логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Старец Пајсиј раскажува дека пред годините на окупацијата, луѓето не постеле. Преку јасното сведочење на Бога во Евангелието за постот, сите јаделе. И покрај тоа што Господ не сака од нас да се одрекуваме постојано од храна, туку едноставно да не јадеме определена храна во определени денови. Ние сепак се противиме – што, зошто така вели Евангелието?! Ќе јадеме што сакаме. Кога имавме сѐ, не постевме, кажува Старецот. Но дојде окупацијата и се наложи да постиме. Сакајќи или не сакајќи. Имаше луѓе, се сеќава старец Пајсиј, коишто јадеа, не посна храна, ами ѓубре. Гледав со очите луѓе кои бараа во ѓубрето некакви остатоци од храна. Кога Бог беше ни дал сѐ, ние го презиравме подвигот, но дојде час во кој требаше да извршуваме аскеза, независно од нашата желба. Тогаш разбравме дека не сме богови и не може да правиме што сакаме. Не сме толку важни и севозможни во нашиот свет. И се смиривме. Одиш во болница, каде обично ти даваат невкусна и несолена храна. Но таму јадеш и воопшто не се јавуваш и не протестираш. Ти даваат само пет нешта кои можеш да ги јадеш и се помируваш со тоа. Но кога Црквата ќе ти каже нешто, велиш дека не сакаш. Црквата не е нешто случајно – таа е Христос, затоа од нејзините наредби има голема корист и големо добро за човекот.

Како мал, старец Пајсиј станувал ноќе, го читал Псалтирот и се молел. Неговите браќа го напаѓале да легне да спие. Ви го кажувам ова за да знаете по каков пат поминале светците. Ќе слушнеме за некој духовно возвишен човек и си велиме : ,,леле, колку е високо, и ти се чини дека за него било лесно да го достигне тоа ниво. Но за да стигне дотаму, светецот проливал крв, извршувал многу подвизи, трпел големо мачеништво заради Бога. Дал и крв и ја примил благодатта Божја во своето срце. Освен да ги придобие тие дарови, човекот треба и да ги задржи – Бог го дал дарот, но и тој бил достоен да го задржи. Старец Пајсиј кога бил мал и го слушал Евангелието, не сакал да седи, зашто си велел: „Како тоа да Го слушам Христос да зборува, а јас седам?!“ Кој му кажувал да прави така? Кој го просветлил да стои и да коленичи? Мајка му го прашала: „Зошто стоиш исправено додека го читаш Евангелието?“ А тој одговарал дека не гледа добро и затоа се доближувал до газиената ламба и стоел исправено. Кажувал една мала лага, за да го оправда стоењето, за да се измори малку. На нас сите ни е тешко, а тој не чувствувал никаков замор. Ние дури ако можеме да ја истераме Литургијата легнати, ќе е најдобро. Кај старец Пајсиј дошол еден млад човек и нешто му зборувал, а во тоа време тој видел дека еден возрасен човек си го заборавил чадорот. Се обратил кај младиот човек да притрча и да му го однесе чадорот на дедото. А тој му одговорил: „Отче, нема ли тој да се врати да си го земе сам?!“ Просто, му тежело да донесе еден чадор! Немал желба да се помрдне. Нешто се случило со нашите умртвени души…

Во Кападокија, од каде што е старец Пајсиј, подвижниците биле многу строги и ја запазувале традицијата на Црквата. Кога тој бил мало дете, мајка му му давала јадење без масло, а тој прашувал каде го зготвила.

– Нели во тоа тенџере вчера готвеше со масло?

– Да, но го измив.

– Е, штом е од истото тенџере, нема да јадам.

Слушаш сега и сигурно си велиш: „Тоа се крајности!“ Да, но после тој правел и „крајни“ чудеса. И кога кај него ќе отидел некој болен, од кого лекарите ги кренале рацете и велеле дека ништо веќе не може да се направи, тој се молел со својата „крајност“ и се случувале чуда. Или на пример, некоја жена којашто не можела да има дете, истиот тој, ненормалниот, крајниот, кого го обвинуваш дека немал мерка – се молел и жената зачнувала. Навистина, тој не бил природен, туку натприроден. Ќе се помолел и натприродно жената раѓала дете. Или човек оздравувал од неизлечива болест. Тоа е пратено од Господ, Кој ги слуша молбите на Своите раби како на пророк Илија, пророк Мојсеј, како што воопшто ги слуша молитвите на сите светци. Така е и сега – за да те чуе, треба да види дека ти навистина Го спознаваш. За да ти ја слушне Бог молитвата, треба доста да се поизмачиш во неа. Ако те гледа дека си опуштен, си се истегнал на креветот, ќе ти каже: „Чекам да станеш од канабето и кога ќе почнеш да бидеш сериозен за тоа што го сакаш, тогаш и Јас ќе погледнам сериозно на тебе, зашто не сакам да имаме таков површен однос. Јас гледам сериозно на тебе и сакам да направам чудо во твојот живот. Ти велиш: ‘И јас го сакам истото!’ Додека лежиш на канабето ли? Не мислам дека посакуваш нешто сериозно, инаку немаше да седиш на креветот“. А кога сакаш, на пример, да си купиш кола, ги превртуваш небото и земјата за да ја најдеш најдобрата. Влегуваш на интернет, стоиш со часови таму, преземаш информации, пресметуваш, одиш напред – назад по разни изложби… Колку време ти одзема за да го најдеш најдобриот автомобил за себеси? Т.е. за една кола се будиш и се мобилизираш, а за твојата душа ништо не можеш да направиш?

За чудото што сакаш да ти се случи, што правиш? Сакаш да се случи без напор? Или мислиш дека е доволно едното евро што си го пуштил во црковната касичка? Треба да дадеш нешто од душата, да се потрудиш внатре во себеси. Тоа ја прави аскезата. Длаби во себе, за да влезе Бог и да пребива во твојата душата.

За старец Пајсиј се вели дека по цела ноќ стоел исправено и се молел, дури кога бил дете, и кога бил на Синај, и на Света Гора, и во Коница, насекаде. И што правел за да не му се приспие? Токму обратното од тоа што го направив јас пред неколку дена – зедов еден леѓен со вода, ја стоплив, ставив сол од Мртвото Море, бидејќи се бев изморил, ги потопив нозете на половина час во водата, за да ги одморам. Тој, пак, го правел сосема спротивното, ставал студена вода, не за да ги одмори нозете, туку за да не може да се опушти и да не му се приспие. Стоел исправено и цела ноќ се молел на Господа, Кого Го љубел. Не извршувал никакви јога вежби, ниту се молел заради некаква невидлива вселенска сила. Тој тоа го правел во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Ние се обраќаме кон личниот Бог Кој има име и Кого старецот го љубел. И бидејќи имал жив однос со Него и Христос го исполнувал неговиот живот, тој дал сѐ од себеси, ја жртвувал својата плот во името на љубовта кон Бога. И после тоа, кога ја земал бројаницата, по неговите молитви станувале чуда. Кога ги кревал рацете и велел: „Господи, побрзај, помогни на тој, тој и тој!“ – Бог го слушал, зашто и старецот Го слушал Бога. Тој го доживувал сериозно односот со Бога и Господ одговарал со дар на чудотворство.

Кога старецот Пајсиј бил во манастирот Есфигмен, спиел само по половина час на подот! Каков е тој сон, Христе мој? Зошто на подот, кога имам убаво легло и мека постела? Старецот сакал да се искачи на небото и од подот го допирал Бога. Кој може да ги знае тие тајни?

Ви го раскажувам ова не за да го подражавате буквално, туку за да разберете какви луѓе живееле во овој свет. Колку сериозно ја восприемале љубовта кон Господа. За нив Христос бил Оној Кој им давал таков импулс, што тие биле готови да направат страшни духовни подвизи. Нам ни застанува здивот, само кога слушаме за нив. Притоа, тие се насладуваат со тоа, како акробатот кој скока во височина, а ти си велиш: „Леле, како го прави тоа нешто?!“ Така светците се приближуваат кон Бога – преку аскезата.

Ми остави впечаток еден млад човек од вториот курс – дојде на едно бдение и ми кажа дека од петокот, кога се скарал со некого и се вовлекол во некакви работи, досега ништо не јадел и не пиел. Го прашав дали зборува сериозно. Тој рече: „Да! Можам ли да се причестам?“ Јас му реков: „Се разбира!“ Тој го беше направил тоа, не затоа што јас сум му кажал, туку затоа што душата, не мислите, му го чувствуваше односот со Бога. Кога љубиш, го покажуваш тоа. „Господи, што да Ти принесам, освен својата волја – се останато е ‘Твое од Твоите, Тебе Ти принесуваме’. Што да Ти дадам што не е Твое? Да Ти дадам пари – тие се Твои; да Ти дадам цвет – и тој е Твој. Сѐ е Твое освен мојата волја, којашто целосно ми принадлежи. Ти ја давам! Тоа е мојот принос и жртва спрема Тебе. Ти ја давам мојата благодарност, го жртвувам задоволството што ќе го почувствувам кога ќе ја изедам дадената храна – него Ти го принесувам“.

Светиот Дух го вдахновува и детето и подвижникот кон едно и исто – жртва и пост, труд. Кога некој човек имал болест или искушение, старец Пајсиј ја правел следната аскеза – три дена не јадел ништо и се молел! Без да стави залак во устата. Не го правел тоа за да кажат другите за него: „Види го!“, напротив – неговата аскеза криела во себе љубов, го правел тоа за некој друг, којшто имал некаква потреба. Тогаш човек има право да каже на Бога: „Господи, направи го тоа за оној кој е болен, детето треба да влезе во брза помош итн.

За да правиш аскеза, треба да си тврд и смирен и да имаш човекољубие. Тогаш стануваш како слаткиш, стануваш човек кој пројавува тврдост во својата борба, зашто треба да се присилуваш, а не да си раслабен и опуштен. Но тврдоста којашто ќе ја пројавуваш кон себеси, да не е упатена кон другите, туку напротив – да се изразува како благост, љубов, човекољубие и понизност. Бог те благословува, Го чувствуваш Христос во себеси. Кога старец Пајсиј влегувал во храмот, не седел на стасидијата, туку стоел на нозе, како жртва за Бога. Што и да правиш, треба да се поврзуваш со Христос – тоа е прашање на љубов. Зашто, ако го разбереш тоа, тогаш Сам Господ ќе ти покаже како да ја изразиш својата љубов. Тоа не е како некои нуркачи кои се нурнуваат и велат: „Влегов под водата, 3-4 минути го задржав дишењето“. Нашиот подвиг не е за да се пофалиме, туку заради Христос – не за да си го задржиме дишењето. Ние имаме врска со една Личност. Кога детето ќе те разбере зошто ги правиш сите подвизи, а имено заради Христос, Когошто одиш да Го сретнеш, тогаш твојот подвиг придобива и друг карактер. Затоа и Старецот бил исполнет со таква љубов, што таа буквално го издавала.

Старец Тихон велел за него: „Слаткиот Пајсиј“. Тој бил сладок, благ, од него се чувствувала благодатта на Светиот Дух.


Стерец Јосиф Исихаст и старец Ефрем Катунакиски

Преку аскезата ние се бориме да го потчиниме своето его на Бога, да го скрушиме сопствениот егоизам. Треба да го потиснеме нашиот егоизам и нашите страсти заради Господа. Тогаш и ние ќе бидеме сакани, ќе станеме тоа кое го кажуваат за светците – луѓето сакале да ги допрат, да ги прегрнат, да се близу до нив, без самите светци да го сакаат тоа. Колку што биле строги кон себеси, толку луѓето ги сакале и сакале да се нивни пријатели. Тоа е тајната. Треба да ја обработиме сопствената душа, да направиме од неа нешто убаво, прекрасно, да изградиме внатре еден убав храм за Христос, за да влезе внатре, тука да пребива. Ќе видиш како ќе започнеш да благоухаш и сите околу тебе ќе гледаат и ќе велат: „Колку убав човек, има нешто во себе, коешто ни се допаѓа“. Зашто сме го положиле веќе соодветниот труд – постот, молчанието, молитвата, трпението, жртвата, прошката. Тоа се многу убави добродетели, плод на борбата заради Господа. Старец Јосиф Исихаст велат дека се молел по осум часа секоја вечер, старец Ефрем Катунакиски, исто така, постојано кажувал молитва, сѐ додека не го заболело грлото и имал крв во устата. Отишол при старец Јосиф, но тој не му кажал: „Ех, дете мое, одмори си – туку напротив: дури и да имаш крв, продолжи!“

Исфрли го сопственото ‘јас’, не му ласкај, зашто ако го исфрлиш, нема да го фрлиш во ѓубре, туку во прегратките на Бога. Кога ќе го фрлиш своето его, Бог го зема и го става во Своето срце, го обработува и го осветува, го чува и го сака, му ја дава првобитната убавина. Бог ќе ти ја даде убавината што сме ја имале пред да излеземе од рајот. И така, подвизувајте се, зашто погинуваме! Да се бориме и да се молиме, Бог да нѐ пробуди, да ни прсне вода во лицето, за да се разбудиме. Да почнеме и ќе видиме чудеса. Не може да јадеш хамбургер со едната рака, во другата рака да држиш Кока-кола, во третата далечинското – и да правиш чудеса. Е да, ама не се случуваат. Треба сами да избереме. Светците Го избрале Христос. Да направиме нешто, макар и малку – се разбира дека ние не можеме да стоиме цела ноќ без сон, зашто другиот ден сме на работа, нашите услови се други. Бог ќе го прими и малото од нас и ќе го оцени подобно. Навистина ви велам, може да станете големи подвижници и маченици во нашата епоха – и ти, и јас, сите заедно. Секому се достапни подвизите на трпението, молитвата, љубовта.

Извор; Бигорски манастир

6-ти јули 2018 лето Господово

 

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3222
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная