логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Епископ Велички Методиј

metodij.krividol.jpgНеодамна, во Љубљана, во ателјето на еден од членовите на словенечката сликарска група ИРВИН, видов две нивни најнови слики што го третираат симболот на крстот. Тоа не е нешто невообичаено за нив, иако крстот како супстанца и како содржина во двете ликовни дела не се јавува како надоврзување на долгата традиција на ставрографски артикулации, туку го третира самиот проблем на “надоврзување”. Тоа беше и повеќе од доволна провокација за еден мошне инспиративен разговор кој започна со заедничката теза дека нашата, европската култура е првенствено крстопоклона култура, во сите семантички варијации, а продолжи токму во правецот кој го трасираа двете слики: проблемот на идентификација со симболот на крстот. Како го разбираме крстот? Како го носиме овој базичен христијански знак во нашата свест? Дали црвената нишка што ги сврзува полиставрионите на архиерејските одежди од охридските фрески и супрематистичките пан-ставриони на Маљевич се протега и до нашиве денешни крстви? Дали денес тој можеби за нас има и некое друго, поуниверзално (вонхристијанско) значење, сообразно со владеачкиот синкретизам? Разговорот подоцна продолжи и со размена на неколку кратки пораки преку интренет. Всушност, тој сe уште трае.

Што е крстот? Навидум премногу философско прашање. Прашање кое е далечно на суровото секојдневие и борбата за опстанок на секој план. Ќе повторам: навидум. Причината за тоа не лежи само во фактот дека текствов не е инспириран од некојси јубилеј од градењето или осветувањето на крстот на Водно или на некој од стотиците негови репликанти ширум нашата мила и многустрадална татковина. Празникот Крстовден календарски е далеку. Тој исто така нема за цел да ја оправда или осуди симптоматичната тенденција заради која на секоја лединка и ридче никнуваат крстови, а литургиската култура ни е во ембрионална фаза. Причината не е ни во обидот да се опонира на денес често употребуваната синтагма: постхристијански период, - не толку кај нас, тоа не одговара на нашата мултикултурност (заради која не смееме да признаеме ни дека некогаш сме биле христијанска култура), туку на Запад. Во поширок контекст. За да размислуваме и зборуваме за крстот причина има секогаш. Со други зборови, не постои по актуелна тема од смислата на нашето страдање. Дури и тогаш кога страдаме од незнаење.

Крстови можеме да забележиме секаде околу нас. И тие зборуваат многу различни нешта. Симболите, се согласуваме, зборуваат. Што разбираме ние од тие кажувања? Крстови кои се обидуваат да повампират некои анахрони фашистички култови. Гламурозни крстови со кои се накитени програмски разголените и програмски популизираните ѕвезди од музичките спотови. Неонски осветлени крстови на квази-капелите за брза венчавка во стилот на Елвис Присли во Лас Вегас. Трагикомични стилизации на т.н. сатанистички крстови што ги носат фановите на ??????-метал бендовите. Индустриската бижутерија од распетија и розенкројцери што се продаваат и во самите храмови на сите христијански деноминации. Крстовите на знамињата на оние држави кои со тоа го овековечиле своето учество во пљачкашките “крсташки” походи. Црвен Крст, Црвена Полумесечина, Црвена Давидова Ѕвезда, Црвен Јин-Јанг... Бетонски крстови, челични крстови, дрвени крстови, мермерни крстови, и на гробишта и недвор од нив, и на врвовите од храмовните куполи и без храмови, на камбанариите и без камбанарии. Крстови без критериум. За ваквата декаденција нема невини. Најмалку меѓу оние кои мислат дека го имаат критериумот по традиција.

Во времето на Диоклецијан и Нерон, кога христијанството било во прогон, верниците употребувале симболички алузии на крсниот знак за да се идентификуваат себе си како верници. Крстот јавно никаде не бил изобразуван. Но христијаните живееле со исклучително длабока култура на почитување на чесниот крст. Таа древна ставрологија е темелот и за христијанската семиологија, и за христијанската естетика, но и за целата црковна есхатологија. Денес таа како да е правлив музејски експонат што не е ни во конкуренција со спектакуларната популарност на апокрифните квази-евангелија, езотеричките измислици и бесмислици, панаѓурските џинџуварници и суеверните симпатизерства.

Изворната суштина, пак, е во смислата на едно страдање. Затоа велиме крстот ни ја открива смислата на страдањето. Но не обично страдање. Не ни анонимно страдање. Започнува на крстот, а се осмислува во воскресението Христово. Синхронизирано со овој евангелски настан, документирана е и една паралелна традиција, од самиот почеток: “Ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало. И тие, кога се собраа со старешините и направија совет, им дадоа многу пари на војниците, велејќи: “Кажете, дека учениците Негови дојдоа и Го украдоа, кога ние спиевме; и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.” А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени...” (Јован. 28, 11-15). Пилатровите војници тоа го направија за многу пари. Денешните војници, за своите приказни за Светиот Грал, Светиот Крст, Светата Крв, Светиот Криптекс, Светиот Трилер,  тоа го прават исто така за многу, многу пари. И слава, се разбира. Сî во полнота: чудо, тајна и авторитет.

Значи, трагедијата не е во тоа што една толку благородна наука, како науката за крстот, во нашиот ум дееволуирала до актуелното понижување на значењето, односно разбирањето на крстот, или, едноставно кажано, што не ја сфаќаме или сме ја заборавиле смислата на нашето страдање. И тоа го правиме толку очигледно. Трагедијата е во тоа што во некоја историска точка, можеби и (во однос) на самиот почеток, губејќи го осетот за селективност, престанавме да реагираме природно на знакот на крстот. Првата буква во нашата азбука на човечноста. Буква која треба повторно за добро да ја усвоиме, инаку ќе ја ставаме каде што не треба.

Ако теологијата сосема се удави во традиционализам и митологизирање, можеби на тоа ќе нî научи сликарството. Бог знае.

 

Посети:{moshits}



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2082
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2100
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная