логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Осветување на новоизградена црква во тетовско (11.10.2007)

Во четвртокот, на 11 октомври 2007 година, на денот на востанието на Република Македонија, на празникот на преподобен Харитон Исповедник, во потшарпланинското село Теарце беше осветена новоизградената црква, посветена на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Чинот на осветувањето го изврши надлежниот епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, во сослужение на поголем број свештенослужители од тетовското и од гостиварското архиерејско намесништво.По повод свечениот чин на осветување на црквата, пригодно обраќање до надлежниот епархиски архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, одржа парохискиот свештеник протоереј – ставрофор Димитрије Крстески, кој меѓу другото рече: „Теарце во моментов има 240 православни семејства, а околу 300 семејства водат потекло од ова село а сега се наоѓаат во дијаспората, каде што се активни делатели во нашите цркви во Американско-канадската, Западноевропската и Австралиско-новозеландската епархија. Тие зедоа учество и тука и бараа осветувањето да се изврши во оваа јубилејна година, кога се навршуваат 40 години од возобновувањето на древната и славна Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, како и Вашиот личен јубилеј, 40 години активна архиерејска служба. Ја користам оваа прилика, од свое име и од името на сите тука присутни, да Ви го честитам и црковниот и Вашиот личен јубилеј. Ваше Високопреосвештенство, Ве молиме, осветувајќи го овој храм да ги благословите Теарчани. Воедно ги повикувам сите оние, кои помогнаа ова дело да стаса до осветување, да продолжат и понатаму да одат кон добри дела и да ги творат истите“.Од името на Црковниот одбор, на почитуваниот Дедо Владика, топло добредојде му посака г. Петко Ѓорѓевски, кој направи и една ретроспектива на активностите кои доведоа од идеја до реализација на ова богоугодно дело. Тој меѓу другото рече: „Верниците од Теарце уште во раните 90-ти години дојдоа до сознание дека постојната црква на свети Никола во средиште на селските гробишта не ги задоволува нивните потреби, пред сѐ за свечени и радосни моменти. Веќе во 1999 година започнавме со реализација на идејата, која што претходно беше во зародиш, и во центарот на селото поставивме камен-темелник за изградба на овој велелепен храм, на простор кој уште пред 100 години е даруван за изградба на црква. По осум години напорна работа, Вие сте сведок и учесник, на крунисувањето на ова наше заедничко грандиозно дело, како дел од меморијалниот комплекс, посветен на нашиот преродбеник, Теарчанецот, игумен Кирил Пејчиновиќ.Ја користиме оваа прилика да им заблагодариме на сите дарители од татковината и надвор од неа, кои широкоградо ја помогнаа изградбата на оваа света црква“.Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, беше восхитен од прекрасниот изглед на новоизградената црква и воодушевен од срдечното и топло добредојде, укажано од богољубивите и гостољубивите Теарчани. Тој на нив и на многубројните присутни верници им го честита осветувањето на новоизградената црква, како и Денот на востанието на Република Македонија и им ги пренесе поздравите упатени од нивните роднини и пријатели, кои живеат во САД, во космополитскиот град Детроит, каде што има окулу 40 000 православни Македонци, како и од градот Винзор. Воедно, не изостави да им го честита претстојниот празник Рамазан Бајрам на сите припадници на исламската религија, кои живеат во тетовскиот крај и пошироко.На извршеното јавно наддавање, Лазар Ѓорѓевски, ученик во IV година во гимназијата „Кирил Пејќинович“ во Тетово, за црковниот клуч, на црквата ѝ подари 50 000 денари, а за црковниот чекан, г. Сашо Серафимовски на црквата и подари 10 000 денари. Тиа заедно го запалија и прекрасното престолно кандилце, за здравје и спасение на сите.По извршеното осветување, во  црквата на светиот великомаченик Димитриј беше отслужена Света Литургија и беше приредена богата братска трпеза на љубовта.                 

подготвил : свештеник Жарко Мицковски, професор

 
 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная