логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Милост и милосрдност за Своите избраници.
(Мудр. 3; 9)

Еден монах од манастирот Кутлумуш и јас, бевме во ќелијата на Старецот. Седевме во гостинската соба кога одеднаш еден посетител заѕвони на вратата. Старецот стана и отиде до прозорецот да види кој би можел да биди. Ние станавме заедно со него и тој рече:
„Некој ѕвони на вратата, но јас не го познавам. Висок е и носи очила. Личи на градежен инженер“.
Старецот ја отвори вратата и човекот влезе внатре. Седевме сите заедно додека Старецот појде да подготви за послужување.
„Од каде сте“, го прашавме.
„Од Јанина“ ( град во северозападна Грција).
„Со што се занимавате?“
„Јас сум градежен инженер“.
„Дали порано сте доаѓале овде?“
„Не, прв пат сум овде“.
Во меѓувреме дојде старец Пајсиј со послужувањето, а ние се поздравивме и си отидовме.

***

Старец Пајсиј седеше во градината на својата ќелија. Со него бил и о. Арсениј, на кој му давал совети за монашкиот живот. Неколку поклоници се движеле по патеката која води до ќелијата на Старецот. Отец Пајсиј ги забележал од далеку и му рекол на о. Арсениј:
„Изгледаат како да доаѓаат од Крф“.
Кога се приближиле, Старецот ги прашал:
„Од каде доаѓате, браќа?“
„Од островот Крф, отец,“.
„Дојдете, седнете овде и дозволете да ве послужам“.

***

Старецот седел пред ќелијата и разговарал со група поклоници. Отец Е. го гледал како зборува и со воодушевување се прашувал:
„На кој начин неговата душа е поврзана со Божествената благодат и колку мора да е чиста кога допушта да дејствува Божјата благодат?“
Додека бил обземен со такви мисли, Старецот го прекинал разговорот кој го водел со останатите и му се обратил нему:
„Се прашуваш како е внатре? Полно е со нечистотија и смрдеа“.
Потоа продолжил да зборува. Поклониците не разбрале што мислел Старецот со овие зборови, но отец Е. бил воодушевен.

***

Д. К. е роден во Самарини (град во северозападна Грција). Кога имал една година родителите се преселиле во северна Грција, во градот Козани, каде трајно се населиле. Д. К. живеел во Козани преку четириесет години и кога луѓето ќе го прашале од каде е, секогаш одговарал од Козани, сосема заборавајќи на Самарини.
Во периодот кога се соочувал со семејни проблеми, еден пријател го советувал да оди на Света Гора, да го посети старец Пајсиј и да побара негов совет. Кога дошол до неговата ќелија, Старецот во моментот разговарал со некои посетители.
„Влези внатре“, му рекол.
Д. К. поминал преку капијата, и не познавајќи го манастирскиот начин на поздравување, рекол:
„Здраво, отец“.
„Здраво и тебе. Од каде доаѓаш?“
„Од Козани“, отец.
„Седи овде и послужи се со локум, има неколку видови“.
Преправајќи се дека заборавил од каде е неговиот посетител, Старецот повторно го прашал:
„Што рече, од каде си? Од Самарини?“
„Не старче од Коза...“
Одеднаш, Д. К. се сетил на местото каде што е роден, и воодушевувајќи се на прозорливоста на Старецот, смеејќи се рекол:
„Да, Старче... јас доаѓам од Самарини, како што рековте, но заборавив сè што е во врска со тоа!“

***

Еден монах и отец Давид од манастирот Кутлумуш дошле да го посетат Старецот. Откако ги послужил со слатки, излегле во градината. Додека разговарале, Старецот дробел бисквити за да ги нахрани птиците. Дланката му била отворена така што птиците слетувале на него и јаделе од трошките. Откако ќе земеле неколку трошки, се вртеле лево и десно и одлетувале на дрво. Отец Пајсиј мило им говорел:
„Не плашете се овие луѓе се наши пријатели“ и покажал на двајцата монаси.
Птиците повторно слетувале на неговата дланка за да ги изедат останатите трошки. Отец Пајсиј не ги сакал само своите ближни, туку и животните и птиците. Во текот на зимата, пред ќелијата дробел бисквити за да имаат што да јадат птиците. Неговата градина била полна со најразлични птици, големи и мали, диви и припитомени.

***

На вториот ден на Велигден, светогорските монаси служеле молепствие и ја прославувале чудотворната икона „Достојно је“. Старец Пајсиј тој ден останал во својата ќелија да се моли. Одеднаш осетил како ќелијата се исполнува со миомирис, но не можел да открие од каде доаѓа. Откако поминал низ сите одаи, сфатил дека миомирисот доаѓа однадвор.
Излегол во градината и навистина тука миомирисот се чувствувал посилно. Го слушнал ѕвоното. Поминувала литијата со иконата „Достојно је“ и миомирисот се ширел од оваа чудотворна икона.
Како што иконата се оддалечувала пратена со звукот на ѕвоното и миомирисот почнал да слабее. Истиот ден, попладне, о. Пајсиј му кажувал на о. Атанасиј за ова чудесно случување.

***

Г. Константинос ме замоли да му кажам на Старецот да се моли за едно дете кое го познавал и веќе со години било парализирано. Кога појдов кај Старецот да му ја пренесам пораката, го прашав:
„Што мислите, Старче, постои ли можност ова дете да оздрави?“
Како одговор на моето прашање, ми раскажа една случка:
„Еднаш, една девојка од Тесалија (централна Грција) доживеала несреќа и нејзиниот мозок бил сериозно оштетен. Бидејќи ги изгубила сите осети, паднала во кома и сметале дека е клинички мртва. Докторите рекле дека не постои можност да се опорави и родителите само можат да ја чекаат нејзината смрт.“
Бидејќи повеќе немало човечка надеж дека девојката ќе се опорави, некои луѓе му кажале на родителите за Старецот и ги наговориле да го посетат. Таткото одлучил да појде на Света Гора и да поразговара со него за својата ќерка. Откако му ја раскажал цела сторија, со чудење го прашал:
„Отец, сите лекари дојдоа до заклучок дека мојата ќерка никогаш нема да се опорави и дека можеме да ја очекуваме нејзината смрт. Што мислите Вие, има ли некоја надеж, може ли Бог да направи нешто тука?“
„Немојте никогаш повеќе да прашувате дале Бог може да направи нешто, зашто тоа е богохулно. Бог го создал човекот и во состојба е камењата да ги претвори во луѓе, а Вие прашувате дали може да направи нешто и за Вашата ќерка. На Бога ништо не му е тешко ниту невозможно. Нам ни е тешко да го надминеме своето неверување и да поверуваме во Него без никакви сомнежи. Според тоа, молете се на Христа со вера и без никакви сомнежи. Немојте да ја губите својата надеж во Него. Бог ни допушта да почувствуваме очајание за да имаме доверба во Него. Никогаш нема да не изневери нашата надеж и доверба во Бога. Јас Ве уверувам дека Вашата ќерка ќе оздрави!“
Таткото заминал и го послушал советот на старец Пајсиј. По извесно време му кажале дека здравствената состојба на неговата ќерка се подобрува, додека еден ден сосем не оздравела. Таа денес работи и се чувствува сосем добро. Докторите се чуделе како воопшто преживеала, зашто сметале дека нејзината смрт е неизбежна.
„Според тоа, кажи му на г. Константинос да верува дека детето ќе оздрави“.
Потоа Старецот продолжи да раскажува за уште едно случување.
Во воената болница имало петмина офицери и сите боледувале од рак. Состојбата на четворицата не била загрижувачка, и се сметало дека доколку бидат оперирани, ќе можат да живеат уште многу години без никакви проблеми. Но, петтиот офицер бил сериозно болен. Тврделе дека му останале само уште неколку седмици.
Кога пациентот дозна за тоа, го обзеде очајание и беше неутешлив. Еден од лекарите, инаку побожен човек, се обидувал да го утеши и му велел:
„Немојте да очајувате. Лекарите можат да велат дека нема надеж, но не заборавајте дека постои Бог. Молете се и не заборавајте дека во случајот како што е Вашиот се случуваат чуда“.
На пациентот во истиот момент му било подобро и побарал духовник. Откако се исповедал, постојано се молел на Бога имајќи доверба во Него и потпирајќи се на Неговото милосрдие.
Да ја скратиме приказната, четворицата офицери кои немале сериозен облик на рак набрзо умреле, додека петтиот за кој тврделе дека му останале само неколку седмици, денес добро се чувствува и ги обработува нивите“.

***

Старецот го посетил татко, чија ќерка имала тумор на мозокот. Според мислењето на лекарите, и останувале само уште неколку месеци живот. Татко и зел нејзина облека, Старецот да ја благослови, и го замолил да се моли за неговото девојче.
Старецот му рекол:
„Јас ќе се молам за Вашето дете. Но и Вие како татко морате нешто да жртвувате поради својата ќерка, зашто Бог секогаш е милосрден кога гледа како луѓето се жртвуваат за оние кои ги сакаат“.
„Што да жртвувам, Старче“, прашал таткото.
„Имате ли некоја страст? Жртвувајте некоја од нив“.
Бидејќи бил духовно неупатен, човекот одговорил:
„Не знам дали имам каква било страст“.
„Дали пушите?“
„Да“, одговорил.
„Добро, тогаш жртвувајте ги цигарите за здравјето на Вашето дете и Бог ќе ја исцели“.
Таткото ветил дека така ќе направи. Го одржал своето ветување и постепено на неговата ќерка ѝ било сè подобро, додека целосно не оздравела. Лекарите потврдиле дека нејзината здравствена состојба повторно е нормална.
Но, таткото заборавил или подобро речено го прекршил ветувањето кое му го дал на Бога и повторно почнал да пуши. Истовремено, на мозокот на неговата ќерка повторно се појавил тумор и нејзината здравствена состојба станало сериозна како и претходно.
Таткото повторно отишол кај старец Пајсиј, и побарал да се моли за неговата ќерка.
Старецот тогаш му рекол:
„Ако Вие, како татко не можете да го одржите ветувањето кое го дадовте поради своето дете и да ја жртвувате страста која го разорува Вашето здравје, тогаш ни јас не можам да Ви понудам никаква помош“.

***

Во текот на летото 1993 година некои луѓе почнале да шират гласини дека Старецот ќе се упокои во август, таа година. Поради тоа многу монаси биле вознемирени. Еден ден, отец Давид одлучил да го праша Старецот дали тоа е вистина и дали тој го рекол тоа. Кога стигнал, Старецот пред поздравот му се обратил со следните зборови:
„Ти знаеш дека се зборува дека ќе умрам во август. Во јануари, еден од моите посетители ми рече: ’Отец, вие ќе умрете зашто боледувате од сериозна хеморагија’. Јас на тоа шеговито му вратив:
’Не мислам дека е така. Сега не е вистинско време некој да умре, многу е ладно. Август е попогоден, зашто тогаш е топло’. Му го кажав тоа како шега, а тој го пренесе како да реков дека ќе умрам во август. Не можам дури ни да се пошегувам!“

***

Еден монах, кој наскоро требало да стане ѓакон, а потоа и свештеник, дошол кај Старецот да земе благослов и да го праша дали е Божја волја да стане свештеник.
Тој му одговори дека тоа е Божја волја, но дека треба малку да почека. При тоа му го кажа и времето кога ќе може.
Монахот се исповедал кај Старецот дека тој лично не сакал да стане свештеник, но дека манастирскиот старец и останатите монаси вршеле притисок на него да го направи тоа.
Старец Пајсиј го советувал да им биде послушен. Во таа прилика му раскажал за следното случување:
„Во тоа време живеев во манастирот Стомио во Коница. Еднаш се молев до доцна во ноќта и пред мене се појави Господ. Беше облечен како архиепископ и ми рече:
’Моја волја е да станеш свештеник. Истото го сакам и за тоа и тоа момче, од тоа и тоа село’.
Сакав со сопствениот разум да се уверам во видението кое го имав. Појдов во селото кое Господ ми го спомена и прашав каде се наоѓа куќата на тоа и тоа момче. Кога стигнав во куќата, се преправав дека сум само на поминување, дека сум уморен и дека сакам да се одморам, така што ме пуштија да влезам. Беа изненадени, но и радосни со мојата посета. Ги прашав дали имаат деца и ми одговорија дека имаат син, кој бил на училиште. Ги прашав какви се неговите планови за иднината, а тие ми одговорија дека во последно време размислува да биде свештеник. Им реков да му допуштат да направи како што сака, зашто Божјата волја е тој да стане свештеник. По извесно време, момчето беше ракоположено. Така се уверив дека видувањето кое го имав беше вистинито.“

***

Старец Пајсиј во една прилика кажуваше:
„Неодамна ме посети еден епископ и ми рече: ’Мораш да станеш свештеник и духовен отец.’
Му реков дека за тоа постои една голема пречка.“
’Од каква природа е таа пречка?’
„Одговорив: ’Во војната бев радио – оператор и предизвикав смрт на многу луѓе. Секога кога беше неопходно јас го известував генералот каде да ги испратат авионите да го бомбардираат непријателот.’
’Во тој случај’, додаде епископот, ’постојат пречки и за готвачите, затоа што подготвуваа храна за оние кои се бореле и убивале луѓе.’
’Не знам дали постојат пречки за готвачите. Единствено што знам е дека јас не можам да бидам свештеник.’“
Старец Пајсиј продолжи: „Постои уште една причина поради која не сакав да станам свештеник. Сакав монашкиот живот да го проживеам онака како што сакав јас! Ако станеш духовен отец, повеќе немаш избор и мораш да го примиш секој кој ќе те посети. Но, кога си прост монах, можеш да го уредиш сопствениот живот. Сепак, сега нештата се променија, зашто сум присилен својот живот да го прилагодам на своите посетители.“

***

Во текот на 1986. година г. Теодор А. беше во многу лоша духовна состојба. Непрестајно се молел на Бога да му открие нешто очигледно, со што би ја засилил својата вера и би ги растерал „облаците“ на неверување кои го мачеа.
Една ноќ додека лежеше на креветот и се молеше, се најде во состојба која не можеше да ја опише. Дали тоа беше само сон, видение или илузија? Не можеше со сигурност да каже.
Се видел себеси на скеле на една висока градба, а тројца свои соселани на друго скеле. Одеднаш, скелето почна да се руши и тој паѓаше заедно со него. Тогаш видел како го гледа едно убаво, русо момче. Момчето личело на Господ. Со Него бил еден монах кој успеал да го задржи додека паѓал и безбедно да го спушти на земја.
Монахот пошол да го зацврсти скелето и да го врати на местото, а потоа му рекол на Теодор:
„Твоето скеле сега е прицврстено и нема опасност дека ќе паднеш. Според тоа, не треба да бидеш вознемирен. Но, речи им на своите соселани да го зацврстат своето скеле, зашто се во опасност.“
Во тој момент Теодор се разбудил, прашувајќи се што може да значи видението кое го имал. Од тоа време, ликот на тој монах се зацврстил во неговото сеќавање.
Поминале пет месеци од денот кога Теодор го имал видението. Селскиот свештеник, отец Јоанис, објавил во црквата дека оди на Света Гора и дека многу би се израдувал ако уште некој од селото појде со него. Неколкумина сакаа да одат на тоа поклоничко патување. Теодор многу нешта имал слушнато за Света Гора, па одлучил и тој да му се придружи на отец Јоанис.
Кога стигнаа на Света Гора, прво го посетија манастирот Кутлумуш, а потоа свештеникот им рекол да одат во манастирот Ивирон. Ги советувале да застанат на патот и да го посетат старец Пајсиј, подвижник кој живееше во близина, и да земат негов благослов.
Кога стигнале до ќелијата на Старецот, ѕвонеле и Старецот дошол да им ја отвори вратата за да можат посетителите да влезат. Кога видел, Теодор не можел да си поверува на сопствените очи. Го препознал монахот кој го запаметил од своето видение.
Старец Пајсиј се поздравил со секој посетител посебно. Кога повеќето посетители поминале низ капијата, отец Пајсиј ја наведнал главата и го погледнал Теодор кој стоел последен во редот и чекал да се поздрави со него.
„Како си Теодор? Ние често се гледаме!“
Кога ги слушнал зборовите на Старецот, во истиот момент Теодор се уверил дека тоа е оној монах кој го видел во своето видение. Му одговорил:
„И јас, Старче, добро Ве познавам, но сега прв пат Ве гледам во непосредна близина“.
Старецот се насмеал и продолжил да се поздравува со останатите посетители.
Благодарејќи на помошта која Бог му ја укажал преку старец Пајсиј, во Теодор се зајакнала верата. Се обидувал што повеќе да се приближи до Бога, преку Црквата и нејзините Свети тајни. Често го посетувал старецот за да се посоветува со него и да земе благослов. Откако ќе ги наполнел своите духовни „батерии“ се враќал на животот во светот.

(продолжува)

од книгата Солзи за светот - старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј

Подготви:Жаклина Стојановска

 Чудесни случувања (I)

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная