логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Блажениот авва Зосим Палестински

Древниот латински преведувач на Pазговорите од блажениот преподобен отец Зосим ја дава следнава воведна белешка. „Високо ги оценувам овие Разговори заради нивното јасно изложување на вистинските својства на аскетските подвизи, заради изобилното духовно помазание, со кое се проникнати и преслаткото благоухание на светињата што зрачи од нив. Ништо толку желно не сум пишувал и не сум преведувал со ваква срдечна наслада. Ова ме натера да испитам кој бил нивниот автор, во кое време живеел и творел, бидејќи порано не знаев ништо одредено. „Сосема малку се запазило од овие Разговори. Се чини дека тие биле запишувани од некој усрден слушател „како што ги слушал од старецот во напредната возраст, кој во текот на многу години живеел монашки живот и ги изминал сите степени на христијанското совршенство“, стигнувајќи до самиот врв на светоста, достапна за смртен човек, со помошта на Божјата благодат. Авторот на Разговорите се именува блажен авва Зосим. Запишувачот го спомнува само тоа, дека бил еден од неговите редовни слушатели. Тој веројатно бил брат во истиот манастир кај реката Јордан, каде што живеел и преподобниот отец Зосим.

„Но кој бил блаженнот авва Зосим? По долго и грижливо истражување, дојдов до следниве податоци. Авторот на Разговорите е оној истиот познат монах Зосим, кој бил избран од Господа да го ислуша расказот за начинот, како живеела светата покајничка Марија Египетска од нејзината уста, и за нејзините лични упатства, за тоа како да го логребе телото на преподобната мајка.

“Самиот автор го потврдува своето мислење со фактот што некои околности од животот на авва Зосим, кој ги дава следниве поуки, се согласуваат со животните околности од неговиот живот, од времето кога ја сретнал светата преподобна Марија Египетска и кога раскажувал за неа.

Прво. Во расказот за животот на светата преподобна мајка Марија Египетска се зборува, дека авва Зосим во младите години пристапил во некој манастир, во кој проживеал 53 години. Потоа, по особено внушение одозгора, преминал да живее во еден од манастирите покрај реката Јордан. Кога еднаш излегол оттаму и навлегол длабоко во Јорданската Пустина, тој ја видел светата преподобна мајка Марија Египетска. И во овие Ризговори се спомнува дека нивниот автор авва Зосим претходно живеел во некој манастир кај Тир. Потоа, во Разговорите може да се види дека го забележале кога поминал низ Неапол, во Самарија. Најпосле, го среќаваат во манастирот на свети Герасим. Последните укажувања ги објаснуваат првите.

Второ. Во расказот од житието на преподобната Марија Египетска се зборува за авва Зосим, за неговата богата духовна опитност и дека токму затоа му се обраќале за совет, не само браќата од неговиот манастир, туку и монаси и од други поблиски и од подалечни манастири. Очигледно е дека тој не сакал да пишува, туку дека само говорел. И житието на светата преподобна мајка Марија Египетска не го напишал тој, туку им го раскажал на браќата во својот манастир, а потоа еден од нив, по име Софрониј, го запишал. Оти тој не пишувал, туку усно поучувал, докажува и самиот начин на изложувањето на Разговорите: него го прашувале, а тој одговарал. Дваесет и деветтиот разговор е воден во манастирот на свети Герасим. Може да се претпостави дека и сите други разговори биле запишувани од некој негов најблизок ученик.

Трето. Авва Зосим, кој ги искажал овие поуки, сакал да наведува цитати од светите оци. Ги наведувал изреките и на сите древни оци и затоа, што споменот за нив тогаш уште бил жив, зашто времеслучувањето било при крајот на четвртиот и во почетокот на петтиот век. Света Марија Египетска починала околу 430 година. Можеме да претпоставиме дека авва Зосим се населил во манастирот на свети Герасим кога бил во седумдесетата година од својот живот. Во него проживеал уште 30 години и таму починал; За оние, што живееле во првата половина на петтиот век, изреките на духовните учители од четвртиот можеле да се сметаат уште свежи.

Ваквите истражувања, со кои треба да се согласиме, ни говорат доста одредено за авторот на Разговорите, за времето кога живеал и за местото, каде и како настанале. Авва Зосим, кој ги сакал своите духовни ученици, сакал да им говори и да ги поучува. Сите негови поуки обично почнуваат со зборовите: „Така говореше авва Зосим“, „Така рече авва Зосим“ или „Авва Зосим раскажуваше“. Можеме да не се сомневаме, дека мноштво од овие поуки и разговори биле запишувани. Овие Разговори се само оддели, што ги видел и што читал Јован Мосх, составувачот на Духовната ливада или Лимонариј.

Празникот на светиот преподобен отец Зосим се празнува на четврти април.

Во патрологијата издание Migne овие Разговори се поместени во 78-от том. Постојат и во ракописниот Патерик од манастирот на свети Сава Палестински. Таму се ставени, во вид на додаток, при крајот на првата глава. Во ракописот, овие Разговори се предадени без никакви разделувања. Во печатениот текст се 14, но некои од нив содржат и повеќе од еден разговор. При преводот е направен збир на сродни и поврзани содржини, со што се оформени идејни целини. Ова беше потребно да се направи дотолку повеќе, што при печатењето не се опфатени сите преводи, а некои од оние што се отпечатени, не се целосно опфатени. Вакви оддели се 31.

 

Блажениот авва Зосим Палестински

 ‘Колку страсти во душата, толку и господари‘.

А и нашиот Господ и Спасител ни велиː ‘Каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше’ (Матеј 6, 21).

И светиот апостол Петар, исто така, ни велиː ‘Кога некој некого победува, тој и го поробува‘ “ (2. Петр. 2, 19).

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2082
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2099
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная