логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Најстариот романски духовник, архимандритот Јустин Парву на 10 февруари 2013 година наполни 94 години. Тој е еден од најомилените отци во Романија. 16 години поминал во затворите поради религиозни убедувања, 25 години се наоѓал под постојан надзор на „Секуритате", но тоа не ја изгасило неговата ревност по Бога. Отец Јустин секогаш ја чувал чистотата на светата православна вера: и во годините на социјалистичкиот атеизам, и после неговиот пад, кога над Романија се издигнале нови закани. Храброста и херојството на овој исповедник Христов, подготвен да појде на било каква жртва заради Вистината, служат за сите нас, современите христијани, како пример за цврсто стоење во верата.


Отец Јустин веќе одамна го мери времето од својот живот не со години: главно за него е - делата и добрите зборови. Тој разговара со секого кој влегува во неговата ќелија, и го нарекуваат старец. Доволно е отец Јустин да те погледне со сините, како небо, очи и во тебе влегува радост, почнуваш да блескаш со насмевка. Тој зборува што ти недостасува тебе, за да почнеш да напредуваш, и ти дава надеж... Не е важно, што ти не веднаш ги сфаќаш неговите зборови - чувствуваш дека со него раководи Бог.


Покрај старецот забораваш на гладот, студот и суетата од овој свет. Тој го плени твоето срце со својата проникнувачка добрина, и сакаш повторно и повторно да дојдеш овде, та клекнувајќи, да паднеш пред овој извор на добрина, мудрост и љубов кон луѓето.
И ете на крајот од зимата јас пак доаѓам во ќелијата на отец Јустин во манастирот Петру Вода. Во неговата соба се чувствува мирис на смирна и темјан. Монахињата му носи од кујната романска пирошка со сирење. Тој и мене ми даде... Потоа почна да зборува за покајанието, исповедта и молитвата.


Отец Јустин Парву:


- Исповедта е клуч за нашето спасение. Тоа е едно од седумте таинства на Православната христијанска Црква. Без тоа таинство нема спасение. Може да извршуваме разни подвизи, пост, молитва, бдение, милостина, дарувања, но без исповед не може ништо.
Која е најкратката молитва за простување на гревовите? Молитвата на разбојникот на крстот: „Спомни си за мене, Господи, во Твоето Царство". А кој го сврзува и ослободува христијанинот во таинството на исповедта? Тој се сврзува и разрешува (ослободува, одврзува) прекутаинството на свештенството. Понекогаш ќе чуеш како секташите, кои отпаднале од нашата христијанска Црква, велат: „Ние се исповедаме еден пред друг и немаме потреба од Божјата благодат". А што е најглавно во таинството на исповедта и свештенството? Божјата благодат. Со неа сврзуваме, со неа разрешуваме. Свештеникот е само инструмент преку кој дејствува Божјата благодат, и нејзе не нпречат гревовите на свештеникот - тој самиот за нив ќе одговара, а Божествената благодат дејствува независно од неговите добродетели и неговиот живот. Затоа е неправилно, кога некој од христијаните вели: „Ќе одам кај тој и тој свештеник, за ми ги разреши гревовите". Да. тоа е точно, секој сака да отиде кај најдобриот лекар, но свештенството - тоа е благодатна сила, и таа е еднаква, како кај отецот од далечното село, така и кај оние кои служат во нашите познати романски манастири: Насекаде дејствува благодатта.
Да, се разбира, многумина кои не веруваат се откажуваат да отидат на исповед велејќи: „Што ќе ми е тоа? Јас сум уште млад имам уште време пред мене. Ќе се исповедам на стари години". Но нам може да ни се случи било што - чувај Боже - некоја несреќа, парализа, губење на видот и што ли уште не. И ти веќе не можеш да направиш ниту една метанија, дури и допојасно не можеш да се поклониш, воздивнуваш: „Ох, ме болат колената, ох, треба да се одморам" - и така демонот ни става пречки, а ние постојано ја одпожуваме нашата исповед и на крајот од краиштата заминуваме на оној свет неподготвени.
Кога си млад, кога си уште дете, родителите велат: „Остави го детето, нека си го живее животот, има време за тоа". Но сиротото дете добива некоја леукемија, и станува неспособно да принесе било какво покајание. Го фаќа парализа, му се одзема говорот, не може да ја крене ниту раката, за да ги запише своите гревови на хартија - ете како непријателот - ѓаволот го оддалечил од покајанието.
Ние треба да имаме голема грижа за своите деца, да ги носиме во црква, за да се навикнат на таинството покајание. Тогаш децата и дома ќе бидат послушни, искрени, со полно право ќе можат да го следат примерот и животот на родителите. Ништо не го зацврстува така семејниотживот, како таинството на исповедта. Мажот ја почитува жената благодарение на исповедта, жената го почитува мажот благодарение на исповедта, децата ги почитуваат децата благодарение на исповедта, а свештеникот кој станува единство за сите во Божјата благодат, внесува мир и спокој во домот - и во него, благодарение на таа душевна чистота, се зацарува Христос и нормално, предаденоста, љубовта и искреноста. Семејството се одржува на љубовта, искреноста и предаденоста еден на друг.
Таинството на венчавањето - тоа е меѓусебно спасение, со таинството на венчавањето поврзани се и раѓањето деца, и материјалното меѓусебно помагање. Мажот не го крие својот паричник во еден агол, а жената својот во друг, бидејќи тоа веќе не би било единство, тоа веќе не е љубов, не е доверба. Некои велат: „А зошто јас да работам за тебе, кога ти имаш повисока плата од мене?" - „Да, таа е повисока, и мене нозете ме хранат. Ќе си отидам јас во Шпанија, во Англија, во Франција - и до гледање". На тоа се сведува сè. Тие завршиле со таинството на венчавањето и исповедта.
Или дури во умот ни доаѓа и вакво нешто: „А зошто да работам јас за нив? Самите нека си работат. Зошто јас да работам за нив? Ќе си поживеам за себе, секако имам уште неколку години до пензија. И што да правам сега? Да работам за своите деца и жена? Самите нека одат и нека се трудат.
Сето тоа е неубаво. Некогаш жената беше приврзана за мажот, бидејќи не е во нашата традиција, жената да оди на работа. Кога мажот се женел, знаел дека тој ќе го носи семејството, бидејќи семејството зависело од неговиот труд (се разбира, тие плати биле неспоредливи со денешниве), а жената се грижела за домот, домаќинството и децата, ги подготвувала децата за во училиште, перела, готвела. Жената била приврзана за мажот, и послушноста кон мажот свето се запазувала.


Се сеќавам, мајка ми плетеше волнени чорапи, и ние ги носевме по две години, тие не се кинеа. Таа самата переше, шиеше, ткаеше, плетеше, правеше сè низ дома. А денес слушаш: „Мила, нетреба тоа да го правиш, ќе одиме и ќе го купиме сето тоа, да одиме во продавница". И во тој случај, мажот ќе мора да носи многу пари од Шпанија и Израел, долари и евра итн.
Правилата се правила. Но, ако му наложиш на човек да прави 20 земни поклони (метании), тогаш тој веднаш ќе ти рече: „Ох, па како ќе направам 20?" А ако му забранам да се причестува 2 години, тогаш тој веднаш ќе каже: „Ох, па како ќе ме биде без Причест?" А гревовите? Ние им попуштаме и не мислиме за тоа, дека ако малку не ставиме ред со овие канони, тогаш ќе го изгубиме верникот, и тој повеќе нема да дојде на исповед. Современиот човек дојде до крајно тежок стадиум. Бог го казнува и свештеникот, кој со леснотија ги отпушта (разрешува, простува) гревовите, и верникот, кој се радува на тоа отпуштање. Тие и обата ќе паднат во еден котел. Да причестиш некого недостојно?!
Денес стана модерно да се причестуваме многу често, и колку почесто се причестуваме (доколку се причестуваме недостојно), толку посилно ќе се разболиме душевно. На почетокот е потребно да се очистиме, да се измиеме. Животот - тоа не е само причестување, колку и самата подготовка кон тоа свето таинство на Причестување со Крвта, која Христос ја пролеа за нашите гревови. А ако ние ја примаме онака, како обична храна... кај дверите се исповедаме и во олтарот се причестуваме...


Кога јас учев во основно школо, одевме на исповед на почетокот од постот, цело школо, на чело со учителите. Исповедта почнуваше со учителот, потоа влегувавме ние, 60-70 деца, донесувавме јајца од дома (како надокнада за исповедта), ги стававме во кошничката и одевме на исповед. Свештеникот нè прашуваше:
Колку години имаш? Во кое одделение си? – Трето, четврто.
-За тебе 500 земни поклони.
На крајот од постите пак нè водеа на исповед, и тој прашуваше:
Колку поклони ти одредив? -500.
-Ги направи ли? -Да.
Добро. Оди да се причестиш.


Така се одвиваше нашето воспитување и душевно лечење. Тука доаѓаа и родителите, се исповедаа и тие. Таму, во храмот, нашиот учител читаше синаксар (житија), го читаше Апостолот. А кај ќе видиш денес наставници во црква? Каде ќе видиш денес пример за христијанин, кој би стоел во храмот во празнични денови, во недела, на Пасха, Рождество, Богојавление? Учителот стана голем господин. Тој заборави како мајкаму за рака го носела во црква, заборави, како таа со ранецот го носела во училиште и го двоела последниот залак леб, за да го направи образован човек.


Тој се одучи и од исповед и од причест и сега оди во дискотека, седи пред телевизорот, да ми простите, со сета таа супертехника, која ги потопи и разруши нашите села и градови. Колку подотеран, толку поотуѓен. Колку поголем безбожник, слободоумник, толку подобро ќе го прими него овој свет. Но ти се гледаш преку начинот на одење. Очигледно е колку вредиш и каде си, со сето твое современо високомерие, во еден момент си го кршиш вратот. Бидејќи така се случуваат сушата и тешките времиња. Земјата е истоштена, и секое зло се истура врз нашите глави. Се појавуваат сè повеќе нови болести, се појавуваат секакви тешкотии, неизлечиви, кои не можеш да ги отфрлиш. Таков е „современиот човек", лишен од Божјата благодат, лишен од таинството на исповедта и причестувањето и од сите богатства небесни и земни. Ние постојано бегаме од доброто, го прогонуваме и дојдовме до тоа, што ни станува непријатен мирисот на темјан, црквата... Велиме: „Тоа не ми се допаѓа!", „Тоа ме притиска, ме боли главата одтој дим и чадот од свеќите, не можам да седам внатре!" И на нас доаѓа секое зло.


Јас не сум против модернизацијата, не сум против прогресот. Прогресот е добар, но сè треба да биде на свое место.
Колку е човекот поцивилизиран, толку е тој покултурен, поинформиран, толку е подобар како христијанин. Вредноста на народот, како и на човекот, е толку поголема, колку што повеќе тој го знае Евангелието и живее по него.
Ако човекот внимателно ја чита само втората вечерна молитва, тогаш и таму би ја нашол сета философија на христијанинот во две-три фрази: „Дај ми, Господи, и мене, на Твојот недостоен слуга, спасение на мојата постела. Просвети го мојот ум со светлината на разумот на Светото Евангелие Твое" - т.е. човекот треба цел ден да живее според зборовите од Евангелието.
„Душата со љубовта на Твојот Крст" - т.е. станува збор за страдањата за ближниот, за пожртвуваноста, бидејќи попуст бил твојот живот, ако тој е проживеан во самотија и егоизам! Не, во душата треба да биде љубовта на Твојот Крст. Христос поради што се искачи на Крстот? Он се издигна на крстот од љубов кон паднатиот човек, кон загинатиот човек.
„Срцето со чистотата на Твоите зборови" - т.е. ете каде е центарот на човечкиот живот - во срцето. Сине, дај ми го твоето срце! Ништо друго не сака Христос, освен срцето на човекот. Зошто Христос тропа на вратата? Тропа, за ти да му го отвориш твоето срце.
„Моето тело со Твоето бестрасно страдање" - т.е. секогаш треба да се има предвид, дека само страдањето те води по патот на совршенството.
„Мојата мисла сочувај ја со Твоето смирение" - второ прашање: а што е тоа смирение? Тоа е облека на Божеството.
И ете така ќе се трудиме да ги поправиме сиот наш живот. Вечерните молитви се како исповед пред духовникот. Така било востановено, дека ти треба да се исповедаш пред духовникот 4-5 пати во годината. Зададени ни се такви ориентири, да се исповедаме во постите. Но општо, исповедта е како забоболка. Ако почне да те боли забот, ти не ја чекаш следната недела, не чекаш заболекарот да дојде во твоето село, туку директно одиш во Њамц или Јаши и го вадиш забот, бидејќи не можеш да спиеш, не можеш да работиш, не можеш да правиш ништо. Ете истото се случува и со „забот на душата". Почнал гревот да ја гриза твојата душа - оди кај „лекарот и извади ги своите гревови! И таму ќе станеш поправен, здрав и продолжуваш со нормално живеење.
Затоа читањето на овие вечерни молитви е многу важно како сведоштво за исповедта на човекот во душата и пред иконата.
„Прости ми ги моите волни и неволни, свесни и несвесни гревови што сум ги правел од младини, и од лоша навика, од бесчувственост и малодушност. Ако сум се колнел во името Твое; ако со мисла сум го похулил Твоето име; ако сум укорил или наклеветил и загрижил некого, разгневил или за нешто сум се разлутил; ако сум излагал и ако сум спиел премногу; ако при мене дошол сиромав и сум го презрел; ако сум го нажалил братот; ако сум предизвикал кавга или ако некого сум осудил; или ако сум се погордеал или разгневил; ако, за време на молитвата мојот ум се свртел на лукави светски мисли или сум мислел нешто развратно; ако сум се прејал, или сум се опил, или безумно сум се смеел или сум помислил нешто лукаво; ако сум зборувал неприлични зборови, или сум се потсмевал на гревот на мојот брат, иако моите согрешенија се безбројни; ако не сум ја сакал молитвата..." итн.
И така, сите гревови, кои може да бидат во човекот и кои тој ги кажува пред судот на својата совест, пред иконата и пред лицето на Бога. Тоа е исповед, која ја извршува секој, и тогаш Бог го наоѓа таквиот подготвен. „Потоа, осенувајќи се со крсниот знак изаспивајќи со молитва на усните, размисли за Судниот ден. За тоа, како ти ќе застанеш пред Бога".
* * *
...Времето поинаку тече во присуство на отец Јустин (Парву). Потоа ќе жалам што не сум го прашала и за други работи кои ме вознемируваат, но минутите поминуваат и поклониците, како и секогаш дојдени во огромен број, стојат пред вратата. Отецот зборува нежно, потоа ме благословува. Тука исчезнува секоја неопределеност.
Знам дека е чест да се знае. Но ми доаѓа да останам тука и да седам, како Миса, мачето на отецот, кое седи на крајот од креветот, да седам и да слушам, да се радувам на спокојот заедно со небото, елките, поточето, кое извира зад манастирот, и главното - да бидам блиску до душата на отец Јустин, да ја дишам светоста, која вее дури и од романската пирошка со сирење, тукушто извадена од фурната.
Заминувам, се спуштам по патот кој води кон селото, а срцето вика: „Молете се за нас, отче Јустин!"(Отец Јустин се упокои на 13 јуни 2013 година)Разговорот со архимандритот Јустин го запишала Изабела Аиванчеса

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная