логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Чудесното видение на монахињата Евпраксијa


zidovi.hodnik.jpgПотоа обиколивме околу кулата и ги разгледавме ѕидовите на новиот Сион. Формата на градот беше четириаголна, и секоја негова страна имаше три порти. На другата страна видов три гори. Едната се нарекуваше Прогонување на Адам, втората – Гора на пророкот Илија. Марија ме одведе понатаму и набргу се најдовме пред величествен дворец. Од еден прозорец, најголем од сите други, излегуваше, како од извор, жива и умилна Божествена светлина, којашто го осветлуваше рајот. „Се сеќаваш ли, ми рече Марија, кога стоевме пред Распнатиот и кога ти реков да Му се поклониш, што ти рече Тој? Во овој град е престолот Божји и на Синот Негов. Да влеземе, затоа, во овој дворец, за да ја видиш и да ì се поклноиш на Славата на нашиот Триипостасен Бог.“ 

Кога влеговме, се најдовме пред една голема сала и таму го видов Седржителот. Погледот му беше насочен угоре, беше насмевнат, но страшен. Со Својата десна нога стоеше на тркало коешто имаше крилја. Од десната страна на Седржителот Го видов Христос, Кој гледаше со Својот кроток и смирен поглед, со крајна нежност и љубов. Покрај левата нога на Седржителот видов лав како лежи, со очи од кои излегуваа огнени искри, а покрај десната нога на Спасителот видов друго животно слично на мечка, коешто имаше лице слично на човек. Спрема левата страна на Седржителот ја видов Владичица Богородица. Ми се виде висока и тенка. Носеше облека со небесно сина боја, со светлечки ѕвезди, а на главата имаше круна којашто, со стравопочит и со побожност, ја држеа ангели. Горе, над Отецот и Синот, Го видов и Пресветиот Дух во вид на гулаб, од чија уста како од неисрпен извор извираше Божествена светлина којашто, како што реков, го осветлува Рајот. Зад Серджителот, Спасителот и Богородица видов војска ангели; во првиот ред беа ангели со две крилја, а во вториот со шест. Кога го видов сето ова, и многу други нешта коишто не сум во состојба да ги искажам, се вкочанив од страв и стоев како стаписана. Но, Спасителот ме повика со кроток глас и јас Му пристапив. Се поклонив трипати до земја и ја целивав десницата на Вишниот, потоа, свртувајќи се во десно, ì се поклонив на Богородица, се свртев и тргнав да ги целивам нозете на Спасителот, но Тој повторно ми ја подаде Десницата; и, откако пак ì се поклонив на Богородица, се повлеков наназад и застанав, чекајќи да ми дозволат да излезам. Во тој миг влезе ангел и донесе една душа, и зад неа одеа мноштво демони коишто ги држеа записите со гревовите на таа душа. Видов како се поставува терезија на средината. На едниот крај од терезијата беше ставена душата, а на другиот крај оние записи од демоните; и кога требаше да се донесе одлука, видов ангели како се молат со умиление Бог да биде милостив и да ги покрие гревовите на оваа душа на која ì се суди. На крај, откако душата беше прогласена за невина, видов ангели како слегуваат од горното небо, и како ја миросуваат со миро што го носеа во една торба, и како ја преобразуваат душата на возраст од околу триесет години. Веднаш потоа ја однесоа на горното небо. А демоните, не согласувајќи се со таквата одлука, се оддалечија викајќи: „Судот е неправеден“. Потоа, откако замина првиот ред ангели, повторно ме повика Седржителот и ме посоветува остатокот од животот да го помина според Неговите заповеди.  

  
Бидејќи, по сè изгледа, времето на мојот престој во новиот Сион истече, Господ го повика Архангелот да ме земе и да ме врати на Земјата. Тогаш го запрашав Архангелот за Горното небо, и дали би било можно да се искачам горе и да ја видам Славата Божја? Тој ми рече дека тоа не е можно, зашто сè уште не сум се оддалечилал засекогаш од земјата, но за да ја разреши мојата желба, Архангелот ја тргна завесата и јас видов светлина уште посовршена, којашто излегуваше од златни полиелеи. Уште видов и безбројни хорови на ангели, коишто удираа во ѕвона извонредно складно и пееја во совршена хармонија. Таа ангелска хармонична мелодија и хармоничното ѕвонење на ѕвоната одекнуваа подоцна во моите уши цели три години. На крај, бидејќи ми беше наредено да ја оставам вечната и несикажлива радост и веселба, ја поздравив небесната Марија и тргнав со Архангелот во правецот на златниот град. На патот повторно го забележав големиот Крст. Кога му се приближивме, клекнав и со солзи ги целивав нозете на Распнатиот. Со неискажлива воздишка ја искажав болката на мојата душа, зашто ја оставам светлината и се враќам во сенката на смртта. Но Седржителот, Кој ги знае срцата на луѓето, виде дека е потребно да ја исцели таа болка на мојата душа, и ми рече: „Немој да тагуваш, туку верувај дека повторно ќе дојдеш во новиот Сион, зашто твоето име веќе е запишано во книгата на живите.“ И, за да немам некаков сомнеж во тоа, Тој го повика оној огромен човек и тој навистина ми го покажа моето име запишано во споменатата книга. Исполнета со радост, Му се поклонив на Господа и излегов со Архангелот. Откако излеговме низ златната порта и се упативме во насоката на мермерната порта, видов еден старец облечен во црна наметка, со гола глава и со светло лице. Запрашав за него и разбрав дека е тој св. Николај, и дека ќе оди долу на земјата. Зашто, многумина од светиите, а особено св. Јован Богослов, Св. Григориј и св. Николај имаат право по потреба да ја посетуваат земјата. Други светители, пак, со божествена сила оддалеку ги исполнуваат благоразумните молби на луѓето. Св. Николај ме виде оддалеку и ми се насмевна. Јас му пријдов и му ја целивав десницата, а тој ме благослови и замина. Посакав да ја видам неговата соба, но таа беше далеку а јас немав доволно време. Потоа видов уште два други старци, боси, на околу 60 години. И тие беа облечени во црни наметки, а на главите имаа качулки. Тоа се, ми рече Архангелот, Енох и Илија. Нивните соби ги видов оддалеку, ги целивав нивните десници, а тие ме благословија.    

Кога стасавме до портата од мермер, со намера да излеземе низ неа, видов ангел како носи еден монах и како го предава на оној огромен човек, а тој без испрашување го фати за косата, го кутна долу и го фрли кон земјата. Потоа рече со гнев: „Кога си неподнослив, оди телесно во пеколот.“ 
Потоа Архангелот, откако ме преобрази повторно во гулабица, ме стави во својата прегратка. Во миг се свртев и видов дека сме во нашата куќа на земјата. Телото мое го видов во истата онаа состојба, во која го оставив пред три дена. А моите го задржаа непогребано зашто, како што подоцна ми кажа мајка ми, една вратна жила даваше знаци на живот. Во тој миг Архангелот ме зеде од својата прегратка и ми рече: душо, влези во телото. А јас, во знак на благодарност, ја целивав одеждата на Архангелот, и преку устата влегов во моето тело; и веднаш потоа, будејќи се како од некој длабок сон, и воздивнувајќи длабоко, се поткренав и седнав во постелата. 

Кога го видоа тоа чудо, мојата мајка и останатите присутни почнаа да ме целиваат како некој втор Лазар, а некои од нив ми донесоа нешто освежително за пиење. Но јас, бидејќи бев гладна, побарав да јадам. Кога оздравев, го раскажав на многумина тоа што сум го доживеала и видела, а исто така ги исполнив и пораките од браќата Христодул.

 
***

Навистина на сите луѓе „им е определено еднаш да умрат, а потоа – суд“ (Евреите 9:27). Зашто, никој од нас не живее за себеси и никој не умира за себеси: туку, живееме ли – за Господа живееме, умираме ли – за Господа умираме; бидејќи Христос затоа и умре и воскресна и оживе, за да господари и над мртвите и над живите“ (Pимјаните 14:7-9).

Крај.
 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 


ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (V дел)

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (IV дел) 

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (III дел) 

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (II дел) 

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (I дел) 

 

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная