Оној кој барем еднаш, со сопствените внатрешен очи се видел себеси колку голем грешник е, во текот на целиот свој живот нема да престане да плаче. Оној пак, кој барем еднаш ја почувствувал бесмртната убавина (дури и во лузните на сопствените согрешенија), за него се помрачува секој друг земен сјај на кој повеќе никогаш нема да му се поклонува. На земната убавина се поклонуваат само оние кои се’ уште не ja созрцнале внатрешната убавина. Земниот сјај е само една минлива сенка на внатрешната и вечна убавина. Земната убавината не е цел сама по себе, но само едвај забележлив пат кон целта.
Малубројните, а богато надарени осаменици го пронаоѓаат патот до целта, до бесмртнита убавина. Другите одат по широкиот, „исшкрабан“ пат од уметноста и нејзините техники, односно преку надворешното: канони, ритуали, надворешна побожност – тоа е патот за „многуповиканите“. И мал е бројот на оние кои на овој начин ќе го најдат спасението.
Малубројните пак, одат од надворешното следење кон внатрешното служење, според вниманието. Тие со надворешното следење и внимание ја откриваат внатрешната убавина. Тие се оние ретките кои стапнувајќи на патот на „умствената теснотија“, ги распнуваат страстите на крстот на разрешувањето (со светот) воскликнувајќи: Ја барам Твојата бесмртна убавина, која ми ја дари пред оваа прашина!
А својот бесмртен сјај, т.е. душата, ќе ја најде само оној кој од плотта ќе се оддели во потрагата по неа, па макар бил и во безднaтa од страсти (св. Макариј Велики). И тој ја наоѓа во плачот и солзите на покајанието: само преку нив може да се спознае боголепниот карактер. Покрај тоа, со помош на Божјата сила може да се види и сопствениот страшен пад. Оној кој се’ уште не го согледал сопствениот грев и не заплакал (потресен од видувањето), останува слеп и сиромашните и сакат . Тој се’ уште не ја позава умствената бесмртна убавина. Неа пак, секој може да ја види, а само низ солзите на длабокото скрушено покајание. Затоа, маклумина се познаваат себе си, односно својата душа.
Старец Јован Журавски
Извор: http://www.prohor.org/%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%B1%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE/