логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

evpraksija.cveke.jpg
Неколку мисли за вечниот живот


Ќе започнеме најпрвин со еден цитат од Посланијата на Апостол Павле, каде симболиката на пченичното зрно кое се сее во земјата за одново да никне и да даде плод, е земена како приказ за воскресението на мртвите: „Се сее за распаѓање, воскреснува во нераспаѓање...“ Значи има безброј примери во секојдневието на човекот кои сведочат за воскресението, односно за врската со оној, друг живот, што почнува отаде гробот. Ете и природата која зиме умира во оковите на ледот, а напролет воскреснува во сета своја убавина, сведочи за тоа. Па и самиот наш живот кој минува низ многу духовни умирања и повторни раѓања: умира детето за да се роди младичот, умира младичот за да се роди зрел човек... и на крај она последното, можеби најболно умирање... сето ова сведочи дека смртта е само премин.

Човекот едноставно не бил создаден за смрт. Всушност него го создала љубовта Божја и го повикала на бесмртност, која извирала од совршената заедница меѓу него и Бога. И сѐ додека човекот ја чувал таа заедница, бесмртноста била негова најприродна одлика. Но кога паднал во грев и ја раскинал заедницата со Бога, тој истовремено се лишил и од вечниот живот, оставајќи ја својата смртност и грешност како наследство на сите свои потомци. И човекот никогаш не ќе можел сам со свои сили да ја победи смртта, доколку Бог, побуден од за нас несфатлива љубов кон Своето создание не слегол на земјата, за повторно да ја премости големата бездна меѓу Него и човекот, да ја воспостави некогашната заедница и на човечкиот род одново да му го врати божественото достоинство и вечниот живот. Христос слезе на земјата, ја прими на себе целата човечка природа, ја соедини со Неговата Божественост, и така покажа, дека само со силата на божеството, на Бога, човекот може да ја победи смртта. Значи, единствено  христијанството на човештвото му понуди многу повеќе од некакви апстрактни поими или субјективни хипотези за вечноста, му понуди заедница со жива и реална Личност – воскреснатиот наш Бог и Спасител Христос. Само преку таа заедница човекот станува вистински бесмртен, зашто Христос е единствениот Животодавец и со Него вечниот живот станува реалност, уште овде, на земјата. Всушност, Христос е одговорот и на ненадминливиот проблем со очајот и бесмисленоста на овој живот и само во Него животот добива своја смисла, зашто е накалемен на вечноста. Без Него човечкиот живот е сведен само на едно биолошко постоење, чиј происход се гревот и смртта. Ние го примаме вечниот живот тогаш кога ќе ја усвоиме Христовата Личност како суштина на нашата личност, како што вели св. Апостол Павле: „Не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20). Усвојувајќи Го Христа за суштина на нашата личност, ние стануваме учесници во Божјата природа – стануваме дел од телото Христово, т.е. Црквата. А Црквата е носител на бесмртноста Христова.

Душата после смртта

Според учењето на светите отци на православната Црква, како и според искуството од многуте јавувања на упокоени луѓе, ние делумно знаеме што се случува со душата кога таа го напушта телото. Имено таа не само што продолжува да живее по смртта на телото, туку и понатаму ги задржува сите оние способности и сили што ги имала пред да се одвои од него. Таа има потполна личност и самосвест, чувствува, сознава, сфаќа и расудува. Свесна е за својата лична бесмртност, се сеќава на својот живот на земјата и на целата духовна содржина што ја стекнала за време на таа земска заедница со телото, сепак нејзиното знаење е посеопфатно. Кога престанува гледањето со телесните очи, тогаш започнува духовното гледање. Тоа кај оние на умирање често започнува уште пред упокојувањето и тие тогаш гледаат и други души околу нив и дури разговараат со нив, т.е гледаат нешта што другите не можат да ги видат. Зашто кога душата ќе излезе од телото, таа се наоѓа во присуство на многу други духови, светли и темни, и обично притежнува кон оние што ѝ се духовно поблиски. Во текот на првите два дена душата има извесна слобода, може да посетува места на земјата што ѝ се драги, а на третиот ден навлегува во други простори. Притоа таа преминува покрај мноштво поднебесни духови на злобата, кои ѝ ги предочуваат лошите дела што тие ја наговориле да ги направи додека била во тело на земјата. Следните 37 дена душата ги посетува рајските населби и бездните пеколни, не знаејќи сѐ уште каде ќе биде конечно сместена. На четириесеттиот ден после смртта на душата ѝ се одредува местото на пребивање до Второто Христово доаѓање на земјата и Неговиот сеопшт сеправеден Суд. Дотогаш сѐ уште се можни промени во положбите на душите, особено преку принесување на молитви за нив на светата Литургија, но и преку личните молитви и давање милостина за нивни покој.

Местото на душата после овој живот – рајот или адот

Во најголема мера тоа зависи од нас самите, бидејќи од Бога го имаме најголемиот и најскапоцен дар – слободната волја и ние самите избираме уште додека сме во тело, дали со добри дела и Светотаински живот во Црквата, ќе се трудиме што повеќе да се уподобиме на Бога и така да ја придобиеме вечната радост, или пак, препуштајќи се на своите страсти и на демонските предлози, ќе се оддалечиме од Бога, Кој е извор на радоста и така ќе ја придобиеме вечната смрт. Би биле неправедни кон Бога како Творец на сѐ видливо и невидливо, доколку Нему Му го припишеме постоењето на пеколот. Бог е седобар, Он не создаде ништо лошо и погубно за човекот. Всушност, самиот човек, по своја слободна волја, избирајќи непослушание кон Бога, ги придоби како свој удел гревот, пеколот и смртта.

Сфаќање за рајот и пеколот

Според православното учење Рајот и пеколот се состојби на душата. Рајот е блаженство на душата поради заедничарењето со Бога, а се придобива со исполнување на Христовата заповед за љубов кон Бога и кон ближниот. Тука се содржани сите други заповеди. Кога се придржуваме на оваа заповед, тогаш плодовите на Светиот Дух, кои се љубов, радост, мир, долготрпение, благост, добрина, вера, кротост, воздржание (Гал. 5, 22), продираат во нашите души, како предвкус на Рајот. Во Давидовите псалми се вели: „Вкусете и видете колку е благ Господ“ (Пс. 34, 8). Тоа значи: Живејте согласно Божјата волја и ќе видите колку е благ Господ. Душата која има предвкус на рајот чувствува неискажлив мир и спокојство, радост и среќа од присуството на Светиот Дух и дотогаш несетена рајска сладост што срцето понекогаш не може дури ни да ја поднесе. Но таа сладост колку и да е голема е само предвкус, немаме зборови да ја искажеме радоста што на небесата е подготвена за оние што се потрудиле да Го прослават Бога овде, на земјата.
И како што Рајот е сладост на душата поради близината Божја, така пеколот е состојба на крајна болка, очај, несреќа, жалост, осаменост, страв, бесмисленост, како последица на животот без Бога, отуѓеност од Божјата љубов - егоизам. Кратко речено, егоизмот е последно обесмислување на животот и умртвување на сѐ бесмртно и Божјо во себе. Тој, исто како и Рајот, започнува уште пред смртта, во сегашниот живот. Таквата состојба е измачување на душата, како последица на гревот. Но, повторно ќе кажам, и оваа болка на душата е само предвкус.

Заедничарење помеѓу душите во оностраниот свет

Душата после овој живот преминува во другиот, бесмртниот живот, каде се среќава со своите сакани родители, роднини и пријатели кои претходно се упокоиле. Рајот значи љубов. А таму каде што е љубовта постои заедница и општење, а оттука и познавање. Св. Симеон Нов Богослов вели: „Ако, значи, светиите стануваат боголики и Го познаваат Бога онолку колку што и Бог ги познава нив, и ако Синот Го познава Отецот, како што Отецот Го познава Синот, тогаш и светиите ќе се видат и ќе се познаат едни со други. Или како што ангелот му кажал на св. Макариј, во тој свет исто како и овде, душите се познаваат едни со други, се радуваат и разговараат.

Стравот од смртта

Уште од падот на Адам смртта станала нерешлив проблем на човекот, реалност пред која тој постојано се плашел и треперел. Но љубовта на нашиот Создател, Кој доброволно пострада за нас, го победи и тој наш најголем страв. Сега, после Овоплотувањето и Воскресението на нашиот Господ Исус Христос, смртта веќе не е спокојна, таа веќе не е апсолутна. Зборувајќи за победата над смртта В. Лоски вели вака: „Воскресението ја промени човечката падната природа, ни ја откри прекрасната можност - можноста да се освети и самата смрт. Од тогаш смртта не е слепа уличка, туку врата кон Царството. Сега кога ни е вратена благодатта, иако неа ја носиме во себе како во „глинен сад“, како во сместувалиште на се уште смртни созданија, сепак, во нашата кревкост се крие сила што ја победува смртта“.

Чуда поврзани со животот после смртта

Зборувајќи за животот после смртта скептиците обично одмавнуваат со рака и велат: „А, кој се вратил од таму за да ни каже како е?“ Но, тие го забораваат она најважно сведоштво што ние го славиме како најголем и најрадосен празник во Православието, кој е темел на нашата надеж - Христовото Воскресение. Христос прими доброволна смрт, три дена беше во гробот и најпосле воскресна во слава, оставајќи ни така неприкосновено сведоштво за победата над смртта и за идното воскресение на човекот. Он им се објави на Своите ученици апостоли и по воскресението извесно време беше со нив. Најпосле пред нивните очи се вознесе во слава. Меѓутоа доколку ова сведоштво на апостолите не е доволно, ние имаме сведоштво од многу луѓе кои во моменти на искушенија се помолиле на Пресвета Богородица, св. Николај, св. Димитриј, св. Георгиј и многу други светии и нивните молитви биле услишени. Сите овие светии биле луѓе кои живееле на земјата, и кои со својот богоугоден живот го придобиле Царството на вечната радост, стекнувајќи смелост пред Бога да бидат наши молитвени застапници. Зарем тоа што тие се присутни во нашите животи, бдеат над нас, ги слушаат нашите молитви и ни помагаат, не е доволно сведоштво за тоа дека тие, иако телесно се упокоиле, се вечно живи? Ете многу пати се случило во манастирот да ги почувствуваме присуството и силната поткрепа на Пречистата Богомајка, на нашиот манастирски патрон и на други светии, а има и многу случаи со духовните чеда на нашиот старец, каде тие молитвено се обратиле до светиите и светите им помогнале. Тоа е секојдневна појава.

 

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная