логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Милост и милосрдност за Своите избраници.
(Мудр. 3; 9)

Отец Х., духовник од Агринија, го посетил старец Пајсиј заедно со г. Димитриј М. Свештеникот го замолил Старецот да му подари нешто од неговите лични работи. Старецот му ја подарил својата раса. Тогаш и г. Димитриј замолил за подарок, и Старецот му дал волнена поткошула.

Сопругата на г. Димитриј имала здравствен проблем. Целото тело и било со чиреви кои и предизвикувале неподносливо чешање и болка. Била многу загрижена за својата здравствена состојба. Мажот и ја носел кај многу лекари, но ниеден не бил во состојба да ја открие причината за болеста, така што не можеле да и препишат и лекови. Нејзината состојба се влошувала и г. Димитриј бил многу вознемирен гледајќи како неговата сакана сопруга пати, додека тој не е во можност да и помогне.

Еден ден кога се чувствувала многу лошо поради неподносливото чешање, Димитриј се сетил на поткошулата која ја добил од Старецот и и ја дал на жена му да ја облече. Побожната жена ја облекла поткошулата и за чудо веднаш заспала во многу длабок сон. Кога се разбудиле, мажот и забележал дека сите чиреви исчезнале заедно со чешањето и болката. Од тој ден оваа жена веќе никогаш не патела од оваа болест.

***

На патеката која води до ќелијата на старец Пајсиј, отец А. сретнал еден инвалид. Куцал и одел со помош на штеки. Кога отец А. го прашал каде оди, му одговорил дека оди кај старец Пајсиј. Потоа отец А. го прашал за причината за неговиот инвалидитет, а човекот му одговорил:
„Пред некое време го посетив отец Пајсиј. Ми велеше дека треба да се поправам за многу нешта. Но, како што сум тврдоглав не го послушав, па дури и грубо се однесував кон него. Се обидувал да ми даде добар совет но увидувајќи го моето негативно расположение, ми рече:
’Треба да имаш на ум дека Бог ќе дозволи да ти се случи сообраќајна несреќа која ќе те научи на смирение и ќе ти помогне да се смириш, инаку никогаш нема да се опаметиш’.

Човекот му кажа на отец А. дека Старецот му рекол уште нешто кое не може да му го открие од сосема посебна причина.
„Така“, продолжил човекот, „пред извесно време доживеав сообраќајна несреќа. За жал, мојата жена и детето загинаа, а јас останав инвалид. Бидејќи се опаметив, одлучив повторно да го посетам старец Пајсиј“.
По неколку денови, отец А. повторно дошол кај отец Пајсиј да ја поправи чешмата од која Старецот користел вода. Ја искористил приликата да праша што точно му се случило на оној човек и на кој начин Старецот ја предвидел сообраќајната несреќа. Старецот одговорил така, како што и обично одговарал во слични ситуации:
„Тоа се нешта за кои не можам да ти зборувам, ниту можам да ги објаснам“.

***

Еден од монасите сакал да го напушти манастирот во кој примил постриг и да премине во ќелијата Преображение, сместена недалеку од ќелијата на Старецот.

Пред да ја исповеда својата мисла, го посетил старец Пајсиј. Кога стигнал, Старецот му поскал добредојде, го послужил, и пред монахот да има време да му ја соопшти мислата, му рекол:
,„Во наше време, Бог, повеќе од секогаш дејствува во нашите животи на многу зачудувачки начини. Поради тоа не е потребно нешто особено да бараме или да посакуваме за себе, зашто може Бог да има други планови. На пример, тој можеби сака утре да заминам за Кина и таму да изградам манастир.

Во наше време се стана возможно и затоа се трудам во целост да се ослободам од својата волја“.

***

Старец Пајсиј обично се молел цела вечер. Еднаш се случи во 1 часот по полноќ, Божјата благодат да го „извести“ дека некој во светот, по име Јоанис се наоѓа во вистинска опасност. Истиот момент запалил свеќа и почнал да се моли само за Јоанис. После пола час, бил „известен“ дека Јоанис сега е на сигурно. Но, Старецот не знаел што се случува.

Утредента го посетило едно момче и му го раскажа остатокот од приказната, која Божествената благодат ја остави недовршена. Му рече дека се соочувал со многу сериозни проблеми и дека доаѓајќи до безизлезна ситуација, одлучил да се убие. Околу 12.30 по полноќ го зел својот мотор и го напуштил градот. Возел по стрмен предел за да може да слета од патот и да загине. Околу 12.50 низ главата му поминала една мисла:
„Толку кажуваат за старец Пајсиј на Света Гора. Зошто да не го посетам, па ако и тој не може да ми помогне, можам да се убијам“.
Тоа момче беше Јоанис, за кој Божјата благодат го „извести“ старец Пајсиј и за кој толку се молел претходната вечер, додека момчето се подготвуваше да скокне од карпата. Откако се вратил од Света Гора, момчето не пошло повторно на карпата. Напротив, отишол кај духовник и се исповедал. Благодарејќи на молитвите на Старецот, се вратил во Црквата.

***

Кога малиот Теодор имал само една година, добил висока температура која му ги парализирала нозете, рацете, гласот и цело тело. Не можел ниту да оди, ниту нешто да држи во рацете, ниту пак, да зборува. Лекарите не можеле никако да му помогнат.
Неговиот дедо, Христос Т. слушнал за старец Пајсиј. Па, во 1991. година го однесол Теодор на Света Гора. Носејќи го во рацете отишол кај Старецот и побарал да се моли за тоа дете. Старецот го благословил Теодор и му рекол на дедото да не се грижи, зашто детето ќе биде излечено.
Од тој момент, здравствената состојба на детето се подобрувала. Почнало да оди, да придржува со рацете и се чувствувало многу подобро иако сè уште не било сосем излечено.
По една година, во сабота 30. мај 1992. година Христос Т. повторно отишол на Света Гора со малиот Теодор. Престојувале во манастирот Кутлумуш каде што и го оставил Теодор, додека тој самиот отишол да го посети старец Пајсиј. Детето не го зел со себе, бидејќи не било во состојба да оди по стрмната патека која водела до ќелијата на Старецот. Освен тоа, повеќе не можел да го носи в раце, зашто било тешко.

Кога Старецот го видел, веднаш го прашал:
„Како е сега Теодор?“
Г. Христос Т. му одговорил дека детето сега е подобро, но бодејќи добило на тежина не можел да го носи в раце и го оставил во манастирот. Но, доколку некој му помогне ќе може да го донесе овде.
„Не, немојте да го уморувате носејќи го овде“, рекол старец Пајсиј. „Откако ќе ги испратам посетителите, ќе дојдам во манастирот да ве посетам и Вас и детето.“

Г. Христос се вратил во манастирот Кутлумуш. Кога дошол до капијата го известил о. Давид, вратарот дека подоцна ќе доjде старец Пајсиј за да го посети.

Монасите кои го слушнале тоа многу се изненадиле, зашто Старецот ретко одел во посета, но истовремено и многу се израдувале што ќе го видат.
Времето поминуваше, сонцето зајде, а старец Пајсиј сè уште не стигнал. Железната манастирска капија морала да се заклучи, бидејќи тоа беше единствен влез. И монасите и посетителите биле многу ожалостени што старец Пајсиј не успеал да дојде.

Следното утро, во недела, г. Христос и неговиот внук пошле до „поратрикија“ , несвесни што се случило. Имале големо изненадување за сите посетители.

Отец Давид му се обратил на дедото:
„Значи, старец Пајсиј не успеа да дојде и да го посети малиот Теодор?“
Г. Христос, не знаејќи што всушност се случило, одговорил пред сите:
„Старец Пајсиј дојде околу полноќ. На Теодор не му беше добро и не можеше да заспие, а јас седев и го чував. Точно на полноќ слушнавме како некој тропа на врата и јас прашав кој е.
’Старец Пајсиј. Дојдов да го посетам Теодор.’
Станав и реков:
’Влезете, Старче.’
Вратата се отвори, Старецот влезе и седна покрај Теодор. Го прекрсти и го бакна в чело, а потоа му даде икона од Пресвета Богородица (таа икона Теодор ја држеше во рацете). Откако му рече дека ќе му биде добро, Старецот си замина“.
Сите кои беа во собата беа счудоневидени. Единствени кои сè уште не разбрале што се случило беа Теодор и неговиот дедо.
Дедото сфатил што всушност се случило откако о. Давид и останатите му го објаснија следното:
а) Манастирската капија и вратата се затвораат со заоѓањето на сонцето и повторно се отвораат дури в зора.
б) Не може да се влезе низ прозорци, зашто на нив има железни решетки.
в) Гостилницата била преполна со посетители, и доколку некој и најде друг начин да влезе, ќе морал некој да праша каде е собата на Теодор.
г) На крајот, никој не го видел Старецот освен Теодор и неговиот дедо.

***

Еден ден го посетив старец Пајсиј и го прашав:
„Отец, сакам да ми го објасните следното: ако светител е во Солун и таму го гледаат луѓето, дали тој истовремено може да биде и во Атина, во болница да посети болен кој го молел за помош, а притоа да биде невидлив за другите луѓе во болницата?“
„Секако дека може! Тој духовно оди да го види болниот и да ја допре неговата глава. Понекогаш и болниот не е свесен за присуството на светителот. Дури кога ќе излезе од болница и ќе појде да го посети, светителот ќе му каже: ’Те посетив во болницата, додека беше во таа и таа соба, а ти воопшто не ми обрна внимание, дури не ми ни заблагодари!’“

***

Старецот ни кажуваше за едно чудесно случување кое се случило додека бил во Коница.
„Бог е праведен и ако душата скрушено моли за Негова помош, искрено верувајќи во него, ќе направи сè што е во корист на скрушената душа.
Додека бев во манастирот во Коница, се молев ноќта, кога Бог на чудесен начин ме ’извести’ дека морам да појдам до еден голем град во Грција... Ми рече само тоа и ништо повеќе. Отидов до тој град и не знаејќи што да направам, отидов да посетам еден пријател. Кога ја напуштив неговата куќа, почнав да лутам по улици прашувајќи се зошто Бог не ми даде повеќе упатства. Додека поминував покрај една куќа, помислив дека треба да заѕвонам на нивната врата. Се двоумев, размислувајќи како да заѕвонам на врата на непозната куќа, а при тоа ни сам не знам што сакам од станарите. Меѓутоа, мојата мисла беше упорна и многу силна.

Заѕвонив и бев многу изненаден кога после неколку минути видов стара монахиња која излегува од куќата. И пред да кажам било што, ми се обрати со следните зборови.

’Благословете, отец. Сигурно Бог ве испрати, затоа што сум многу грешна. Влезете, Ве молам.’
Влегов, а таа продолжи да зборува: ’Веќе долго се молам Господ да ми испрати некој од Неговите луѓе кој ќе ми каже што да правам.’
Потоа ми раскажа зошто живее во светот. Откако поразговаравме за проблемот и најдовме решение согласно со Божјата волја, ми кажа дека има уште една монахиња со ист проблем. Ме замоли да ја пронајдам и да ѝ помогнам. Тоа и го сторив. После ова случување, се вратив во манастирот исполнет со длабоко стравопочитување поради Божјата промисла за овие души и за нивната добродетел, односно да живеат толку возвишен духовен живот, а така да се скриени од светот“.

***

Се случило тоа додека старец Пајсиј беше во Коница. Било зима и имало многу снег. Еден ден в зори, тргнал низ шумата да му помогне на еден свештеник при служењето Литургија. Додека чекорел по тесната, завеана патека, се соочил со мечка која одела накај него.
Кога мечката сосем се приближила, отец Пајсиј од својата торба извадил една од двете просфори и ѝ ја понудил на мечката. Мечката ја зела просфората, се поклонила и заминала!

Во времето кога веќе бил во ќелијата Панагуда, при манастирот Кутлумуш, некој дознавајќи за овој настан, прашал дали е вистина. Старецот одговорил:
„Како да се сетам на нешто што се случило уште додека бев во Коница!“
„Зарем е можно да се заборави еден таков настан“, прашал поклоникот.
„Добро, ако мечката веќе била гладна, зошто тогаш да не ја земе просфората за да ја изеде?“

***

Отец Пајсиј ни раскажуваше како во младоста се качувал на Света Гора и лутал неколку денови.
Не знаел ни кој ден е, ни дата, ниту пак патот до својата ќелија. Одеднаш пред него се појавил некој монах, кој се разликувал од другите монаси. Лицето му било чисто и светло и целата негова фигура му била посветена. Бил облечен во стара искрпена мантија. Наместо петлици, користел парчиња дрво. Околу вратот носел мала торба која исто така била целата искрпена.

Старецот го поздравил и прашал дали знае кој ден е денес. Монахот ја зел торбата и од неа извадил парчиња дрва со кои почнал да брои. Така израчунал кој ден е, и му кажал на Старецот. Потоа Старецот го замолил да му покаже по која патека да стигне до својата ќелија. Откако подвижникот му го покажал патот, Старецот се заблагодарил, зел благослов и се подготвувал да тргне. Додека уште разговарал со Старецот, одеднаш подвижникот исчезнал. После сè, Старецот ни рече дека тој мисли дека тоа бил еден од „невидливите подвижници“ кои според преданието живеат на Света Гора.

***

На 17. јануари 1991. година во 3 часот наутро, еден монах дошол да го извести отец Пајсиј дека почнала војната во Ирак. Кога стигнал до неговата ќелија, ја насочил ламбата кон прозорецот од капелата, зашто занел дека во тоа време Старецот се моли. Тогаш тропнал на капијата. Набрзо дошол Старецот да ја отвори капијата и прашал:
„Кој е?“
Монахот му го кажал името, и пред да успее да каже нешто, старецот му рекол:
„Пред отприлика 45 минути ме известија дека почна војната во Ирак и дека имало страшни разурнувања.“
Монахот на тоа додал:
„Отец, јас дојдов да Ви ја соопштам таа вест, но изгледа Вашиот сопствен ’телевизор’ припаѓа на најсовршениот тип и Вие немате потреба за информации!“

***

Во 1984. година, вторник, за време на Светлата седмица, старец Пајсиј на полноќ имал страшно видение.
Пред него се простирала долина со жито кое само што почнало да ’рти. Тој стоел надвор од оградата на ливадата и палел свеќи. Свеќите биле наменети за мртвите (Старецот имал обичај да пали свеќи и да ги става во лименки. Го правел тоа за секој кој пател, жив или мртов).
Од левата страна на оваа долина имало дива, пуста, мрачна и неплодна земја полна со камења. Оваа земја постојано се тресела и се слушало гласно завивање. Старецот забележал дека тоа завивање го предизвикуваат липања на многу илјади срца. Не можел да го открие нивното потекло, но во нивниот звук препознавал страшна болка.

Додека пател и во исто време се чудел што би можело да значи ова видение, слушнал некој глас кој му објаснил дека долината со житото кое само што почнало да ’рти, означува гробови со мртви души кои ќе бидат воскреснати, додека страшното место од левата страна за душите на оние (непокаените) кои со абортус ги убиле децата.

Ова видение му предизвикало толку болка, што кога се оправил, иако истоштен, не можел да се одмори и да заспие.

(од книгата Солзи за светот - старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

 

 Подготви: Жаклина Стојановска

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная