Свети Јован Кронштатски
(20 Мај/2 Јуни1953)
Божјата благодат секогаш му помага на оној што се бори, но тоа не значи дека оној што се бори е секогаш во позиција на победник; понекогаш дивите ѕверки не ги допираа праведните, но никако дека никогаш не ги допирале. Она што е битно не е победата или позицијата на победник, туку напорот што го вложуваме во стремежот кон Бога и приврзаноста кон Него. Голем е Апостол Петар, но тој го прашува Господ многу пати (‘три’, значи не еднаш, туку неколку пати) да го напушти гласникот на Сатаната, зашто го ‘тресе’, правејќи напади кои се тешки и одбојни кон неговиот дух. Но Господ го остава во таква состојба: “Мојата благодат ти е доволна”(2 Кор. 12:7-9)—доволна поддршка од милоста Божја и благодатните дарови му се дадени. Господ го бара од самиот Апостол стремежот кој ја очистува душата.
Она што е битно е состојбата на душата, стремежот кон Бога, а не стасот на победникот. “Силата е направена совршена во слабоста”(2 Кор. 12:9). Иако човек може да се најде во малодушна состојба, тоа не значи дека Бог го напуштил. Господ Исус Христос, според световниот поглед, беше во неволја, но кога грешниот свет Го сметаше за целосно уништен, во стварност Тој ги победи смртта и адот. Господ не ни вети победнички позиции како награда за праведноста, туку ни рече: “Во светот ќе имаме неволја, но бидете храбри—Јас го надвладеав светот”(Јован 16:33). Божјата моќ е делотворна кога човек бара помош од Бога, признавајќи ја својата слаба и грешна природа. Еве зошто борбата и смирението се суштински доблести на еден Христијанин.
Подготвил: Б.Ѓ
Посети: {moshits}