми дали сакаш, а јас ќе се погрижам за останатото.“
„Добро“, рече, погрижете се.“
И така јас го однесов во неговото село, каде што му беа жената и децата. Кога се доближувавме до куќата ми рече:
„Е! Јас не одам понатаму, останувам овде.“
„Добро“, реков, „остани овде.“
Излегов од автомобилот и појдов во куќата, ја најдов неговата жена и ја донесов кај него и така се смирија.“
„Старче“, му реков јас на крајот, „многу, многу те сакам поради тоа што го стори.“ А тој се насмеа.

***

Еден ден, еден брат се вратил дома од црква, и откако влегол открил дека жена му и децата таа недела не биле в црква. Си рече самиот себе:
„Ете, гледаш денес е недела, и не биле в црква да добијат благослов. Што да им речам!“ Многу се загрижил поради нивниот пропуст.
Кога, по неколку дена, го сретнал Старецот, ништо не му рекол за тоа, туку му кажувал некои свои гревови, но Старецот му рекол:
„Добро е што ми го кажа тоа. Но, слушај да ти кажам. Тоа што го направи во неделата, немој повеќе да го правиш.“
„Што Старче?“ Го прашал братот.
„Ете, немој да се повтори да влезеш во својата куќа и да се нервираш затоа што твоите не биле в црква.“
„Што треба да правам, Старче?“ Продолжил да го прашува братот.
„Ете! Бидејќи излезе од црквата со благослов кој го доби од таму, треба само мирно да си кажеш во себе „Господе Исусе Христе, помилуј ме,“ и да останеш потполно мирен. Инаку од такви грижи и нервирања, те боли стомакот, овде долу. Зарем не те боли стомакот, овде долу?“
„Да, ме боли.“ Одговорил братот, а потоа побара од него да му прости.

За жените

На еден друг брат му го рече ова: „Кога жената, понекогаш те кара затоа што многу се занимаваш со Црквата, немој да се впушташ во разговор со неа. Оди да се прошеташ, па кога ќе и помине и кога ќе готви во кујната, помилувај ја малку по главата и дај и по некој бакнеж во образ. Ќе и се допадне и ќе заборави сè, што си и направил претходно.“

***

Еден друг па го советувал вака:
„Немој многу да и угодуваш на жена ти. Немој премногу да се занимаваш со неа. Внимавај да бидеш умерен. Немој премногу да влечеш.“

***

„Жените често сакаат да изгледаат како мажите, па често им се допаѓа да носат машка облека и да прават исти работи како и мажите и да се однесуваат како мажи.“ Ми рече во една друга прилика.

***

А на една сестра и рече:
„Жените кои се љубоморни на своите мажи, често се разболуваат од рак.
Тоа им се случува и на попадиите.
Сите болести произлегуваат од грижи и нервирања. Дури и камен во бубрегот.“

Децата се богатство

Еднаш бев кај Старецот со еден брат кој имаше пет деца, додека јас имам само две. Старецот ми рече:
„Овој овде е многу богат, а ти си многу сиромашен. Гледаш?“
„Гледам, Старче.“ Му реков и ја наведнав главата.

Упатство за раѓање дете

Ми раскажа една сестра:
„Еднаш бев во посета на Старецот заедно со мажот ми. Додека разговаравме за сè и сешто, ми рече:
„Што ти прави другото дете?“
Јас му велам:
„Старче, јас немам друго дете. Само едно имам.“
„Ах! Чедо мое“, ми рече Старецот, „до сега требаше да имаш уште едно дете од две години. Зошто немаш второ дете?“
Му реков:
„Старче, не сакам повеќе деца, зашто имам многу проблеми и со ова дете.“
Мојот маж многу сака деца и сака да имаме уште деца. Тој му рече на Старецот:
„Ах! Старче, јас сакам уште деца, речете и зашто многу сакам да имаме уште деца.“
Старецот му одговори:
„Е! Не можете да имате уште деца зашто твојата жена веќе е уморна, има здравствени проблеми, а има и душевни проблеми, па нема да можете да имате деца.“
Но, истовремено гледаше во мене и кога го завршивме разговорот и се подготвувавме да си одиме, ми рече:
„Чедо мое, обиди се овој месец. Овој месец.“
И навистина останав трудна тој месец. Добивме преубаво девојче која е вистински благослов за нас и ни дава многу радост.“

За децата

Кога за време на една исповед, го прашав да ми каже нешто за моите деца, ми рече:
„Ете! Син ти, тебе ти се дал, а ќерката на мајка и. Така сте ги поделиле меѓу себе, за да не се жалите.“

***

Пред да замине Старецот, за последен пат на Света Гора, еден брат го прашал дали добро се однесува со своите синови, а Старецот му одговори:
„Е! Добро се однесуваш со својот син, но треба да внимаваш како се однесуваш со ќерка ти.“
Навистина, претходниот ден и упатил строга забелешка на некоја ситна непослушност за време на ручекот.
„И да љубиш многу“ му рече, „треба многу да љубиш.“

***

„Родителите се виновни за сите проблеми што ги имаат нивните деца. Сите проблеми почнуваат од родителите. Родителите треба да станат свети, а потоа и децата сами ќе станат свети.
Потоа нема проблеми.“

***

„Децата стануваат проблематични кога родителите имаат проблеми меѓу себе.“

***

За децата Старецот секогаш зборуваше дека:
„Имаат проблеми кога родителите не се во ред.“
И уште дека:
„Не треба да ги караме туку да ги советуваме.“ И:
„Ако сакаме нешто да направат, прво треба да им дадеме добар пример и потоа да ги дигнеме рацете кон Бога и да се молиме.“

***

„Треба да стигнеме да им дадеме на децата добар пример пред да наполнат десет години.“

***

„Не треба никој да го присилуваме да оди во црква. Христос рече: „ако некој сака нека оди по мене.“

***

Еден брат му рекол:
„Старче, што да му кажам на својот син, кој во последно време има нешто со една девојка и не знам какви се гревови може да направи со неа? А згора на тоа, таа не ми се допаѓа ни мене, а ни на мојата жена.“
Потоа Старецот му рече:
„Ја познаваш ли ти таа девојка?“
„Не ја познавам.“ Одговори братот.
„Е! Како тогаш можеш да велиш дека не е добра! Немој да го караш како што си го карал и речи му: Слушни ме, дете мое, јас по цел ден, а понекогаш и по цела ноќ сум со светителите и не ми се допаѓа тоа што го правиш. Те молам, стани подобар, зашто тоа и на Бог не му се допаѓа. Твојот син сам ќе одлучи што да прави. Разбра?“
„Разбрав“, одговори братот, и оттогаш не го карал синот, како што правел порано, а покрај тоа, син му веќе бил возрасен човек.

***

„Не треба на децата постојано нешто да им докажуваме. Треба само да им дадеме добар пример.“

***

„Немој постојано да ги советуваш или да ги караш децата.“ Ми рече Старецот еден ден.
„Па, што да правам, Старче?“ Го прашав.
„Е! Ете. Моли се и сè кажи Му на Бога, за да добиеш благослов одозгора.“
Сè гледаше со Божјата благодат со која беше преисполнет, и немаше потреба сè да му раскажеш. Така се случуваше и со пропустите и со грешките кои човек ги правеше.

***

„На своите деца треба да им кажеш да учат за да бидат добри луѓе и да не ги одвлече лошо друштво.“

***

„Не треба да го галиме едното дете пред другото. Децата се љубоморни.“

***

„Децата меѓусебно се поврзуваат кога од нив бараме да завршат некоја работа, или да внимаваат, или да го утешат својот помал брат.“

***

„Три сили влијаат на душата. Силата на доброто, силата на злото и една трета, неутрална, силата на душата.“

***

„Колку е детето похиперактивно, толку е почувствително.“

***

„Оној кој не го познава својот стап, не го сака своето дете.“

***

Пред многу години, пред да купам телевизор, појдов да земам благослов од Старецот, дали треба да го купам, зашто децата ми беа мали и се плашев за нивниот развој. Тогаш ми рече:
„Треба да го купиш, но редовно да набавуваш и телевизиска програма, за да видиш што треба да гледаат децата, односно, дали им одговара нив или не. Под тој услов да купиш телевизор.“


(Од книгата Солзи за светот - старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

Подготви: Жаклина Стојановска

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/11/2024 - четврток

+Светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная