логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 02.jpg

 Задушница
03.jpg

9/22 февруари 2014 лето Господово

05.jpg06.jpg

Молитвеното спомнување на упокоените во Господа отци, браќа и сестри01.jpg наши постои во Црквата Христова уште од самиот почеток, како апостолско предание. Сведоштво за ова наоѓаме во светите древни Литургии кои се служеле и с? уште се служат во православната Црква. Сите тие содржат во себе молитви за упокоените. А тоа несомнено ни покажува дека уште од добата на Апостолите, кои на светата Црква богоподобно ? го предале чинот на божествената Литургија, немало време во кое христијаните не се молеле за своите упокоени ближни, и тоа при извршувањето на најважното од сите богослуженија – Литургијата. Св. Григориј Нисиски поучува: „Ништо неразумно, ништо бескорисно не ни предале Христовите проповедници и ученици, а да не е прифатено насекаде во Црквата Божја. Да се прави спомен за упокоените во правата вера за време на божествената и преславна Тајна е многу богоугодно и корисно дело“ (Наведено кај св. Јован Дамаскин во Словото за упокоените со вера). Во истиот дух ни говори и св. Јован Златоуст во својата трета толкувачка беседа за Посланието до Филипјаните: „Кога целиот народ и свештен собор стои со воздигнати раце кон небото пред страшната Жртва, како тогаш нема да го смилостивиме Бога, молејќи се за нив (т.е. за упокоените)? Но тоа важи само за оние кои се упокоиле со вера“. И на друго место (21. Беседа за Делата Апостолски) тој вели: „С? уште постои, навистина постои можност доколку сакаме да ја олеснеме казната на починатиот грешник. Ако често се молиме и делиме милостина за него, макар да бил тој недостоен сам по себе, Бог ќе н? услиши. Кога поради апостолот Павле спасувал други и поради едни поштедувал други, како не ќе го направи истото и за нас?“

10.jpg

 14.jpg

16.jpg

Така, светите отци нe поттикнуваат секогаш да се молиме и да правиме добри дела за покој на душите на починатите, но тие богомудро издвоиле неколку денови во годината – задушници, кога правиме посебен, заеднички молитвен спомен за сите упокоени во вистинската вера, од прататкото Адама, па с? до денес. Сега, кога богослужбено се подготвуваме и итаме во пресрет на благодатните денови на светиот Велигденски Пост, пред нас се отвора една таинствена врата која ги поврзува живите и упокоените; таа врата е Месопусната сабота. Големиот литургичар и некогашен професор на славната Битолска богословија, архимандрит Кипријан Керн, во своето прекрасно дело „Молитвени Кринови“ пишува: „На месопусната сабота... Црквата ги спомнува сите, од почетокот починати луѓе... Пред погледот на Црквата минуваат милијардите и милијарди заспани отци и браќа наши, сите оние на кои не им ги знаеме имињата, кои одамна немаа овде, меѓу нас, пријатели што би ги спомнале во своите молитви... Сите нив ги спомнува Црквата, никого не заборавајќи, и сите тие се јавуваат пред нејзиниот поглед, и во ова заедничко собирање, таа ги спомнува сите од почетокот заспани чеда, и богати и сиромашни, и брачни и монаси, и цареви и слуги – сите оние кои веќе н? напуштиле“ (Охрид 2002, 282-283).

„Спомни си, Господи, за сите починати со надеж за воскресение и живот вечен – за отците и браќата наши, сестрите, за оние кои паднале на браникот за верата и татковината, и за сите православни христијани што овде и насекаде лежат, и при светиите Твои, каде што сјае светлината на Твоето лице, всели ги; и нас помилувај н?, зашто си Добар и Човекољубец. Амин!“

 17.jpg

 18.jpg

 21.jpg

 23.jpg

 25.jpg

 26.jpg

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная