ЗА БОЖЈАТА ПРОМИСЛА
Еднаш се потопи еден брод. Се спаси само еден бродоломник, којшто успеа да стигне до едно пусто островче. Се обидуваше да преживее, постојано надевајќи се дека еден ден ќе помине брод да го земе. Поминуваа денови, седмици, месеци и ништо… Собра нешто материјали што му се најдоа при рака и направи една колиба за да се заштити преку ден од жешкото, а преку ноќ од ладното.
Еден дождлив ден отиде на лов. Враќајќи се, оддалеку виде чад околу колибата. Имаше паднато гром и колибата гореше! Полн со очајание почна горко да плаче и да си зборува: „Ова е најголемата катастрофа во мојот живот. Како ќе преживеам на овој негостољубив остров?“
Но додека ги имаше овие безнадежни мисли, на хоризонтот се појави многупосакуваниот брод! Се приближи и се вкотви на островот! Капетанот самиот слезе и му рече на пресреќниот бродоломник: „Оддалеку видовме чад на пустиот остров и бидејќи знаевме дека не е населен, разбравме дека некој бродоломник се наоѓа во опасност и дојдовме!“…
Замислете си, катастрофата на колибата му го спаси животот! Ако не му се запалеше колибата, ќе останеше таму заборавен и ќе умреше сам и беспомошен.
Затоа, да имаме целосна доверба во Бога. Она што Он го допушта да го примаме.
За жал, и ние имаме огламници како и коњите. Немаме приближување кон нештата со набљудување. Бог сѐ знае, сегашноста, минатото и иднината. Знае што ни е од полза, а што не. Соодветно и ни дава. Затоа, да не негодуваме. Тоа што ни го дава да го примаме – болест, сиромаштија, што и да е тоа!
Старец Гавриил Карејски
фбСлово Божјо
25.10.2023