Преподобен Јован Касијан -„Неопходно е Господ да содејствува...“
Секој пат кога ќе почнеме да се колебаме, Тој ги подава Своите раце кон нас, нѐ придржува и утврдува. Спротивно, препуштени на нашите сили, совршено би паднале. Ниту еден праведник, всушност, нема доволно сили во себе да здобие праведност. Тој постојано се колеба и секој миг е готов да падне. Затоа, милостивиот Господ го поткрепува со Својата рака.


Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен.
Откако ќе се случи некаква трагедија, луѓето одново прашуваат: „А каде беше вашиот Бог? Зошто Тој ништо не направи? Зошто Тој дозволи ова да се случи? Зошто, ако има Бог, злото толку лесно и слободно се случува во светот?“ А ние одново ќе одговориме нудејќи го Христовиот одговор: „Во исто време дојдоа некои и Го известија за Галилејците, чија крв Пилат ја измеша со нивните жртви. Тој одговори и им рече:
Плачи, и ридај и не барај да те сметаат за нешто; не изедначувај се со другите. Остави го светот, издигни се на крстот, симни го земното од себеси, истреси го правот од твоите нозе, „презри го срамот“ (Евр. 12,2), не разгорувј ги печките вавилонски, за да не бидеш и ти самиот изгорен заедно со нив од Божјиот гнев.
Тишината во овој свет нè носи од другата страна на земјотресите, бурните ветрови и огнениот пламен, од другата страна на стресот, страдањето и болката. Таа се претвора во нешто, кое што можеме да го слушнеме – слово на неискажливата убавина. Тишината ни дава можност да го чуеме тивкиот глас на Бога, кој што е како „здив од тих ветар“ (3 Цар. 19:12).
Времето брзо лета. Добро е младиот човек да не стои предолго на раскрсница, размислувајќи и колебајќи се. Нека избере некој крст - еден од двата пата во Црквата - согласно својот повик и усрдност, ревност, па нека чекори по него, имајќи доверба во Христос. Нека Го следи Христа во распнувањето, ако сака да се израдува со радоста на Неговото воскресение.
Модерно е да се промовира потребата да имаме „позитивна енергија“ во нашиот живот. Се рекламираат производи за конзумирање, окултни групи, но и философии со азиско потекло, преку медитација, со користење на амајлии, разработка на богослужбени методи од Истокот со чие користење ќе добиеме апетит за живот или ќе го отфрлиме дејството на негативната енергија, прават дел од луѓето, особено младите,
Преподобниот отец наш Никифор Исихаст е православен монах, духовен писател и еден од авторите на духовниот зборник „Добротољубие“.Се подвизувал на Света Гора за време на управувањето на Михаил VIII Палеолог. Се родил во италијанско римокатоличко семејство, но го отфрлил римокатолицизмот, па примил Православие ...
Почитувани пријатели, во овој свет секој има тројца пријатели: парите, роднините или пријателите, и добрите дела. Првиот пријател, парите, човекот веднаш го напуштаат по смртта. Вториот, пријателите и роднините, човекот го испраќаат до гробот. Само третиот пријател, добрите дела, човекот го испраќаат до престолот на Бога.
Ете, гледате што правиме. Штом се занимаваме со лоши мисли, стануваме злобни самите по себе. Не вреди што ние се сметаме за добри ако во нас се задржува зло. А ние христијаните не смееме ниту да помислиме зло, а камоли да го претвориме во дело. Тоа значи дека немаме сили да се спротивставиме на тоа.
Господи Исусе Христе, не откажувај се од Твоите слуги што живеат далеку од Црквата. Твојата љубов нека ги убеди и нека ги врати при Тебе. Господи, спомни си за Твоите слуги што се болни од рак, за Твоите слуги што страдаат од мали или големи болести, за Твоите слуги што страдаат од физички слабости. Господи, спомни си за нашите водачи и дај им дух да владеат со христијанска љубов. Господи, спомни си за децата од проблематични семејства,
Ако некого го прашате, да речеме, за виша математика, тој ќе ви каже: „Тоа не е моја тема, јас за тоа ништо не разбирам.’’
Постот е слика на денот – затоа што може да се види, а молитвата е слика на ноќта – затоа што е скриена и што не може да се види. Оној што го извршува и едното и другото, како што треба, соединувајќи ги едното со другото, тој стигнува во градот, во кој тргнал, откаде „скрбта и воздишките ќе исчезнат“ (Иса. 51, 11).
Во Црквата секогаш треба да се отфрла и спречува она што ѝ е туѓо и што соблазнува, и најмногу да се чува мирот и слогата, но под услов верата да биде здрава (односно правилна, православна). Тогаш и Господ ќе нѐ помилува и ќе го соедини она што е разединето. И кога ќе бидеме едно стадо, повторно ќе имаме еден Водич – нашиот Господ Исус Христос.
Кога некој почне да чувствува силна љубов спрема Бога, тогаш тој почнува духовно да го сака и својот ближен. И кога ќе почне ваквата љубов, таа никогаш не престанува. За оваа и ваква љубов говори целото Свето писмо. Телесната љубов, којашто не е поврзана со духовно чувство, штом ќе се појави и најобичен повод,























